Максимална посветеност, јас социјални мрежи скоро и да не отворам, кога сум послободен отворам тука и тоа е тоа. Ретко куцам по чат со луѓе, со секој што ми треба/му требам се јавувам и не губам саати фокус и време.
На почетокот имаше период кога со денови не отворав апсолутно ништо, прекинав дури и теретана, прекинав излегувања, буквално живеев во новиот свет, и екстремно брзо ги надминав тие што во тој момент ме третираа како почетник.
Значи без навреда ама искрено ми се повраќа кога ќе прочитам вакво нешо, посебно кога ова е дадено како совет на некој кој почнува со работа.
This is why we can't have nice things.
Толкава глорификација на работа после работно време, на напредок, на исклучување од вистинскиот свет нема во ниедна друга бранша. Секоја професија има воркохолици, ама во нашата ова е веќе станато стандард. Срамота е на работа веќе да се каже дека нешто не се знае. А и ако се каже, веќе знаеш дека ти заминал викендот пошо треба да седнеш цел викенд и да се спремиш за следниот состанок да си спремен. Нема зошо да се троши работното време на учење нови работи кога може да се троши на генерирање приход за клиенти. Па таков guilt trip ако не се посветуваш на професијата вон работно време, ау ау ау. Токсично.
Индустријата сама по себе е fast-paced, зошто самите си додаваме сол на раната? Ова е невозможно темпо на живот на долг рок. И физички, а и психички на телото му треба одмор. И што ако ги прешиша тие што те третирале како почетник? Имаш буквално цела кариера пред тебе. Верувам дека си во рани 30ти, и шо ако си лид/менаџер на тие години? Треба да работиш до 65 минимум! Трчаме маратон, не спринт.
Јас сфаќам дека за некој да биде успешен мора и треба да посвети дел од слободното време на усовршување на вештините, ама ова што се случува моментално е ван памет. Па има луѓе кои, извинете на израз, одат на серење со лаптопот в рака. За да не изгубат време.
Мислам дека имаме нереално брза и вештачка прогресија на работното место, диригирана од недостатокот на кадар. Ајде за да не не напуштиш ќе те ставиме сениор. Сениор за 5-6 години? Во која друга професија се стига на сениорска позиција за толку кратко? Стигна до сениор? Дај сега повеќе, вложи се максимално за лид. И нема крај.
Од совети би издвоила да не се прави горенаведеното. Ми требаа долги години да се ослободам од чувството на вина дека сум поминала викенд во релаксација наместо да седам пред компјутер и учам нешто ново. И се ова доаѓа од околината. Така да совет, најди си фирма која ќе те цени како ресурс и која ќе те гледа како инвестиција, ќе ти дава можности за учење на работното место и во работното време и ќе ги прилагоди очекувањата на твоите знаења.
И не си стварај притисок, работата не е се во животот. Утре и да те нема фирмата продолжува со business as usual.