Na dolg rok sekogas se isplati ama vo slucajov mozebi podobro e da se poceka uste malce da padnat. Ako dopolnuvas sekoj mesec eden kup pari ke treba da dades za transakciski trosoci...Dali vo momentalnoto vreme i sostojba i kako se dvizaat rabotite se isplaka da se "urocaat" pari vo S&P 500 ili Vanguard? Ne e nekoja golema suma no bi sakal mesecno da dopunuvam
Друже дали истава процедура важи и за пријавување на капитална добивка/загуба при тргување? Колку што видов на сајтот на УЈП до 10ти во наредниот месец требало да се пријават сите продажби за предходниот месец.Чекор по чекор Водич за пријавување данок на дивиденда преку Е-ПДД
Прво кликаш на стрелката за да ти се отвори менито, потоа кај опцијата Аконтативна пресметка кликаш на стрелката за надоле за да ти го отвори подменито, истото кај опцијата Е-ПДД, кликаш “Внес”.
Ти се отвара нов екран Аконтативна пресметка / Податоци за подносител каде ги има твоите податоци. Под полињата е-маил од лево и контакт тел. Од десно има две полиња за датум. Во овие полиња го означуваш месецот за кој пријавуваш од први (лево) до последен ден од месецот (десно). Потоа кликаш Сними податоци за подносител.
Најдоле од левата страна имаш ново копче Нова ставка, го кликаш.
Пополнување на ставката: прво ја пополнуваш Државата во која е резидентот исплатувач. Пр. Имаш добиено дивиденда од три компании од САД. Бираш САД.
Кај Вид на доход се бира Т7, кај Подвид доход се бира Ѕ7.1.
Се внесува датумот на кој е стигната дивидендата (payday) може да се види од документот. Во примерот беа спомнати три компании од иста држава. Се внесува последниот датум од трите.
Се бира валутата што е наведена на документот USD или EURO. Се внесува збирот на сите дивиденди бруто за кој се пријавува. Ако се пријавува само една дивиденда, се внесува нормално. Пошто неможе да се внесуваат децимали, се применува сметководствено заокружување од 1 – 4 се заокружува надоле, од 5 – 9 се заокружува нагоре.
Доколку станува збор за држава што има withholding tax се внесува датата и вредноста на задржаниот данок. Доколку се внесува за повеќе држави оддеднаш, тогаш вредностите се собираат со заокружување на цел број. Најдоле се клика копчето Сними ставка.
Доколку се пријавува дивиденда за држава што не задржува данок, тогаш само се клика копчето Сними ставка.
Со кликање на копчето Сними ставка се затвора внесувањето и се покажува пресметката обележана со црвено и Статус “Има грешки.”
Се клика на стрелката од страна на пресметката за да ја отвори, па се клика на копчето Документи што е обележано со црвено. Тука треба да се прикачи Realized summary.
Доколку е платен withholding tax документот се прикачува два пати. Еднаш како доказ за примен приход и еднаш како доказ за платен данок.
Доколку државата од каде што доаѓа дивидендата нема задржано данок, тогаш документот се прикачува само еднаш како доказ за примен приход.
Потоа се клика Назад.
Последна проверка дали сите податоци се точни и ако се е во ред се клика најдоле на екранот на копчето Затвори пресметка.
После кликање на Затвори пресметка, веднаш на мејл ти стигнува пин код што треба да се внесе и да се потврди затворањето на пресметката.
Со тоа се што треба да се направи од ваша страна е завршено сега за сега.
Пресметката добива Статус за проверка. Откако ќе ја извршат проверката ако треба да се плати данок ќе добиеш Рекапитулар со фолио број за плаќање на данокот. Доколку не треба да платиш, пресметката ќе добие веднаш статус Платена.
Целата процедура трае од еден до неколку дена, во зависност од тоа колку работа имаат во УЈП за да ги вршат проверките.
Се надевам дека ова ја разјаснува процедурата.
Јас мислам дека инфлацијата ќе продолжи барем до крај на година или до пролет, што би се рекло тешко за growth акции.Што мислите ? Дали е ова момент за влез на пазарот или стапица пред нов пад ?
