Мислиш дека сум тука да манипулирам и агитирам ? Имам доволно искуство во животот и знам дека не можам да го променам размислувањето на другите луѓе. Немам и потреба. Некој ме праша зошто пишувам. Моето потекло не е од Македонија и не сум комуницирал со Македонци.Кога се случи тоа со ветото се крена голема врева. Решив да се едуцирам и го најдов форумот. Имам прочитано доста овде. Не е точно дека не мразевте поради ветото. Читам коментари од пред 15 години и исто е. Во последно време пишувам затоа што......надвор е многу топло, не можам да ја поднесам топлината. Морето е оддалечено 90 километри, но сега е многу бучно и пренатрупано. Читам и пишувам на клима кога не ме скокоткаат кокошки на главата
Не ми е хоби да фрлам памет по форуми. Моето хоби е посебен вид риболов. Риболов за сом со квок /ru/каде што излегува звук како отворање шампањ. Го практикуваат Русите, Украинците, Романците ,Србите. Дали имате такви луѓе?. Претпоставувам дека има сом во Охридското и Преспанското Езеро ? Ако може некој да ми одговори ќе бидам благодарен.
Не дека сакам да ги фатам Македонските.
Еве, јас сум сосема нормален човек. Можам да комуницирам и за други работи, не само за односите меѓу Бугарија и Македонија. Геополитиката е сеопфатна работа. Не ми се пишува само за војната во Украина. Имам најубави спомени од овие луѓе и .....не ми се пишува.
Толку засега.