@Lester Freamon @Inglourious Basterd
Сепак и јас сум релативно свеж у целава прича и може грешам. Можеби е така како што викате, дека ама баш се е неточно од она што го кажав, не верувам.
Може малку и претеруваме со генерализации базирани субјективни искуства, ама небитно.
Поентата е дека општо целиот процес е на секаков начин компромитиран и тотално рандом, најчесто на штета на кандидатот. Веројатно за сите сениоритети.
Си има фирмата чекбоксес и го бира оној што највеќе ги тикнува истите. Тоа е тоа. Многу малку можеме и вие и јас да смениме.
Во што конкретно го оценувате дека не го бива кандидатот ? Што ако ви дал супер тест а флопнал на интервју пример? или обратно? Што ако имате по еден од двата случаеви за една позиција, кој е во предност во тоа сценарио?
Немојте само со одговор "идеален кандидат ќе се покаже добро на двете"... многу horseshit теза е тоа, пошто идеални кандидати, како што самите тврдите, се вистинска реткост во денешно време.
Што вам конкретно ви е buzz kill кај џуниор што го интервјуирате, во поглед на немање искуство со некои конкретни технологии специфични за вас?
Желба и мотивираност за учење дали оценувате кај еден јуниор? Работна етика и посветеност? Како? Само преку 1 микро прашање, или? Дали ова навистина е битен аспект за вас или само про форма? За интервју кое трае од 30 минути како можете објективно ова да ги оцените овие клучни аспекти кај еден јуниор програмер?
Од се што кажав сметам дека техничкиот дел треба да биде помалку по крој од фирмата туку погенерализиран, нека биде брутален колку сака, нека има 846 филтри, ја немам проблем. За џуниор би требало неколку(4-5-6-7) core skills и тоа да биде тоа.
Ова е остварливо и возможно за секоја фирма, и тука објективно можат да сменат некои практики, ама скраја да е такво нешто во една експлоататорска средина како Македонија.
Секако дека 6 месеци нема да е продуктивен, колку сака нека е wiz kid. Еден куп сениори постари се примија во меѓувреме, па и на нив им требаат месеци...
Како да знам да одговорам на прашања за алатка/библиотека/фрејмворк/pattern што пример вие ја користите, кога не сум ни имал шанса да ја работам и изрично,елаборативно и дипломатски ви кажувам дека немам искуство или многу лимитирано (а.к.а сум чепкал нешто) ? Има вакви примери еден куп. И тоа е сосем нормално. Гледа дека не сум работел XYZ , и ќе ме прашува за синтаксички детаљи од истиот, иако ја изрично кажав дека сум користел нешто сосема друго. Поентата би требало да биде да знам што прави и која му е улогата на таа XYZ технологија. Ама нееееее, мора 3-4-5 прашања да ти постави за синтаксички детаљи и глупости. Па ајде расправај се дека е ирационален муабетот. Седиш, кажуваш не знам и чекаш следно прашање. Многу дебилно, те вади од рамнотежа и те сече од корен.
Али како што кажа Лестер, има табиет луѓе, има многу врски исто така... Х пати интервјуто ќе зависи од тоа на која нога е станат и каква математика има тој што те интервјуира и тн и тн. Процесот би требало да е разговор, а не его трипање и "испит од факс" атмосфера.
И јас сум добил и сеуште добивам многу малку support, очигледно ко што кажа самиот, знаењето е најбитен leverage што го имаш и никој нема да го сподели со тебе, пошто му стануваш конкуренција. Ретко каде ќе има отворена средина каде што ќе се споделува знаење без его и анимализам, пошто очигледно многу луѓе мислат дека ќе му направиш инвазија на куќата дома кај него ако му го прочепкаш мозокот и го прашаш нешто конкретно.
Многу его трип, но тоа е. Accept and move on.
Сепак 1,2,3 години небитно, додека за без искуство да не зборувам - не можеш како employer да очекуваш дека ќе имам искуство со ствари кои се вашиот niche, бидејќи ја досега сум видел 1, макс 2 niches … Вон тоа за мене светот е релативно непознат, и тоа е сосема океј… невозможно е да биде познат, како да ти кажам. Особено не кога преминуваш во твојата втора фирма со 1,2, па и 3 години зад грб. Не зборувам за екстремни ситуации секако, туку во твојот програмерски субдомен.
Може ова сега целово срање што го укопчав во оваа фирма, претходно доста ствари ми биле нови, па сега после XYZ време не сметам дека сум дупка за позицијава.
А од друга страна еден niche-related skill кај еден програмер во самиот процес никогаш не се асесира, пример потенцијално сфаќање на бизнис логика, што е многу потценето за јуниор. Tool-ови се учат ако ја имаш основата, ама ретко кој ова навистина го сфаќа и имплементира во својот hiring process, пошто на крајот пак се се сведува на површно тикнување checkboxes.
Задачата која ја добив во оваа фирма каде што сум, е од 2016та. Не дека има врска ова, само сакам да аргументирам она од погоре дека се е тотално рандом.
Академиите, не само теорија, туку и дебагирање 0 и работа со дебагер 0. Страшно потценета ствар за early stages. Барем по мое искуство.
Има доста читање код како џуниор, а треба да знаеш како ефективно да читаш... Дебагерот ти е едно од најдобрите другарчиња како џуниор, особено во ремоут ера и ако продуктот е прилично обемен.
Едноставно не може да се вадат генерализирани заклучоци од многу мал sample, ваш и мој. Вашиот може е доста поголем, ама пак е маргинален семпл. Тоа што вие го доживувате е маргина, а не објективна и вистинска стварност. Додека пак овде и јас и вие користиме лексика која алудира дека нашите тврдења се апсолутен одраз на реалноста, што воопшто не е случај.
На крај од денот поделби наши и ваши не носат никаква продуктивност туку само не туркаат у зајачка дупка и губење време.
Поентата - смешно е искрено да даваш суд и оценка за нечии компетенции преку 30 минутен муабет и тест. Пошто когнитивниот капацитет на еден кандидат се многу повеќе од тоа. Фирмите оставаат премалку простор за еден кандидат да учи ствари on the go, него стриктно преферираат принцови. Но таков е процесот, мењање е практично невозможно. Најдобро е да се прифати таков каков што е, со неговите евидентни слабости и маани.
Сепак веројатно и вие преку муабетов добивате малце појасна слика за другата страна од парата во 2022. Секако ова може да биде и од ваша страна сфатено како фидбек и да предизвика некое подобрување во вашите процеси. Треба да се настојува да се дебатира и разговара без его и да се цели кон подобрување на ова комјунити што го имаме овде. Тешко е, ама може да се потрудиме нели. Најпродуктивно за сите на форумов е да се преферираат такви муабети, а не на млатење празна слама и поделби, генерализации и стереотипи (обострани).
П.С најмалку што може една фирма да направи е да даде барем малку по-елаборативен фидбек кон (да потенцирам) неизбраниот кандидат од потесен круг, а не генерични глупости "Се одлучивме за друг кандидат, ти посакуваме успех". Bitch, ви имам посветено време, почитувајте ми и дајте ми барем конструктивен фидбек, кој можеби ќе ми биде екстра корисен за мојот подоцнежен развој. 2 минути работа е, ништо не ве кошта а мене ќе ми значи.