Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    728

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.156
Поени од реакции
3.389
Шеки, види ги овие „путинолижачиве“ каква руска пропаганда објавуваат... Значи невидена работа колку проруски медиум се:
Ставај цитат ако веќе си го отворил за да не кликаме.
Јас се изл'жав викам мош има нешто интересно и оно стварно малку комедија не е на одмет во овие тешки времиња.

Објавен е наводниот план на Путин за бегство од Русија.

Добивај вести на вибер
Рускиот претседател Владимир Путин и неговите соработници се подготвени да ја напуштат земјата доколку руската армија биде поразена во Украина, пишува каналот Телеграм, повикувајќи се на извори од Кремљ.
Со одложувањето на офанзивата во Донбас, подготовките на Украина за повторно заземање на Херсон и колапсот на економијата, рускиот лидер е „свесен за можноста за ненадејна промена на расположението во земјата“, пренесува каналот General SVR, кој неодамна објави дека Путин бил болен минатата недела.
Надоврзувајќи се на тој извештај, генералот СВР сега наведува дека „Самиот Путин и неговата придружба подготвуваат планови за евакуација од Русија“.
Тој наведува дека се верува дека авионот со Путин и неговото семејство од Русија би заминал за Сирија, најблиската пријателска земја на чело со Башар ал Асад кого, според британските медиуми, Путин го спасил со интервенција во граѓанската војна во Сирија во 2015 година.
Секој лет од Русија до Сирија, сепак, ќе мора да помине низ воздушниот простор на Турција, членка на НАТО. Доколку турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган одбие дозвола авионот со Путин и неговото семејство да влезе во неговиот воздушен простор, тоа практично ќе го уништи неговиот најбрз и можеби единствен пат за бегство.
Иран е уште една регионална сила која би била заинтересирана за судбината на Путин. „Во принцип, за Иран и Турција е корисно да го држат рускиот претседател во егзил во резерва, користејќи го, во зависност од ситуацијата, како потпора или како средство за договарање“, пишува каналот Телеграм.
И покрај тоа што Турција е членка на НАТО алијансата, под водство на Ердоган оваа земја издлаби свој дипломатски пат во меѓународните односи.
Претходно овој месец, Путин се состана со неговите турски и ирански колеги во Техеран, наводно за да разговараат за Сирија. Многу е можно, според „Дејли мејл“, „Ердоган и иранскиот претседател Ебрахим Раиси приватно да разговарале за можноста Путин да побара азил“.
Во меѓувреме, украинските сили наводно ги зајакнуваат своите позиции во близина на Керсон, додека аналитичарите на Јеил велат дека Русија ја губи економската војна со Западот и нејзината економија е во катастрофален и неповратен пад.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.697
Поени од реакции
33.892
Ставај цитат ако веќе си го отворил за да не кликаме.
Јас се изл'жав викам мош има нешто интересно и оно стварно малку комедија не е на одмет во овие тешки времиња.
Па сметав дека читањето на насловот е доволно губење време како за онаква „вест“. Еве следново на пример може да се проследи подетално:

Стратегијата на Западот во врска со војната во Украина пропадна, бидејќи санкциите нема да го нарушат балансот во руската економија, а актуелната ситуација предизвика страдање во европските земји, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан во своето редовно неделно обраќање до граѓаните.

Орбан истакна дека пред 155 дена првиот план бил Украина да ја победи Русија со помош на американските советници и западните планови, вториот е дека санкциите ќе ја потресат Русија, третиот е дека Европа ќе успее да се прилагоди на санкциите што ги воведе, а четвртиот што остатокот од светот ги поддржува санкциите, објави агенцијата V4.

Ниту еден од тие четири планови не се оствари, бидејќи Русија не ја губи војната, санкциите не ја разнишаа, оцени Орбан, додавајќи дека сега е јасно дека стратегијата е неуспешна и дека е неопходен пристап за нова.
Автоматски споено мислење:

Изгледа и овој Орбан да ти бил путинолижач.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.011
Поени од реакции
83.403

Господинот Груевски не би се сложил.
 
Член од
30 октомври 2021
Мислења
1.630
Поени од реакции
3.784
Putler jugend....
Сите сличности со вистински личности и настани се случајни

Руската пропаганда веќе го допре дното
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Putler jugend....
Сите сличности со вистински личности и настани се случајни

Руската пропаганда веќе го допре дното
Зошто русиве би користеле зи хајл кога ја изораа германија? Дечко дај барем еднаш свестетесе, фашизам и русија неможе никогаш да ставаш во равенка, милиони руси изгинаа за Хитлер да го копираат? Можеш да ги наречеш комунисти, сталинисти и се ама да ги споредиш со фашизам е сулудо.
 
Shakespear

Need moar drugs
Член од
25 јули 2015
Мислења
2.418
Поени од реакции
2.043

Ја изораа Германија бидејќи Германија ги нападна, а не дека нешто фашизмот им сметало толку многу. Русија денес ги има сите одлики на фашистичка земја и е во улога на нацистичка Германија со нејзината експанзионистичка политика.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168

Кои се одлики на фашистичка земја?
 
Shakespear

Need moar drugs
Член од
25 јули 2015
Мислења
2.418
Поени од реакции
2.043
Кои се одлики на фашистичка земја?
Водена е од диктатор кој незаконски и присилно ја потиснува опозицијата, нема слобода на говор, поттикнат е национализмот кај граѓаните, анти-ЛГБТ, цензура на интернет итн.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.888
Поени од реакции
5.015
Ја изораа Германија бидејќи Германија ги нападна, а не дека нешто фашизмот им сметало толку многу. Русија денес ги има сите одлики на фашистичка земја и е во улога на нацистичка Германија со нејзината експанзионистичка политика.
А Германија го нападна СССР токму поради својата фашистичка/нацистичка иделогија...ама тебе не ти текнало со ден денешен, иако Втората Светска одамна е завршена...
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.793
Поени од реакции
10.616
Водена е од диктатор кој незаконски и присилно ја потиснува опозицијата, нема слобода на говор, поттикнат е национализмот кај граѓаните, анти-ЛГБТ, цензура на интернет итн.
Ти стварно веруваш во сево ова што го напиша?!? o_O
Уствари и јас што се чудам, кога сите одговори ти се CNN оп-ед!

Всушност сега “Миле ми текна”…
Ако си толку загрижен за слобода на говор и лџбтфјнггб права, оти не ги побараш истите и кај вашите најблиски сојузници?!
Или “малку” двојни стандарди имате? :rolleyes:
 
Shakespear

Need moar drugs
Член од
25 јули 2015
Мислења
2.418
Поени од реакции
2.043
Ти стварно веруваш во сево ова што го напиша?!? o_O
Уствари и јас што се чудам, кога сите одговори ти се CNN оп-ед!
Се ова е потврдено и од руска страна. Ништо не кажав што самите тие не го прават на јавно.
Автоматски споено мислење:

А Германија го нападна СССР токму поради својата фашистичка/нацистичка иделогија...ама тебе не ти текнало со ден денешен, иако Втората Светска одамна е завршена...
И Русија ја нападна Украина поради руската фашистичка идеологија...
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Водена е од диктатор кој незаконски и присилно ја потиснува опозицијата, нема слобода на говор, поттикнат е национализмот кај граѓаните, анти-ЛГБТ, цензура на интернет итн.
Ништо од тоа нема врска со фашизам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom