Демократите туркаат наратив, а скоро презентираа и закон за ограничување на мандатите (изразени во години) на Врховните судии.
Во САД, независно од степенот на судство, судиите имаат неограничен мандат односно остануваат на нивната функција се до нивната смрт, додека имаат деловна способност, додека самите не се повлечат, односно ако извесен период не ја обавуваат својата функција. Тоа не ограничување не се однесува само на судството, туку на мандатите во Претстсвничкиот дом и во Сенатот.
Овој закон е чисто политички. Ако сакаат враќање на легитимитетот на Врховниот суд, тогаш ќе треба да бараат враќање на легитимитетот и на целокупното судство, но и на Конгресот. Така Пелоси е конгресменка од 1987, Бајден беше сенатор од 1973-2009 и потоа стана Потпретседател (технички, уште беше во Сенатот), a Шумер е сенатор од 1999 година! Меконел пак е сенатор од 1985!
Истата политичка елита, која константно товарот за политичките и економските неуспеси го префрлува на другата страна, носи политички одлуки повеќе од 3 децении! И не е само политичката моќ, туку и когнитивната способност. Дел од нив (Мич) се веќе во своите 80-ти, така се поставува прашањето за нивната когнитивна способност. Но и да има ограничување на мандатите (да речеме до 5), никој не може да биде сопрен во својата 60-та година од животот (пример) да се кандидира и да стане Сенатор! Треба да постои старосна пензија, па дури и старосно ограничување за сите носилети на политички функции. Во САД, една личност да се кандидира за претседател треба да има наполнето 35 години.
Секако дека нема да биде протнат законот за ограничувањето на мандатите на Врховните судии, сега истиот е неограничен, а со новиот закон би се ограничил на 18 години. Требаат 60 сенатори во Сенатот да се стави крај на дебатата и да се гласа по тој закон, а демократите имаат сигурни 49.