Види, одма може да ти признаам дека сум слаб со термини и дека филозофија никогаш не ме интересирала. Ако мислиш дека тоа те прави интелектуално супериорна во однос на мене - океј е, биди, веројатно и објективно си. Ама тоа е ирелевантно за дискусијава.
Јас ти поставив многу едноставно прашање, а ти ми одговараш со две прашања на кои веќе имаш одговор во постот кој си го цитирала и трето (
Ти кажав ли нешто лошо за твојот избор да не јадеш месо?), кое искрено не знам од каде доаѓа. Каде спомнав јас такво нешто воопшто? Како сака нека се нарекува тоа, прво е без поента во оваа ситуација (посебно со прашањата кои ми ги поставува) и второ е малце некултурно, бидејќи јас само те прашав и во ниту еден случај не те нападнав.
За рефератите пак ти пишав во постот погоре. Не се од нигде никаде, туку имаше 2 или 3 поста каде се исмејуваат вегани/вегетаријанци, па беа реакција на тоа. Еве мора да го искористам
постов на
@Комита Ултрас - на пример, ви сметаат ваквите будали, а смешно ви е дека исто така 5-6 будали во Грузија или каде и да беше, влегле во вегетаријански ресторан со обесени колбаси на вратот. Која е разликата? Глупи чинови се и едниот и другиот, овој првиот е порадикален во секој случај, ама сигурен сум дека во ресторанот во кој влегле ликовиве од Грузија барем 95% од гостите си биле обични луѓе, вегетаријанци што не ги интересира што јаде Петко или Трајко. Дел од нив можеби и јадат месо, или мислите дека забранет им е пристапот на истите?

. И сега која е поентата на ваквиот испад и дали има некаква цел?
Плус, на крајот на мојот пост и самиот викам:
Значи ова теткиве што го прават со млеково го осудувам и јас, иако сум вегетаријанец. Ама ако те нервираат они (и општо хард кор веганите), зошто мора јас на секое седнување во кафана да слушам еден тон глупи прашања или "заебанции" за мојот избор да не јадам месо?
И постот не беше само за вегетаријанци, малку подлабока беше поентата. Ако прочиташ убаво и
@jamey jasta пишува за други лични прашања кои луѓето се дрзнуваат да ти ги постават (btw и јас сум 10+ години во врска со девојка ми, па и кај нас доаѓаат истите прашања

), како што се дрзнуваат да ти се мешат во изборот на храна, сексуалната ориентација, стилот на музика што ја слушаш, или што и да е...