...споредбено со структурата на забите кај човекот, прво ги има тие ,,остри,,заби за откинување на месо, па потоа на крај ги има рамните заби, дигестивниот систем кај човекот е премал за да биде прво тревојадец како кај преживарите, човекот е свештојадец !
Shimpanzata imaat pogolemi i poostri pesjaci od tie na lugjeto. Shto im e osnoven izvor na hrana na shimpanzata shto zhiveat vo divina? Zebri ili ovoshje?
Како ти функционира ова? Не ти е малку лицемерно? Велиш дека не сакаш да гледаш како малтретираат животни. Имаш било каква претстава што се случува на фармите? Дали знаеш дека пилињата ги чуваат така настегани во живинарските фарми што мораат да им ги сечат клуновите да не се убиваат меѓу себе во паника и очај? Не ти се згадува пилешкиот стек кога ќе помислиш на тоа?
Знам што се дешава и не ми се згадува пошто не го правам јас тоа. Јас не им ги сечам клуновите. Да ми речеш еве ти кокошка убиј ја и изеди ја или седи гладен. Ја ќе седам гладен.
Вие како се носите со товарот после години и години јадење месо? Пошто никој на светов не е роден веган. Поготово не ние од тука. Како ја смиривте психата?
Не ти е баш на место споредбата, бидејќи никој не го носи земјодолецот на сила на нивата и после го убива таму. Има други начини како да се решат проблемите на земјоделецот, има држава, министерства и слично. Тој работи земјоделие за да извади пари - значи на него му одговара да му ги јадеш продуктите. Проблемот треба да се бара кај тие што диктираат цени, не кај тие што јадат домати и краставици.
Го носи.
Модерни робови што горат по ниви постојат и ден денес, не само црнците што береле памук пред 500 години.
Види што се дешава кај сезонските работници што идат да работат по овоштарници и слично.
Ако му одговара на газдата земјоделец да му се трошат производите, така и на кравата и одговара да и се измолзе млекото за да не стои у неа.
Ама добро, ете ќе седиме пред фрижидери.
И не мора одма да ми спомнувате дека дупки им отваралр или како ги чуваат у фарми. Збориме за дома, чуваш крава, повели објасни ми што е лошо да и го пиеш млекото. Или кокошката и јајцето што сама го исфрла од себе .
За ова не сум баш сигурен. Полесно е да си набереш јаболки, отколку дива свиња да уловиш. А сигурен сум дека човекот (збориме за човек, не за диво животно) на почеток не бил способен да направи ни просто оружје од камен, а нит знаел оган како да запали.
Shimpanzata imaat pogolemi i poostri pesjaci od tie na lugjeto. Shto im e osnoven izvor na hrana na shimpanzata shto zhiveat vo divina? Zebri ili ovoshje?
Знам што се дешава и не ми се згадува пошто не го правам јас тоа. Јас не им ги сечам клуновите. Да ми речеш еве ти кокошка убиј ја и изеди ја или седи гладен. Ја ќе седам гладен.
Многу луѓе си го имаат завземено тој став и се чувствуваат комотно со тоа. Демек, многу сакам животни и не ги повредувам, ама кога веќе некој друг ги мачи и убива мое е да ги изедам. Тоа во основа те прави полош од ликови како @Ron Burgundy , него барем толку му се можностите и еволуцијата на свеста кај него се закочила многу рано. Кога ти би престанал да ги јадеш животните што некој друг ги убива, ќе има една причина тие да бидат мачени и убивани. Секој си го носи товарот на сопствената одговорност, криење зад постапките на другите е бедно.
Го носи.
Модерни робови што горат по ниви постојат и ден денес, не само црнците што береле памук пред 500 години.
Види што се дешава кај сезонските работници што идат да работат по овоштарници и слично.
Ако му одговара на газдата земјоделец да му се трошат производите, така и на кравата и одговара да и се измолзе млекото за да не стои у неа.
Ама добро, ете ќе седиме пред фрижидери.
И не мора одма да ми спомнувате дека дупки им отваралр или како ги чуваат у фарми. Збориме за дома, чуваш крава, повели објасни ми што е лошо да и го пиеш млекото. Или кокошката и јајцето што сама го исфрла од себе .
Пак е исто, постојат модерни робови бидејќи има некој на некоја функција што го дозволува тоа. Кај тие луѓе треба да се бара одговорноста. Човекот секогаш има опција. Има мозок да размислува, учи и се образува, и има уста да каже и да се бунтува. За жал, сеуште постојат делови кои се ултра сиромашни, па има луѓе и кои умираат од глад. За тие искрено ми е жал, ама немам доволно пари за да им помогнам.
Ама има и такви кои сами си го трасираат патот. Имаат можност да се школуваат ама појако им е да се фраери, а во 2022 година се што треба е да знаеш малце да гукнеш англиски, ќе ти се отворат многу патишта. Крај краева ако не им се учи имаат можност и да одат некаде во Европа па да работат нешто за пристојна плата (и без да знаат јазик) ама они не работеле во Мекдоналдс. И сега, не им се учи, не им се работи и кога ќе дојдат на возраст да мора да заработуваат за себе и семејството, опциите им се минимални и ќе се најде некое говедо да ги ескплоатира. Епа кој им е крив?
Мада, мора да кажам дека многу интересен феномен ми е што ова мора редовно да биде против аргумент (или зошто носиш облека, некое дете во Кина рмба за цел ден за тоа) кога на некого ќе му кажеш "не јадам место оти ми е жал за животните". А прашањата доаѓаат од луѓе кои ги прават истите работи - јадат земјоделски производи и носат облека. Мене бар ми е жал за животните, тебе не ти е ниту за едните ниту за другите.
За млекото и јајцата неможам да ти одговорам, бидејќи јадам и млеко и јајца.
За ова не сум баш сигурен. Полесно е да си набереш јаболки, отколку дива свиња да уловиш. А сигурен сум дека човекот (збориме за човек, не за диво животно) на почеток не бил способен да направи ни просто оружје од камен, а нит знаел оган како да запали.
По некоја логика човекот почнал на старт да собира од по земјата што ќе најде, после сконтал дека со овошје не се живее, и почнал да крка месо.
И ако се оди од аспект на најблиските примати до нас (шимпанзата пример), тие се хранат примарно со тоа што ќе најдат од поглед на овошја, али машките конкретно (често и женките) ловат во секоја можна прилика (најчесто помали мајмуни).
Инаку откако човекот го открил огнот немало никаква поента да се враќа на калориски инфериорна храна.
Па не е само таму ова, генерално е насекаде, еве од прва рака ти кажувам дека и тука е иста приказна. Социјалните мрежи ги заебаа луѓето, просечни и потпросечни ликови (женски и машки) имаат нафурано его оти лапаат по 1000-2000 лајкови.
Мој совет да не очекуваш многу од луѓето, оти генерално ќе се разочаруваш, терај си го магарето и прави тоа што тебе ти одговара, ич да не ти чуе.
Автоматски споено мислење:
Да не цитирам во ДК, ако не морам да убијам за да преживеам, не значи дека не би убил за да јадам нешто што ми се јаде, кулирај малку, моја работа си е што ќе сторам за да стигнам до храната. Ти ако сакаш оди и храни се со корења, само не замарај наоколу.
Абе ми е гајле за другите што зборат, особено за некои што ги гледам еднаш во година две... Критиката беше кон колективниот мајндсет што владее во државава за многу теми меѓу кои твоите преференци за исхрана или твоите ставови за бракот како институција, небитно.
Мислам дека овде тој мајндсет е далеку поприсутен и поприфатен споредено со било која западна земја. Секако, не постои рај на земјата, далеку од тоа.
Ама овде на балканот, особено Македонија владее сеопшта токсичност, егоизам, љубомора и оговарање, стереотипи и етикети поради НЕЕДУЦИРАНОСТ. Дно сме во тој поглед.
Е сега не заебавај и ти, да станеш веган не е опција за промена на животот кон подобро, туку баш напротив. Ако споредуваш со пушење цигари, можеш да кажеш дека станување веган е како да почнеш да пушиш цигари.
Види брат, ја немам проблем да дебатирам аргументирано дали е ок или не е ок да се биде веган/вегетаријанец.
Не би имал проблем да ги говорам поволностите или неповолностите околу таа тема.
Мојата критика беше кон оние неедуцирани коментари и стереотипизирање, провокации, инатења кои се далеку поприсутни во реалниот живот отколку објективна дебата преку факти и аргументи од типот - читав студија на интернет дека веганите/вегетаријаните имаат помало количество железо во крвта и тн и тн. Треба да се прави разлика меѓу добронамерна дебата и неоснован македонски хејт и стереотипизирање.
Сепак ова е форум и основата на постоењето на кајгана е аргументирање.
Исто како што ти сметаш дека тоа не е поволно за твоето здравје, ја можам да ти кажам дека е поволно и полезно во многу сфери.
Седни во кафеана или у кафич и сподели некому дека си вегетаријанец и пренеси ми ги реакциите на сите што седат со тебе на маса. И не, не зборам за најобичен бантер меѓу другари.
Проблемот е што на луѓето им е непоимливо дека постојат различности кои се диференцирани од она што го мисли матрицата.
Наместо да се прифаќаат, тие инстинктивно и по инерција се стереотипизираат и осудуваат. И, затоа сме таму каде што сме.
Имаш во близина некој муслиман или индиец, ти под дифолт прифаќаш и не им судиш зошто они не јадат кравјо/телешко или свинско. Тебе ти се јасни причините и тоа го имаш прифатено како дифолт. Ама ако чуеш некој Македонец дека е веган/вегетаријанец идеш all in во стереотипизирање и етикетирање.
Значи јас не коментирам дали е ок да си веган или било што, јас коментирам дека луѓето мора да го почитуваат твоето право на избор како светиња, се додека објективно не им штетиш на нив. Исто така, ја критикувам нашата инертност на промени и прифаќање на различни размислувања и животна филозофија.
Да појаснам, јас не очекувам ништо од околината и средината во која се наоѓам. Туку, дека сите колективно и индивидуално мора да поработиме и да ги искорениме тие ставови и позиции на народецот македонски. Премногу токсична средина сме и мора да се подобриме малку по малку ако сакаме некаков прогрес и подобар живот.
Многу луѓе си го имаат завземено тој став и се чувствуваат комотно со тоа. Демек, многу сакам животни и не ги повредувам, ама кога веќе некој друг ги мачи и убива мое е да ги изедам. Тоа во основа те прави полош од ликови како @Ron Burgundy , него барем толку му се можностите и еволуцијата на свеста кај него се закочила многу рано. Кога ти би престанал да ги јадеш животните што некој друг ги убива, ќе има една причина тие да бидат мачени и убивани. Секој си го носи товарот на сопствената одговорност, криење зад постапките на другите е бедно.
И мислиш дека ќе се реши тој проблем ако луѓето масовно престанат да јадат месо?
Како би функционирале домашните животни кои не знаат да се бранат?
Ќе станат плен за другите така? Синџир на исхрана нели? Тоа е синџир а ова нашево не е.
Еве јас ако сум лицемерен, не ми одговори како ти се носиш со грижата на совест што Х број години си ги јадел?
Друго прашање, како поинаку вие помагате животните да не бидат јадени освен со тоа што не ги јадете?
Сигурно не сте животинскиот Оскар Шиндлер.
Тоа не е лицемерно?
Не те јадам ама не те ни спасувам, не те чувам,не можам да се грижам за тебе, да не речам смрдиш и треба да те хранам.
Кастрација на домашни миленици е уште една тема на која може да се постави прашање на тие што премногу сакаат животни.
Вегетаријанци и вегани кои поради здравствени причини се откажале од месо ги почитувам. Овие другиве глупости со емпатија и слично се мех.

Па еве им се смееш на тие што протестираат. Како замислуваш ти да им помогнеме на пример? Еве јас во моментов немам свој имот, каде ќе ги носам? Да имам имот и пари радо би направил некој мини ранч и би пуштил по некое теле, јагне и прасе да се трчкаат ама па ќе ми речеш "Џабе ти е, како ќе помогне тоа на другите илјадници животни низ светот". Плус, волкот пак ќе го јаде јагнето, лавот пак ќе ја јаде зебрата.
Математиката е едноставна - ако помалце луѓе јадат месо, ќе се продадат помалце бургери. Помалце бургери значи помала побарувачка на месо, а помала побарувачка на месо значи помалце животни заклани. Голем дел од овие животни и вештачки (или на сила) се оплодуваат, само за да има повеќе месо.
Има и кај нас луѓе (вегани и вегетаријанци, а и такви што јадат месо) што помагаат на кучиња и други улични животни, ама и тие се етикетирани како кучкарки и слично. Еве јас бар тука може да се пофалам, пред 2-3 месеца најдов оставено рахитично кученце на патот и го однесов дома во Валандово да дреме во дворот. За кастрација се сложувам, кучето (лабрадорот) ми е кастрирано, а оваа што ја земав скоро е премлада за тоа, ама не знам и дали ќе биде изводливо заради состојбата. Ќе се консултирам со ветеринар во секој случај, фали уште да ја прегне некое маалско куче и да се испокршат нозете.
Мене не ми е јасно како вие веганите, толку морално издигнати чувате кучиња и мачки? Со брокула да не ги храните и нив или нема врска што некое животно умрело за да биде нахранет вашиот пес?
Мене не ми е јасно како вие веганите, толку морално издигнати чувате кучиња и мачки? Со брокула да не ги храните и нив или нема врска што некое животно умрело за да биде нахранет вашиот пес?
Веганите секогаш ќе бидат мета на исмејување. Не затоа што се различни, туку затоа што така се поставија од старт. Сметате дека сте подобри од нас? Во ред, најискрено немам никаков проблем со тоа. Вие сте добри луѓе јас сум лош бидејќи не ги жалам животните, ама се додека ми блокираш влез у ресторан што служи месо, или у маркет полици со млеко, ќе бидеш мета на исмејување. Едно е да го искажеш ти ставот по ова прашање со протест, едно е мене да ме малтретираш.
Пак ќе кажам, некој што решил да е веган/вегетаријанец, нема да те судам ниту па ме интересира зошто си го направил тој чекор, ако можеш така супер за тебе. Еве ти конкретно, кога даде отказ, ги осуди ли Рори и жена му?

Ова ти е добро прашање (го имам поставувано и јас претходно на вегетаријанци xD), ама мислам дека е too much да форсираш големо куче да јаде тоа што јадеш и ти. Секако го имам од пред да станам вегетаријанец, и си ја јаде истата храна од претходно.
Веганите секогаш ќе бидат мета на исмејување. Не затоа што се различни, туку затоа што така се поставија од старт. Сметате дека сте подобри од нас? Во ред, најискрено немам никаков проблем со тоа. Вие сте добри луѓе јас сум лош бидејќи не ги жалам животните, ама се додека ми блокираш влез у ресторан што служи месо, или у маркет полици со млеко, ќе бидеш мета на исмејување. Едно е да го искажеш ти ставот по ова прашање со протест, едно е мене да ме малтретираш.
Пак ќе кажам, некој што решил да е веган/вегетаријанец, нема да те судам ниту па ме интересира зошто си го направил тој чекор, ако можеш така супер за тебе. Еве ти конкретно, кога даде отказ, ги осуди ли Рори и жена му?
Уфф, јас уствари целосно престанав да јадам месо некои 7-8 месеци откако престанав да работам таму. Постепено намалував, можеби и заради тоа ми беше многу лесно да се одвикнам и немав никакви проблеми. Ама додека бев таму многу лесно можев да одолеам на скара, иако бев опкружен со се и сешто. Пример, имавме оброк од кафаната и сите најчесто јадеа сендвич со плескавица. Јас шопска и лепче бар 5 дена во неделата.
Секако life goes on, луѓето се истите, со што и да се занимаваат. Не сум ги осудил или не ги поштувам помалце ради тоа, ниту пак сум престанал да одам таму ради типот на бизнисот. Ама јас не би држел таков тип на кафана, колку сака пари нека ми носи.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.