Кој да знае, никој не може да предвиди тоа, ни Бафет не верувам дека тоа може да ти го одговори...Што мислите ? Дали е ова момент за влез на пазарот или стапица пред нов пад ?
Ај ако можеш објасни ми ги овие leaps? Што е тоа leaps?Купив bullish LEAPS за WMT и bearish за DIS. За WMT прв таргет ми е $135-140. За DIS доволно ми е да падне до $90.
Зошто шорт комодититис i energy? Факт е дека на земјава снемува ресурси. За 2 грама злато треба 1 тон руда да се копа. За нафта мораат со неконвеционални скапи начини со фракинг да работаат оти со лесното копање нема веќе исцрпена е, за бакар сите рудници се преку 50 години стари и исцрпени... Не разбирам зошто шорт?Идеме сега лонг усд уште, лонг бонд говермент, шорт комодитис, и стокс посебно енерџи и индустрисалс. После одиме лонг ауд, кад, сребро, тек и крипто. Во МК продаваме реал естете и акции зимаме мкд ако сте уште на мк шема. После одиме МК акции. Тоа е се.
LEAPS се опции со подалечен expiration date, година и повеќе.Ај ако можеш објасни ми ги овие leaps? Што е тоа leaps?
Raзбирам опции, фјучрски и свашта, ама липс никогаш не сфатив што се.
јас мислам дека сеуште не е ботом. Ако алудираш на пазар на УСА секако. Consumer sentiment index ни кажува дека луѓето имаат депресивна доверба за иднината, дури повеќе депресива од сите кризи до сеа од пред 50 години. Линк подолу.Што мислите ? Дали е ова момент за влез на пазарот или стапица пред нов пад ?
Во превод да купуваме Кинези?Кинеските акции се селат од УСА во неутрална Швајцарија (SIX Swiss Exchange) Систематски, прво четири од Shenzhen Stock Exchange после зошо не и Ant group .Кинеските принципи за сметководство и информирање се прифатливи скроз овој такс анд мони' хеавен
Pse Jo и онака за 10 години лидери ќе бидатВо превод да купуваме Кинези?
Ќе бидат, само она што ме мачи е да не се вмеша државата. Со комунистите е секогаш лудо, ако осетат дека одредена корпорација им ги меша брзините може и да ја снемаPse Jo и онака за 10 години лидери ќе бидат
Реалноста е таа, раководството на AMD ги намали очекувањата за Q3 затоа акцијата падна за 5% , на сето тоа аналитичарите предвидуваат компанијата да има намален профит и добивка во следните неколку квартали до крајот на 2023. Инаку INTEL не се споредува со AMD туку со TSMC кои се директни конкуренти, INTEL е во фаза на градење капацитети за производство на семикондуктори за помалите компании кој само ги дизајнираат истите чипови. Деновиве администрацијата на Бајден изгласа и потпиша директна помош за домашните компании кои произведуваат семикондуктори (INTEL) како причина намалување на зависноста од кинеските конкуренти кој им ги произведуваат чиповите на помаливе компании како AMD и ред др. Покрај тоа што сите ја хејтаат компанијата Intel и опишуваат разни црни сценарија дека ја следи иста судбина како IBM, мое мислење е дека вреди сега да се инвестира бидејки после 3-4 години откако ке се произведат овие производствени погони ке следи огромен хајп во ревењу и фрее кеш флоу. Не го сметај ова за финансиски совет.AMD Q2 Earnings
EPS: $1.05 versus $1.03 expected,
Revenue: $6.55 billion, versus $6.53 billion expected
Expected revenue $6.7 billion versus $6.83 billion (де,де, де..)
На сево ова АМД е долу 5% after hours. Ај сеаа.. Штом ќе го навикнеш пазарот на 20,30, 40% раст тој станува џанки и ако нема продолжен колосален раст со тепање консензус во двоцифрени бројки еве шо се случува.
Драго ми е шо преку ова Интел е повторно воскреснат и е бек ин д гејм.