Бугарија ни е крива, Бајден е дртав, Албанците не кочат, Грците не заебаја, Европа не мрази, Макрон сака да не уништи.... сите ни се криви, само ние страдалници сме исправни, страдаме од предавниците.... Е ај да видиме колку ние како народ вредиме, колку сме ние патриоти и спрема тоа да видиме каде е нашето место под сонцето.
Како да се одбраниме од Бугарија и клетиот Макрон ако 150.000 ,,македонци,, земале бугарски пасоши и уште најмалку толку се во процедура да земат бугарски пасоши? Значи имаш 300.000 ,,македонци,, кои доброволно, при чиста свест и совест, не присилени од никого, отишле во Бугариија и таму потпишале дека се бугари по националност, дека нивните родители, баби и дедовци се бугари. Тоа значи дека тие 300.000 кои директно за себе потпишале дека се бугари, индиректно потпишале дека и нивните семејства се бугарски, па помножи го нивниот број со 3 или 4 и ке ја добиеш цифрата на ,,бугари,, во РСМ со која Бугарија, документирано, излегува пред еу и Макрон, и тогаш сети се зошто еу и макрон ,,не мразат,,, зошто условите ки ни ги поставија се такви, зошто го доведуваат во прашање нашиот идентитет, јазик, историја. Дали нашите ,,патриоти,, кои сега плачат над жална Македонија и се најпаметни на светот, кога одеа во Бугарија и потпишуваа дека се Бугари угнетени од комунистите и Тито, дали тогаш не се сетија дека ниедна држава во светот не дава пасоши така од ракав, дали не се сетија зошто од нив се бара да потпишат изјави дека тие се бугари исто како и нивните родители, дедовци и баби, дали не се сетија дека зад таквото давање пасоши Бугарија мора да има некој план, дека тој список еден ден ке биде ставен на маса, дека во зол час ке биде употребен против Македонија. Се прашувам, дали Макрон е виновен што на пример од моето друштво кое брои 8 другари, (од кои еден е ром и е вон овој муабет) четворица отидоа во БГ и потпишаа да се Бугари и останавме тројца Македонци? И еве како изгледаше последната другарска средба. Кога беа протестите двајца од благонадежните, како големи патриоти и партијци, не убедуваа нас неблагонадежните и комунистички лигуши и предавници да одиме заедно на протест оти предавниците Ковачевски и Бујар ке не бугаризирале?! Од страна на неблагонадежниот другар беа веднаш отерани во три лепе пизде материне, и им беше појаснето дека тие потпишале уште многу пред ковачевски и бујар да потпишат и дека тие не може да бидат бугаризирани оти веќе се бугари.... Ама ние тоа знаеш за работа за странство... Мамето ваше татарско, писмени сте и знаете дека никаде не пишува дека вие тоа за работа сте потпишале, јасно стои таму што сте потпишале....