Дали народот во Македонија живее достоинствен живот?

  • Креатор на темата joli1
  • Време на започнување

Дали граѓаните на Република Македонија живеат достоинствен живот?

  • Вкупно гласачи
    124
J

joli1

Гостин
Само во мое друштво имам неколку кои заминаа, не дека Египет е некоја вау недостапна дестинација,па и Турција, за 500 евра имаш фул аранжмани со чартер лет и полн пансион.
Пак ќе речам тоа не е достоинствен живот оти знаеме дека повеќето на кредити заминуваат на одмор и после тоа фрижидерот им е решетки цел месец ама муабетот дека никој ид работната класа не заминале Турција е апсолутно неточен.
ама не се разбирамо изгледа.

да, 500 евра и не е сума ако живиш со твоите, не плаќаш сметки, млад си, идеш сам или со друштво (секој си го плаќа своето, итн)

ме интересира, како ќе платиш ти 500 евра по човек, да речеме си четиричлено семејство, што значи 500 х 4 = 2000 евра, за неколкудневен одмор у Турција, а притоа треба да плаќаш сметки, храна, облека, кирија/рата за стан цела година?

џабе го праиме моабетов, шака луѓе се тие што ги познаваш што можат да си приуштат да идат на такви одмори, па еве, јас мнозинството луѓе што ги знам, а биле во Турција, најчесто отишле на меден месец таму, а во Египет не познавам ниту еден што заминал, а да не е или од типците што денар дома не оставаат и штедат или пак се висока класа.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.722
Поени од реакции
19.028

Па на рати бе човек, мизеруваат за да одат на одмор и стори да стават. Кредити се креваат за по кафани и одмори, не викам дека мнозинството го прават тоа ама членот погоре рече дека никој од работната класа не оди на одмор во Турција.
Автобуси полни секоја недела одат за Истанбул, претежно се полни со баш таква работничка класа, пензионери.
Термин не можиш да начекаш.
Автоматски споено мислење:

Абе просечен Битолчанец работи за 500 евра, троши 1200, да го отепаш не знае од кај му се тие 700 :D
Ова е апсолутно точно :)
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Господине @StefusRefus кој тоа спомна Социјализам и еднаквост. Ни во Социјализмот немало баш еднаквост, бидејќи црвената буржоазија била бајаги поеднаква од работничката класа.
Еднаквост, еве јас како прво не сакам да бидам еднаков и ист како другите, сакам да бидам различен и баш напротив токму денеска во овој денешен систем и време/ера на живеење се движиме кон таа некоја Социјалистичка еднаквост, но еднаквост во мизеријата нажалост, а не во раскошот, луксузот и богатството, што секако не е добро. Ако веќе постои некаква еднаквост барем таа да биде во позитивен аспект, а не во негативен. Како беше онаа теоријата, како се замислува светот во иднина, сите луѓе на планетата се еднакви, или барем мнозинството од нив, никој ништо нема, не поседува ништо, ни имот, ни пари, ни ништо, ама па сите се среќни, јадејќи скакулци, грицкајќи лисја, корења и трева... сите се зомбифицирани идиоти, морони, дебили, ама се среќни, не постојат разлики во ниту еден аспект... колку и да звучи ова зачудувачки и невозможно да се оствари факт е дека се движиме по овој пат, а луѓето не се свесни за тоа бидејќи грото од луѓето нели ништо не ги занима, политика не ги занима, има кој да мисли, има платени луѓе за тоа, ние ќе си блееме ко овци, додека еден ден не не исколат !
Автоматски споено мислење:

А малце ли има кои се на минималец и ене ги Халкидики се оптегнати по плажи ?
Се прајте како од марс да сте паднати некогаш.
Кафаните се преполни од зимата па навака, секој ден ечат музики турбофолк, на оваа скапотија, се чудат со нас од страна.
Ова ти го зборам за Битола, по селата не знам како е.
Јас живеам во периферија на Скопје, ретко кој овде у мое маало/реон оди на одмор, океј некои одеа порано, но денеска и тие некои си го стегнаа кајшот. Грото не одат по одмори, ниту сега, ниту во минатото, а верувај има и многу луѓе кои ај што во животот не цапнале у море, туку ни во езеро никад не цапнале(Охрид, Преспа, Дојран). Човек со потпросечна па и со просечна плата нема шанси денеска да оди на одмори, па дури ни да прави незнам веселби, свадби и.т.н. ниту пак да оди по кафани, кафичи, ресторанти... Тие што одат, што го прават тоа сигурно имаат или плати над просекот или пак имаат дополнителна финансиска помош или од своите родители, дедовци и баби или па од роднини од странство или па едноставно кажано работат на црно/сиво/нелегално Х работи !
Автоматски споено мислење:

ама не се разбирамо изгледа.

