Не сакам да се правам нешто елита тука, пошо за добра свиња нема лоша помија а јас сум јебени алкохоличар, ама после 2 недели во Холандија/Белгија страв ми е да се вратам во Македонија кај што ме чека Скопско-Прилепскиот канцер во шише.
Нема да ве излажам ако кажам дека пијам по најмалку 10 пива дневно и правам разни beer tastings и мешам се и сешто од лагери, амбери, сајдери и ипиња, згора на тоа и bar crawlings и
ниту еднаш не се случи глава да ме боли, или да ми се лоши следниот ден или да се тегнам 2 дена со хенговер.
Криво ми е што не инсталирав Антапд барем да ми останеше како спомен од одморов
Веројатно тоа што најмногу ќе ми фали кога ќе се вратам е точена ИПА, такада ако сака некој да ме ожени и пресели у Холандија, знаете каде да ме најдете
(@wot во тебе гледам)
Би ви постирала слики ама ме мрзи, може ако ми текне коа ќе се вратам

У главно се служат пива од микропиварници (или какогод се викаат на македонски microbreweries), и до сега wheat ale ми беше најодвратно, најубаво ми беше Лифманс зашто е различно од се што сум пробала до сега вези пива, ИПАта ми останува убедливо #1, а тука сите ипиња што ги пробав ми беа убави, па имам буквално нула поплаки, освен поплаката дека мора да се вратам во држава на најнеквалитетни пива со најтврда вода на свет
Ве сака Корвувче <3