... како мал, Насрадин секој ден одел на пазар каде што просел а луѓето го исмејувале со истиот трик кој ги засмејувал, ќе му понуделе две парички, едното 10 пати повредно од другото, а тој секогаш го одбирал помалку вредното париче.
... обичајот се проширил низ целата провинција и секаде каде што момчето би се појавело за просење, му се исмејувале на неговите погрешни избори, а тој никогаш не се откажувал од помалото париче.
еден човек се сожалил за него, го тргнал на страна и му рекол:
- Кога ќе ти понудат две парички, земи го повредното, така ќе заработиш повеќе пари и луѓето нема да те сметаат за будала".
- Но, ако го земам повредното париче, луѓето ќе престанат да ми даваат пари, тие веруваат дека сум поглупав од нив, имам заработено многу пари со истиот трик, така не е лошо да изгледаш како будала, ако си паметен и знаеш што сакаш", му одговорил малиот Насрадин.