да, 500 евра и не е сума ако живиш со твоите, не плаќаш сметки, млад си, идеш сам или со друштво (секој си го плаќа своето, итн)

ме интересира, како ќе платиш ти 500 евра по човек, да речеме си четиричлено семејство, што значи 500 х 4 = 2000 евра, за неколкудневен одмор у Турција, а притоа треба да плаќаш сметки, храна, облека, кирија/рата за стан цела година?

џабе го праиме моабетов, шака луѓе се тие што ги познаваш што можат да си приуштат да идат на такви одмори, па еве, јас мнозинството луѓе што ги знам, а биле во Турција, најчесто отишле на меден месец таму, а во Египет не познавам ниту еден што заминал, а да не е или од типците што денар дома не оставаат и штедат или пак се висока класа.
И еден човек сам да живее, без жена/дете/деца, со тие 500 евра што ги спомнуваш (просек плата) неможе да си приушти никаков луксуз у смисол на одмори, кафани, кафичи, ресторанти... Ај направи математика 31 ден во месецот, секој ден да речеме цигари, пивце, сокче, јогурт, лебче, плус останати прехранбени продукти, бензин, па и сметките (струја/вода/смет/интернет) и што ќе остане од тие неверојатно вредни 500 евра денеска, дури и малку ќе бидат за целиот месец поминување !
 
Последно уредено:
J

joli1

Гостин
Па на рати бе човек, мизеруваат за да одат на одмор и стори да стават. Кредити се креваат за по кафани и одмори, не викам дека мнозинството го прават тоа ама членот погоре рече дека никој од работната класа не оди на одмор во Турција.
Автобуси полни секоја недела одат за Истанбул, претежно се полни со баш таква работничка класа, пензионери.
Термин не можиш да начекаш.
Види, све тоа седи, ама не можеш да дигаш кредит за одмор, когај имаш кредит од егзистенцијални причине, за јадење, за да го пратиш детето у школо, за да му купиш облека, за екскурзија и слично.

Многу зависи и кј живиш, еве у западна кј што са најниските плате у Македонија (мнозинството земаа 18.500-22.000), ја лично појќе познавам људи шо не ида на одмор или ида ден-два максимум на езеро негде само за да кажа еве сум бил негде (и за таму ќе се задужа), отколку људи што ида по мориња, одмори, кафане и слично.

Тоа и е целиот моабет, мнозинството народ, поготово надвор од Скопје работи за подпросечна плата, а со таја подпросечна плата не можеш сам себе да се изгледаш, не пак деца и да идеш по одмори, кафане и слично.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Види, све тоа седи, ама не можеш да дигаш кредит за одмор, когај имаш кредит од егзистенцијални причине, за јадење, за да го пратиш детето у школо, за да му купиш облека, за екскурзија и слично.

Многу зависи и кј живиш, еве у западна кј што са најниските плате у Македонија (мнозинството земаа 18.500-22.000), ја лично појќе познавам људи шо не ида на одмор или ида ден-два максимум на езеро негде само за да кажа еве сум бил негде (и за таму ќе се задужа), отколку људи што ида по мориња, одмори, кафане и слично.

Тоа и е целиот моабет, мнозинството народ, поготово надвор од Скопје работи за подпросечна плата, а со таја подпросечна плата не можеш сам себе да се изгледаш, не пак деца и да идеш по одмори, кафане и слично.
И во Скопје не е перфектно, ако е перфектно нема и од тука да се сели народот (младите) по запад.
 
J

joli1

Гостин
И во Скопје не е перфектно, ако е перфектно нема и од тука да се сели народот (младите) по запад.
не викам не, ама пак Скопје колку толку ги има тиа поголеми плате, да бидемо реални.

дури и у приватна фирма да работаш, една плата зема едниот у западна, друга плата зема тој у Скопје, затоа што Скопје има поголеми плати, но и далеку поголеми трошоци.

овде у западна како проаѓа време мислим дека феномен ќе биде да видиш дете у негови 20-ти, поготово у лето когај појќе од пола младина ни е у Хрватска, зашо далеку повеќе му се исплати да иде три месеци по 12-14 саати да работи таму отколку овде две работи да работи цела година.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.612
Поени од реакции
37.569
...како тоа да сите имаат смарт телефони и за секој од семејството барем по една кола?

...јас не видов било кој, па и дете, а да нема во рака смартфон, брендирани патики и облека, а да не го заслужил тоа со учење или послушност, тротинет, велосипед, мотор...туку онака...сите имаат, од каде сето тоа да се купи и да биде нормално да се има кога месечно крај со крај не се сврзува?:toe:
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.722
Поени од реакции
19.028
Епа тоа е тоа шо го збораме. Јас не знам членот каде живее ама во Битола луѓето буквално од пуфкарлук живеат. Не познавам ниту еден а да не бил барем 5 дена на одмор во Грчка или Турција, Охрид викенди итн.
Од кај наоѓаат пари е стварно дискутабилно. Агенциите беа фул оваа сезона после короната, зато шо море немаа видено 2 години и кусур. Е сега зимата како ќе се врви допрва ќе видиме.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
не викам не, ама пак Скопје колку толку ги има тиа поголеми плате, да бидемо реални.

дури и у приватна фирма да работаш, една плата зема едниот у западна, друга плата зема тој у Скопје, затоа што Скопје има поголеми плати, но и далеку поголеми трошоци.

овде у западна како проаѓа време мислим дека феномен ќе биде да видиш дете у негови 20-ти, поготово у лето когај појќе од пола младина ни е у Хрватска, зашо далеку повеќе му се исплати да иде три месеци по 12-14 саати да работи таму отколку овде две работи да работи цела година.
У моја населба над 70% се пензионери, океј има деца, не дека нема, ама мали деца од по неколку годинки изродени последниве години, последнава деценија, а онаа генерација младинци од 18 до кај 30 или 35 год. скоро и воопшто да не постои бидејќи сите се фатени т.е. фаќаат магла од тука :)
Автоматски споено мислење:

Се сеќавам народот и пред десетина години кукаше и плачеше по форуми како животот бил тежок и многу скап, но ако направиме ретроспектива и споредба на цените тогаш и сега јасно ќе уочиме дека тогаш сме имале со тие плати и тогашни цени поголема куповна моќ и стандард него ли сега 2022 !
 
Последно уредено:
J

joli1

Гостин
...како тоа да сите имаат смарт телефони и за секој од семејството барем по една кола?

...јас не видов било кој, па и дете, а да нема во рака смартфон, брендирани патики и облека, а да не го заслужил тоа со учење или послушност, тротинет, велосипед, мотор...туку онака...сите имаат, од каде сето тоа да се купи и да биде нормално да се има кога месечно крај со крај не се сврзува?:toe:
Човек кога те чита, ќе помисли дека живиш у САД, Австралија, Скандинавија или негде, а не дека живиш у државиче кое што има најмали примања у цела Европа.

Прво, смарт телефони денес се толку ефтини, што не е никаков проблем да имаш еден, поготово кога кинезите улетаа со масовно сопствено производство и продавање на истите, наместо пола свет нив да ги користи да им ги склапаат, а потоа да си ги продаваат у матичните земји.

Huawei, Xiaomi имаат куп телефончиња ефтини кои што може да парираат на добар дел од скапите телефони, а и далеку се поисплатливи кога ќе израчунаш што добиваш за парата што ја даваш. Не живееме веќе у 2005-та каде што телефони на тач се некаков луксуз.

Од друга страна, телефон можеш да земеш и при завршување на договор. Кога ти завршува договорот, те спамираат со повици од А1, Телеком и останатите кои ти нудат да си земеш телефон со минимална доплата или за џабе, али да го продолжиш договорот со нив.

Иначе, ајфони кои што се статусен симбол, постарите генерации од пред некоја година ти се по 100-150 евра половни, уште помалку постарите генерации на тие телефони.

Брендирани патики и облека, најчесто народов тука носи фејк облека нарачана преку фејсбук, која што од Турција и останати земји се носи во увезува во државава, а потоа се шитка на народов на тезги во Шутка или пак онлајн.

Имаш и аутлети кај што за смешни пари можеш да си земеш брендирана облека, буквално за 1.500-2.000 можеш да си најдеш солидно патиче, бренд, оригинал и квалитетно.

За автомобили, смешно е воопшто и да се разговара затоа што во Македонија се вози ѓубрето од останатите ЕУ држави (најчесто Бугарија), со огромни километражи веќе пројдени, а потоа вратени, автомобили кои што не ги задоволуваат ЕУ стандардите ниту било какви стандарди, загадуваат и се подложни на расипување (не за џабе автомеханичарите се утепаа од пари правење).

Имаш половни коли буквално од 500, до 1500 евра кои што ќе ти вршат работа. У одредени градови низ Македонија, колата не е луксуз, туку потреба, далеку поисплатливо ти е да си земеш автомобил наместо секој месец да фрлаш по 50-100 евра да се возиш по бусеви.
 
Член од
12 април 2020
Мислења
471
Поени од реакции
886
Без разлика дали и колку се живее достоинствено, напредок можеш да имаш ако живееш некако subsistence што би рекле енглезите значи најосновно. Другото штедење и инвестирање. Кина имаше преку 50% стапка на штедење од доход на домаќинства, затоа и се дигнаа. Исто и Кореја и сличните тигри. А ние овде мислиме со меани, одмори и кредити достоинство ќе најдеме. Достоинство доаѓа од штедење и инвестирање, па макар и минорно било во апсолутни бројки. Како сме тргнати ќе најдеме дебел стап за финансиски ќотек од меѓународната со ова темпо, исто ко шо пропадна комунизмот од исти причини.
 
J

joli1

Гостин
У моја населба над 70% се пензионери, океј има деца, не дека нема, ама мали деца од по неколку годинки изродени последниве години, последнава деценија, а онаа генерација младинци од 18 до кај 30 или 35 год. скоро и воопшто да не постои бидејќи сите се фатени т.е. фаќаат магла од тука :)
Автоматски споено мислење:

Се сеќавам народот и пред десетина години кукаше и плачеше по форуми како животот бил тежок и многу скап, но ако направиме ретроспектива и споредба на цените тогаш и сега јасно ќе уочиме дека тогаш сме имале со тие плати и тогашни цени поголема куповна моќ и стандард него ли сега 2022 !
Истото е и овде, класови во школо се прават со 5-10 деца, дури и ние во основно бевме клас од 10-тина деца од првични 25, од кои мнозинството уште тогаш ја напуштија државава во потрага за нешто боље (и го најдоја искрено).

Точно, можеби платите беа пониски, но куповната моќ беше неспоредлива со денешната. Денес со 500, 1000 денари не можеш ни денот да го изгураш.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Човек кога те чита, ќе помисли дека живиш у САД, Австралија, Скандинавија или негде, а не дека живиш у државиче кое што има најмали примања у цела Европа.

Прво, смарт телефони денес се толку ефтини, што не е никаков проблем да имаш еден, поготово кога кинезите улетаа со масовно сопствено производство и продавање на истите, наместо пола свет нив да ги користи да им ги склапаат, а потоа да си ги продаваат у матичните земји.

Huawei, Xiaomi имаат куп телефончиња ефтини кои што може да парираат на добар дел од скапите телефони, а и далеку се поисплатливи кога ќе израчунаш што добиваш за парата што ја даваш. Не живееме веќе у 2005-та каде што телефони на тач се некаков луксуз.

Од друга страна, телефон можеш да земеш и при завршување на договор. Кога ти завршува договорот, те спамираат со повици од А1, Телеком и останатите кои ти нудат да си земеш телефон со минимална доплата или за џабе, али да го продолжиш договорот со нив.

Иначе, ајфони кои што се статусен симбол, постарите генерации од пред некоја година ти се по 100-150 евра половни, уште помалку постарите генерации на тие телефони.

Брендирани патики и облека, најчесто народов тука носи фејк облека нарачана преку фејсбук, која што од Турција и останати земји се носи во увезува во државава, а потоа се шитка на народов на тезги во Шутка или пак онлајн.

Имаш и аутлети кај што за смешни пари можеш да си земеш брендирана облека, буквално за 1.500-2.000 можеш да си најдеш солидно патиче, бренд, оригинал и квалитетно.

За автомобили, смешно е воопшто и да се разговара затоа што во Македонија се вози ѓубрето од останатите ЕУ држави (најчесто Бугарија), со огромни километражи веќе пројдени, а потоа вратени, автомобили кои што не ги задоволуваат ЕУ стандардите ниту било какви стандарди, загадуваат и се подложни на расипување (не за џабе автомеханичарите се утепаа од пари правење).

Имаш половни коли буквално од 500, до 1500 евра кои што ќе ти вршат работа. У одредени градови низ Македонија, колата не е луксуз, туку потреба, далеку поисплатливо ти е да си земеш автомобил наместо секој месец да фрлаш по 50-100 евра да се возиш по бусеви.
Абе друже ако навистина се до толку отепани нема да имаат ни за претплати, а ни за тие телефоните од 200 евра.
На времето кога беше навистина проблем со финансииите (транзицијата) работевме со титкање, сега имаат по 5000ки сметки за телефон + интернет на ниво на семејство.
Далеку е уште од западен стандард, ама дека има кеш во државата, има, особено со тоа што старите генерации трпат, а новите се расфрлаат и ги трошат дури и пензиите/платите на родителите.
 
Hot money e тоа. Плус прегреана е економијата ептен. Почекај уште некое време, доаѓа тешка криза, тек тогаш денешново ќе изгледа како аристократија да сме биле, како за Титово време спомени ќе се кажуваат. Година две макс му давам на меурот...
Неверојатно е колку leverage има во економијата. Не е ни за верување.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom