Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Кристенсен, Алонсо, Азпиликуета и на крај Кунде. Наклон до под.
Тешко дека Челзи ќе го преживее ова. Со Алонсо и Кунде, ќе истеравме. Вака, без нив...

Капак, Дембеле. Познато е колку се преговараше со гејмерот и на крај ништо.
Требаше Челзи да оди во стечај по заминувањето на Роман, како ќе се издржи без наведениве играчи, Господ нека ни е напомош. :popce:

Значи немој таака за големиот Дембеле што пола година не можеше да си најде клуб за 0 евра со плата ко што му понуди Барселона, за на крај и намалена плата да прифати од истата таа Барселона пошто буквално ни Спартак Москва не беа заинтересирани за него :D
 
Лестер единствена екипа од топ 7 лигиве без ниеден трансфер :eek:
 
Уште со Панче Ќумбев не сме поврзани летово.
Дембеле, Стерлинг, Исус, Ричарлисон, Рафиња, Рајс, Кунде, Шкринијар, Бастони, Кулибали, Де Лихт, еден германец дефанзивец, еден хрват...
А до сега нема испуштено ништо од клубот. Се е позади затворени врати и се вртат само шпекулации.

Не бе, ич не ги рачунавте Дембеле, Рафиња и Кунде за ваши играчи. :pos: :pos: :pos:
Автоматски споено мислење:


@SanIker


1659074921267.png
 
Прегледај го приврзокот 340032


Трансфермаркт шпекулираат само, нема везе дека сме им ги зеле играчите на Челзи..

Market value кај Дембеле пишува 30 милиони евра. Платен беше 140 милиони. Навистина слика со која треба навивачите на Барселона да бидат среќни.
 
The plot thickens.

Веќе ја имам сликата во глава, финале ЛШ, полн стадион во Истанбул, влага Армандо во 90+ место Бензо и го дава последниот гол за конечен резултат 32:0 за РеаЉ Мадрид.

Орли летаат на сите страни, што врз стадион, што на терен од страна на Армандо и неговите соиграчи. Голфови се дрифтаат на кружниот тек во Тетово, забележан рекорден број на новороденчиња крстени Армандо на територија Косово и Шпанија.

Се разбира он го сака тоа.

 
Чекај сега, нели Барселона му го украде Кунде на Челзи? Што изјавува вакви работи Мончи за официјалниот сајт на Севиља?

Изгледа и тој не ги чита работите како што треба и не се информира од Џерард Ернерсто Че Гевара Ромеро и Рашид од Индија на Твитер.

20220729_133406.jpg


Челзи договорил и услови со Кунде и услови со Севиља. Наеднаш ги снемало и го ставиле трансферот на чекање. Потоа дошла Барселона и завршила работа. :pos:
 
Челзи договорил и услови со Кунде и услови со Севиља. Наеднаш ги снемало и го ставиле трансферот на чекање. Потоа дошла Барселона и завршила работа. :pos:

А има некои шпекулации зошто Челзи успорил? Не верувале во играчот, требало да се ослободат првин од друг, сопствениците се двоумеле?
 
А има некои шпекулации зошто Челзи успорил? Не верувале во играчот, требало да се ослободат првин од друг, сопствениците се двоумеле?

Па, има. Еве нешто си чепнал и ти. Тухел не бил сигурен (исто како и лани), а Марина и годинава Боели, се договарале со Севиља.

Или па добиле знак во позадина за некој подобар играч (според нивна проценка, ала Фофана ) и се префрлиле на тој фронт.
Многу сомнителна ми е целава работа.
 
Moраше Челси по секоја цена годинава да го задржи целиот трансфер комитет, па во текот на годината да ги менува еден по еден. Овој Боели можеби има најдобра намера за Челси, ама нели, патот кон пеколот е поплочен со добри намери. Сеуште нема репутација како преговарач, и ми делува дека лесно, во недостиг на помек збор, го шалтаат. Летово требаше да има прав егзодус на играчи кои не се потребни во Челси, а да се донесе свежа крв. Звучи суреално дека имаат само 2 трансфери направено.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom