ги имате момците и следната сезона па нека повелат да потврдат што зборуваш
а Кеси ќе си каже што има во Барса
Го имавме и Кеси едно време, па не можевме ни до ЛШ да дојдеме. Безвезен е тој муабет. Секоја сезона си е посебна приказна. Иако и следната ќе биде добра за Милан.
На Кеси најдобрата сезона му беше 2020/21, кога Милан избори ЛШ, тогаш може да се каже дека беше МВП.
Во последната сезона беше доста променлив. Отиде да игра на ОИ, па беше потрошен и се повреди. Се до АК беше тргни-застани, од бледи до навистина добри натпревари, како тој против Емполи. Го зафркаваа, викаа дека е "црн Ночерино". Се врати од Африка, веќе на нож пречекан затоа што се виде дека глумеше со договорот и прв натпревар му беше дербито против Интер. Беше катастрофа, исвиркан.
Иако тој период играше некаков АМ, па и тоа имаше врска, плус притисокот од трибините. Одигра добро на натпреварот со Наполи и како се ближеше крајот, имаше се подобри натпревари. Во финишот на сезоната беше еден од клучните, најдобрите.
Имал битна улога, но не беше тој најдобриот, најкорисниот, без кого ништо не би можело. Всушност, можеби и не би, но тоа исто важи и за уште барем петмина други.
Иако можеше на пофер начин да си отиде, сакам да успее во Барса, каде што и нема така физички доминантни фудбалери. Ако го вклопиш во систем, тој ќе биде многу корисен, а за него е добро што во Барса ќе биде опкружен со технички надарени фудбалери.
П.С. Сега гледам дека сум си го прекршил главното правило, да не одговарам озбилно на некој што пишува "билан, шинтер" и слични глупости.