Веганизам/Вегетаријанизам

  • Креатор на темата Креатор на темата Darling
  • Време на започнување Време на започнување
Зашто мислиш дека мене тоа ме погодува?
Ми е гајле и мене што мислат некои нееманципирани орки.

Муабетот беше за објективно токсичниот мајндсет кој владее во МКД во секоја можна сфера. Веган/веге беше само земено за пример. Беа наведени повеќе такви примери.
Се чудиме зошто не можеме да пркнеме во било што, кога каде и да се свртиш сите се пуни себе, само јас јас јас и дискредитираат и поставуваат сопки на БЛИСКИ луѓе. За рандом фаци што трет пат ги гледам у живот, не ми се ни зборува.

Не само да ги игнорирам, него повеќе не седам на иста маса со такви фаци. Едноставно нема зошто да си го трошам времето со такви особи.

Пишав убаво. Седиш со човек 3 саати у кафана. Не те прашува едно најкуртоазно "како си". А за себе кревање на пиедестал шиба монолози цело време.
Хк, пу.
Па не е само таму ова, генерално е насекаде, еве од прва рака ти кажувам дека и тука е иста приказна. Социјалните мрежи ги заебаа луѓето, просечни и потпросечни ликови (женски и машки) имаат нафурано его оти лапаат по 1000-2000 лајкови.

Мој совет да не очекуваш многу од луѓето, оти генерално ќе се разочаруваш, терај си го магарето и прави тоа што тебе ти одговара, ич да не ти чуе.
Автоматски споено мислење:

Емпатија спрема немоќни суштества кои НЕ МОРАШ да ги убиеш за да преживееш се учи многу пред 4то одделение. За тие што не знаат што е тоа, џабе ќе повторуваат било што. Концептот на синџирот на исхрана важи за оние кои не излегле од природата и влегле во општеството, односно оние кои немаат избор, па мораат да убијат за да преживеат.
Да не цитирам во ДК, ако не морам да убијам за да преживеам, не значи дека не би убил за да јадам нешто што ми се јаде, кулирај малку, моја работа си е што ќе сторам за да стигнам до храната. Ти ако сакаш оди и храни се со корења, само не замарај наоколу.
 
Последно уредено:
@ManUtdChampions Токму така, мојов пост на ДР.К не беше воопшто за веганизам или вегетаријанизам. Тоа беше земено за пример само за блатантата некултура и непочитување на приватност која владее овде. Веганизмот и вегетаријанизмот беше земен само за пример колку да ја доловам поентата.

Тоа што некој си сфати како што си сфати, не е мој проблем.
@Комита Ултрас особено. Не знам од каде го доби snowflake впечатокот. Али пак, јас сум одговорен за моето мислење, не за тоа како ти ќе го сфатиш и дали воопшто ќе го прочиташ in the first place.

Поентата е што - ако сум избрал некоја опција за промена на мојот живот кон подобро (особено ако е нешто радикално), дали е откажување цигари или станување веган, секој проклет човек во вукојебинава се чини дека инстинктивно ти креира сопки наместо стимул и поддршка. Во најмала рака, како плод на твојата лична слобода на избор и размислување.

Нема везе и ја бев накурчен вчера кога го пишував тоа xD
Е сега не заебавај и ти, да станеш веган не е опција за промена на животот кон подобро, туку баш напротив. Ако споредуваш со пушење цигари, можеш да кажеш дека станување веган е како да почнеш да пушиш цигари. :D
 
Историски гледано вегетаријанците се појавени многу покасно од карнивоарите, веганите па се најпоследни.

Така да тие на В се замарантите пошто пробуваат да сменат нешто што трае милион години.

И многу е глуп тој муабет за колење на животните и дека ви е жал за истите. Пошто нели ние што јадеме месо директно и лично ја колеме свињата па ја јадеме.

Јас лично многу сакам животни и одбивам да гледам како ги колат и тепаат, пошто ми е жал, ама тоа никад нема да ме оттргне од менито.

А ова го ставаат како причина број еден зошто се откажале од јадење месо, а после и од секакви производи од животинско потекло.
99.9% од таквите теорија нема да влезат у штала или кочина. Ама ајде, битно сакаат кучиња и мачки.

Ако нас треба да ни е жал за експлоатирање на животните, вас не ли треба да ви е жал за земјоделците што гинат на нивите?

Глеј сеа цинични одговори и хаха реакции од умствено супериорните и морално освестените ликови.
 
Јас лично многу сакам животни и одбивам да гледам како ги колат и тепаат, пошто ми е жал, ама тоа никад нема да ме оттргне од менито.

Како ти функционира ова? Не ти е малку лицемерно? Велиш дека не сакаш да гледаш како малтретираат животни. Имаш било каква претстава што се случува на фармите? Дали знаеш дека пилињата ги чуваат така настегани во живинарските фарми што мораат да им ги сечат клуновите да не се убиваат меѓу себе во паника и очај? Не ти се згадува пилешкиот стек кога ќе помислиш на тоа?
 
Ако нас треба да ни е жал за експлоатирање на животните, вас не ли треба да ви е жал за земјоделците што гинат на нивите?
Не ти е баш на место споредбата, бидејќи никој не го носи земјодолецот на сила на нивата и после го убива таму. Има други начини како да се решат проблемите на земјоделецот, има држава, министерства и слично. Тој работи земјоделие за да извади пари - значи на него му одговара да му ги јадеш продуктите. Проблемот треба да се бара кај тие што диктираат цени, не кај тие што јадат домати и краставици.
 
Ако нас треба да ни е жал за експлоатирање на животните, вас не ли треба да ви е жал за земјоделците што гинат на нивите?
Dali vas vi e zal za psiholoskite posledici na rabotnicite vo klanicite?
 
Dali vas vi e zal za psiholoskite posledici na rabotnicite vo klanicite?
А психолошките последици на фармерите и одгледувачите на прасиња пример, крави, стока?

Ракетно гориво излегува од нивниот анус :D
 
Историски гледано вегетаријанците се појавени многу покасно од карнивоарите, веганите па се најпоследни.
За ова не сум баш сигурен. Полесно е да си набереш јаболки, отколку дива свиња да уловиш. А сигурен сум дека човекот (збориме за човек, не за диво животно) на почеток не бил способен да направи ни просто оружје од камен, а нит знаел оган како да запали.
 
За ова не сум баш сигурен. Полесно е да си набереш јаболки, отколку дива свиња да уловиш. А сигурен сум дека човекот (збориме за човек, не за диво животно) на почеток не бил способен да направи ни просто оружје од камен, а нит знаел оган како да запали.
...споредбено со структурата на забите кај човекот, прво ги има тие ,,остри,,заби за откинување на месо, па потоа на крај ги има рамните заби, дигестивниот систем кај човекот е премал за да биде прво тревојадец како кај преживарите, човекот е свештојадец !
 

дарлинг, нема тоа што збориш. Месарите немаат чувства за животните, тоа им е работа и го прават автоматски. Ја кога ќе купам риба, стек, кременадли, што и да е, не размислувам за прасето, пилето или пастрмката.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom