- Член од
- 24 мај 2014
- Мислења
- 5.305
- Поени од реакции
- 5.911
„Власта од 2001 година знае кој го уби син ми!“
Објавено: 24 јули 2012 - 17:45
Син ми знаеше многу работи, затоа беше ликвидиран. Марјан беше во обезбедувањето на Борис Трајковски пред да стане претседател. Дозна многу валкани работи за тогашните политичари. Потоа, во 2001 година дозна многу и за тогашната власт и затоа беше ликвидиран.
Вака пред шест години зборуваше Димитрие Тушевски, таткото на Марјан Тушевски, кој со години бара да дознае кои беа убијците на неговиот син.
Денешното приведување на деветмина поранешни полицајци само ги актуелизира уште еднаш сите шпекулации околу убиството на Тушевски.
Марјан Тушевски (37), според пишувањата на весниците во јули 2001 година, беше познат скопски рекетар со богато полициско и судско досие. Тој на 10 јули 2001 година беше убиен во вооружена пресметка пред платото меѓу зградите на улица Атинска во населбата Тафталиџе. Убиството, според изјави на сведоци се одвивало со секавична брзина и професионално од неколку непознати лица.
„Веста многу брзо се прошири низ речиси сите кафеани и кафулиња низ Скопје каде што Тушевски често навраќал и, според зборовите на газдите, собирал рекет... Во отсуство на официјални информации, низ Скопје почнаа да се шират разни шпекулации за убиството на Тушевски и Јанев, кое по многу нешта потсетува на убиството од пред неколку години, кога во центарот на Скопје, Аце Боцевски алијас Циганот, пред очите на многубројните минувачи, го уби својот ривал, бизнисменот Сеад Ибраими... Убиството на Марјан Тушевски е поврзано со неодамнешната пресметката на паркиралиштето пред хотелот „Панорама“ која подоцна завршила во подземните гаражи од Владата. Во оваа тепачка учествувале и обезбедувачите на висок политичар.... Еден ден пред да се случи убиството, според извори од скопското подземје, Тушевски претепал еден газда на кафуле во ТЦ „Беверли хилс“ во Капиштец, зашто одбил да му „позајми“ 15 илјади марки. Дента, пак, кога Тушевски беше ладнокрвно застрелан, според полициски извор, тој киднапирал роднина на висок државен функционер и неколку часа во затворен багажник го возел низ Скопје, пред да го ослободи“.
Вака пишуваа дел од тогашните весници за убиството.
Таткото на Марјан Тушевски, седумдесет и седумгодишниот Димитрие Тушевски неколку години по ред одеше пред кабинетите на сите владини и државни функционери за да им достави докази за тоа кои се убијците на неговиот син.
„Јас повеќе пати стојам пред кабинетот на Бошкоски, пред кабинетот на Георгиевски, кај Трајковски... Сакам да им кажам дека тие продуцираат криминалци меѓу младите... Зошто, ако бил криминалец, Бошкоски го канеше на неговиот роденден и со него се сликаше нарекувајќи го - брат. Јас за тоа имам и фотоалбум. Власта добро знае кој го убил син ми. Го обвинуваат син ми дека зел пет милиони марки во времето кога бил ангажиран од Бошкоски да собира пари за партијата на министерот...Нека ми дадат таква потврда со потписот на син ми, тогаш и јас ќе го наречам криминалец и убиец. Ако бил најбезобѕирен криминалец, зошто Бошкоски беше во друштво со него кога се формираа елитните полициски единици. Ако Марјан бил криминалец, зошто Бошкоски му ветувал пред сведоци, кои се подготвени тоа да го потврдат, дека ќе биде началник на полициска станица во Скопје? Додека му требаше, се му ветуваше“, изјавуваше тогаш Димитрие Тушевски.
Тој пет години по убиството излезе во јавноста со тврдење дека во убиството на неговиот син била вмешана и неговата љубовница, извесната Исмета од Сараево.
„Еден час по убиството на мојот син таа под итно, по наводното распрашување во МВР и откако и бил вратен пасошот, со полн шлепер стока и многу пари се иселила од Скопје. Еден ден ќе ја донесам како една од учесничките во убиството на Марјан. Тоа сакам да и го кажам на полицијата. Таа знае се за смртта на син ми... Веднаш по убиството ми се закануваа да престанам да зборувам кој е убиецот, затоа што и мене ќе ме убиеле. Ги знам заканувачите. Се подготвувам да ангажирам адвокат и да поднесам приватна тужба против три лица, меѓу кои е и некогашниот министер на полицијата Љубе Бошкоски“.
Димитрија е убеден дека власта во 2001 година му го ликвидирала синот.
На 11 јуни Виолета Бошковска, сопругата на Љубе Бошковски во писмо до медиумите напиша дека „власта на големо подготвува уште една монтажа за Љубе Бошкоски слична на таа што ја направи со дел од снимката од испитувањето во Пула, а со цел Љубе повторно да се претстави како предавник“.
ЦРНА ХРОНИКА
Семејството на Тушевски бара 5,4 милиони денари отштета
Објавено пред 9 години - 19 јуни, 2013 Од Макфакс++
За овој расплет не сакам да создавам теорија, но мислам дека семејството на Марјан Тушевски искористи прилика за добивање пари тука а тогашната власт прилика за дополнително обвинение, изјавите во случајот Ровер на Нинџа, Азманов и Љубе некако делуваат како префрлање топка а всушност Буревесник највеќе вистина изнесе во јавност, тоа се наназад објавени вести веќе, додека текстот сега објавен со изјавите од неговото семејство даваат поширок приказ на нештата.

m.mkd.mk

Семејството на Марјан Тушевски кој беше убиен пред повеќе од десет години во центарот на Скопје бара отштета од вкупно 5,4 милиони денари ли околу 90
makfax.com.mk
За овој расплет не сакам да создавам теорија, но мислам дека семејството на Марјан Тушевски искористи прилика за добивање пари тука а тогашната власт прилика за дополнително обвинение, изјавите во случајот Ровер на Нинџа, Азманов и Љубе некако делуваат како префрлање топка а всушност Буревесник највеќе вистина изнесе во јавност, тоа се наназад објавени вести веќе, додека текстот сега објавен со изјавите од неговото семејство даваат поширок приказ на нештата.
Последно уредено: