Како да се отвори банкарска сметка во странство?

  • Креатор на темата Креатор на темата Муч
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 март 2011
Мислења
142
Поени од реакции
136
ОК, Како што знам ние сеуште неможеме да си отвориме сметка во странство, освен за комерцијални делови или ако си политичар или мафија.

Како ние нормалните да си отвориме сметка? Значи мора да се има одобрение од Народна банка дури и ако седиш повеќе од 3 месеци во некоја држава.

Како што гледам, најлесно може да се направи ако некој имигрира.
На некој друг начин има ли?
 
Има, одиш во земја по твојот избор и отвараш сметка за нерезиденти во банка по твој избор. Не се замарај со глупи закони у Северџан ниту со Северџанска народна банка.
 
А знаеш вака како да се пренесат пари од МКД до таа држава каде што некој ќе биде?
 
Има, одиш во земја по твојот избор и отвараш сметка за нерезиденти во банка по твој избор. Не се замарај со глупи закони у Северџан ниту со Северџанска народна банка.

Аха, така било тоа. Не сме ние ЕУ па иди во соседната ЕУ држава и отвори си сметка.
Многу држави за нон-еу граѓани бараат да имаш работен однос за банкарска сметка.
Еве конкретно во Малта треба да си една година во работен однос за да отвориш банкарска сметка како нон-еу граѓанин.
Во Холандија потребно е да имаш proof of address. Значи ако немаш најмено стан под кирија или ако не си сопственик на еден, не можеш да отвориш банкарска сметка.
Во Германија ти е потребна германска лична карта односно дозвола за престој...Шведска истотака.
Да не набројувам, сигурно горе-долу во сите ЕУ држави се овие барања.
Не знам како би било во Србија или Албанија, ама сигурно би ти била потребна фиксна адреса во таа држава што значи дека пак ќе мора да ренташ стан или да имаш некаква лична карта со постојана адреса.
 
Па имам отворено сметки во Грција(имав до пред 3 години), Бугарија и Србија како нон-резидент, не можам да знам за сите држави ниту пак може да се одговори генерално. У Швајцарија исто можеш.
 
Еве конкретно во Малта треба да си една година во работен однос за да отвориш банкарска сметка како нон-еу граѓанин.
Чисто од љубопитност, како очекуваат да примаш плата ако не можеш да имаш сметка во банка?
 
Е ај, и јас истото прашање им го поставив во банка кога ме одбија.
Една од опциите кои ми беа понудени е да најдам колега, да легнуваат кај него на сметка па он да ми ги давал. :facepalm:
На крај си извадив револут и таму примав цела година плата.
На Малта сеуште има луѓе кои примаат плата на чек и тоа е друга опција, но ова се углавном хотели и ресторани.

Ова со банкарската сметка беше пред точно 4 години и стварно чекав една година за да можам да отворам. Знам дека во меѓувреме имаше доста дискусии за ова, особено за луѓе кои се во работен однос да можат да отворат сметка ама не знам дали прават исклучоци или се е по старо. Како и да е, има доста интернет банкинг опции па многу луѓе таму примаат плати. Револут гази во Малта.
 
Побратиме овие побатал држава испаѓаат и од Македонија :D
Познавам луѓе што отидоа да поработат во хотелите, се вратија за 2 месеци, 5.5 евра од саат за хард кор рмбање а кирија колку во Немачка :neetaka:
 
Јас многу пати сум кажал дека ова е побатал држава и дека нема никакви допирни точки со ЕУ. Едино ако си перач на пари или да работиш во гејминг индустријата е убаво (исплатливо) да живееш на Малта. Киријата е дури и поскапа од Германија. Ако сакаш да живееш во поскапите места, една цела плата (1200€) ќе ти иде на кирија. Пред 6години кога дојдов беше скапо, ама не до овој степен колку што е сега. Да не најдев работа во гејминг секторот, одамна ќе ја напуштев Малта. Жена ми има сестра во Австрија и бенефитите кои она ги ужива не се споредуваат со овие на Малта.
Да не испадне само серам а уште сум тука, има и позитиви како бесплатно здраство, убава клима, можности за екстра заработка, се збори англиски и многу лесно се наоѓа стан за живеење и работа. Бензинот уште ни е со цени од 2019та - 1.34€/л, а и сметките за струја се сеуште нормални. Минатиот месец со клима 24/7 платив 80 € струја и вода. Рачунај имам бебе кое го бањаме секој ден и работиме од дома двајцата што значи струја цело време врти. А да, од моја лична перспектива уште една позитива : сега канабисот е легален за рекреативна употреба и секој може дома да сади по 4 стебла. :D

Севкупно би и дал на Малта 7/10
Не е лошо ама може и подобро со оглед на финансиите со кои располагаат и местоположбата.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom