Најубавите стихови во Библијата

Член од
4 август 2018
Мислења
1.555
Поени од реакции
3.342
1.22- Наречувајќи се себе мудри, тие обезумија. (апостол Павле послание до римјаните)
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.610
Поени од реакции
1.158
Послание На Светиот Апостол Павле До Филипјаните

5. Кротоста ваша нека им биде позната на сите луѓе! Господ е близу!
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.610
Поени од реакции
1.158
Втора Книга Ездра 3


10. Еден напиша:„Од се најсилно е виното.”
11. Вториот напиша: “Најсилен е царот.”
12. Третиот напиша: “Посилни се жените, но над се однесува победа вистината.”

Овде е целиот текст,кој сака да прочита што кажале првиот и вториот младич.

13. Третиот, пак, кој беше рекол за жените и за вистината, – тој беше Зоровавел, – и почна да говори:
14. „О мажи, голем е царот, големи се и многу луѓе, и моќно е виното. Но кој господари над нив и ги владее? Нели жените?
15. Жени го родиле царот и сиот народ, кој владее со морето и земјата;
16. од нив се родени и од нив се одгледани оние, што садат лозја, од кои се прави вино;
17. тие прават облека за луѓето и снабдуваат украси за нив, и луѓето не можат без жени.
18. Ако мажите соберат злато и сребро и секакви скапоцености, и потоа видат жена добролична и убава,
19. оставаат се и се спуштаат кон неа и ја гледаат со отворена уста, и сите се прилепуваат кон неа повеќе, отколку кон златото и среброто и кон секоја скапоценост.
20. Човекот го остава таткото свој, кој го воспитувал, и земјата своја и се прилепува кон жената своја,
21. при жената своја останува до смртта и заборава и татко, и мајка, и земјата своја.
22. Од тоа треба да разберете дека жените владеат над нас. Не преземате ли тешки работи, нели се трудите и се мачите, не принесувате ли и не давате ли сè за жената?
23. Го зема човекот мечот свој и излегува по патиштата да граби и краде, готов е да плови по море и по реки,
24. лав сретнува и во темнина талка; но ако украде, одвлече или ограби нешто, ѝ го носи на саканата своја.
25. И човекот повеќе ја сака жената своја, отколку таткото и мајката.
26. Многумина полудувале поради жени и станувале робови преку нив.
27. Многумина загинале и пропаднале и згрешиле преку жени.
28. Зар сега нема да ми поверувате? Нели е голем царот со власта своја? Нели сите земји се плашат да се допрат до него?
29. Јас го видов него и Апамина, ќерката на славниот Вартака, царева наложница, како седи десно од царот;
30. таа ја симнуваше круната од главата на царот и си ја ставаше, а со левата рака го удираше царот по усните.
31. И покрај сето тоа царот ја гледаше со отворена уста: ако таа му се насмевне, се насмевнува и тој; а ако, пак, му се налути, тој ја милува, за да биде добар со неа.

32. О мажи, како да не бидат силни жените, кога прават така?”
33. Тогаш царот и големците се погледнаа еден со друг, а тој почна да говори за вистината, па рече:
34. „О мажи, нели се силни жените? Голема е земјата и високо е небото, и брзо е сонцето во својот од, зашто за еден ден го обиколува небесниот круг и пак се враќа на местото свое.
35. Нели е Голем Оној, кој го прави тоа? И вистината е поголема и посилна од си.
36. Целата земја ја повикува вистината, и небото ја благословува, и сите работи се сретнуваат и треперат пред неа. И во неа нема неправда.
37. Неправедно е виното, неправеден е царот, неправедни се жените, неправедни се и сите човечки синови, па и сите нивни работи се такви: нема вистина во нив и тие ќе загинат во неправдата своја;
38. а вситината победува и останува силна засекогаш, и живее и владее од века до века.
39. Во неа нема пристрасност и разликување: таа го врши она што е праведно, одбегнувајќи си што е неправедно и лошо, и сите ги одобруваат нејзините работи.
40. Во нејзиниот суд нема ништо криво; таа е сила, и царство, и власт и величие во сите векови; блгословен да е Бог на вистината!”
41. И престана да говори. И сите тогаш викнаа и рекоа:„Голема е вистината и најсилна е од се.”
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.249
Поени од реакции
12.260
Евреите има што да го научат светот:

„Не дружи се со гневлив и не оди со човек жесток,
за да не се навикнеш на нивни патишта и да не навлечеш стапица на душата своја.
Не биди од оние, што даваат рака и се заложуваат за туѓи долгови:
ако нема со што да платиш, зошто да ти ја земат постелата под тебе?“
- Изреки (משלי
), XXII:24-27
 
Член од
4 август 2018
Мислења
1.555
Поени од реакции
3.342
- На мудриот срцето му е на десната страна,а на глупавиот на левата. (Проповедник 10:2)
- Глупавите ги поставуваат на многу високи положби,а способните остануваат на ниски положби. (Проповедник 10:6)
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
5.096
Поени од реакции
5.293
- На мудриот срцето му е на десната страна,а на глупавиот на левата. (Проповедник 10:2)
- Глупавите ги поставуваат на многу високи положби,а способните остануваат на ниски положби. (Проповедник 10:6)
Никако да се сетам зашто овие две мудрости се‘ уште се точни и одговараат не само на времето во кое се искажани и запишани, туку и на очигледните позиции кои некои ликови ги имаат фатено низ денешнава политика...:unsure:
 
Член од
4 август 2018
Мислења
1.555
Поени од реакции
3.342
Никако да се сетам зашто овие две мудрости се‘ уште се точни и одговараат не само на времето во кое се искажани и запишани, туку и на очигледните позиции кои некои ликови ги имаат фатено низ денешнава политика...:unsure:
Нема ништо ново под сонцето...(пак Проповедник ):)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.249
Поени од реакции
12.260
„Стави ме како знак на срце, како печат на твојата рака;
зашто љубовта е силна како смртта, а љубомората е цврста како гроб.
Нејзиниот жар е жар на огнот, нејзините пламења, Господови пламења.
Големи води не можат да ја угаснат љубовта, ниту реките да ја потопат.
Да го дава некој за љубовта сето богатство на својот дом, тој би навлекол презир врз себе.“
- Песна над Песните, Крал Соломон
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: alf
Член од
4 август 2018
Мислења
1.555
Поени од реакции
3.342
"Така вели Господ: Проклет да е оној човек, што се надева на човек и кој телото свое го смета за сила, и чие срце се клони од Господа." (пророк Јеремија 17.5)
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.305
Поени од реакции
30.641
Римјани 7
15Така, не знам што правам; зашто не го правам она, што го сакам, туку го правам она, што го мразам.
16Ако пак го правам, она што не го сакам, се согласувам со Законот дека тој е добар.
17Зашто тоа веќе не го правам јас, туку гревот, кој живее во мене.
18Имено, јас знам дека никакво добро не живее во мене, односно во моето тело; зашто, желба за добро има во мене, но не и сила за да го правам тоа,
19зашто не го правам доброто, што го сакам, туку го правам злото, што не го сакам.
20А ако го правам она што не го сакам, не го правам веќе јас, туку гревот, кој живее во мене.
21И така, го наоѓам овој закон: дека кога сакам да правам добро, злото е близу.
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.610
Поени од реакции
1.158
Песна над песните

10. Мојот возљубен се огаси и ми рече: „Стани, мила моја, убавице моја, дојди!
11. Еве, зимата веќе мина, дождот го снема, престана веќе,
12. цвеќиња се појавија по земјата; настана време за кроење лози, и гласот на гугутката се слуша во земјата наша;
13. смоквите ги отворија пупките свои, и расцутените лози пријатно мирисаат. Стани, мила моја, убавице моја, и дојди!
 
Член од
11 март 2023
Мислења
35
Поени од реакции
38
Proverbs 9:10

“The fear of the Lord is the beginning of wisdom: and the knowledge of the Holy One is understanding.”
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.610
Поени од реакции
1.158
Галатјаните
9. а сега, откако Го познавте Бога, или, подобро, откако Бог ве позна, како тоа пак да се враќате кон слабите и лоши стихии, на кои пак сакате одново да им служите?
10. Гледате на деновите, месеците, времињата и годините.

11. Се плашам за вас, да не би случајно залудо да сум се трудел меѓу вас.


Галатјаните
31. И така, браќа, ние не сме деца на робинката, туку на слободната.

Ако човек е дете на робинката-времето е роб.

До кога ќе робувате ?
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.610
Поени од реакции
1.158
Дојди да ти ја покажам пресудата на големата блудница, која што седи над многу води;
со неа блудствуваа земните цареви, и со виното на нејзиното блудство се опија жителите на земјата!«
И ме одведе со духот во пустина: и видов една жена како седи на црвен ѕвер, кој што беше полн со богохулни имиња и имаше седум глави и десет рогови.
А жената беше облечена во пурпур и скерлет и накитена со злато, драгоцени камења и бисери; во раката своја држеше златна чаша, полна со гнасотија и нечистотија од блудството нејзино.

А на челото ѝ беше напишано името: »Тајна, Вавилон големиот, мајка на блудниците и на земните гнасотии.«

- Откровение
 

Kajgana Shop

На врв Bottom