Хептаграм XI
Ἱερὸς Γάμος
- Член од
- 13 февруари 2010
- Мислења
- 12.169
- Поени од реакции
- 12.153
Со тебе најмногу дискутирам.,...
Ти си тој што сам толкуваш и си додаваш значења кои немаат врска во однос на светата книга на христијаните и не убедуваш дека не си христијанин.
Дека не го следиш патот на Исус Христос и се останато... ја знам твојата одбивност кон црквата христијанска, но не може да се повикуваш на книга која е создадена токму од тие цркви и да велиш дека не си христијанин.
Тоа се лажеш и себе си а се обидуваш и другите да ги лажеш. Себе си, ќе се излажеш, но тешко другите.
Не ти се точни идеите за христијанската света книга и немаат ништо со тоа што ти зборуваш.
И зборуваш како книга не треба за Исус, а ете те кај ми споделуваш „најубави цитати од библијата“ - како слеп за стап си се фатил за христијанството и се обидуваш да го реанимираш со без врска коментари.
Што се заморуваш со верниците како и што гледаат? Можеш да ги облечеш нивните чевли и да бидеш како нив? Кој те тебе повика да ги оправеш христијаните во однос на нивната света книга и дали им треба тоа воопшто? Зошто имаш потреба да коментираш туѓа света книга? Бидејќи си во Македонија и христијанството ти е најблиску како религија?
Си се обидел да ја гледаш библијата христијанска баш како што ја толкуваат светите отци? Како што расправа црквата?
Не. Зошто?
Има одговор на тоа зошто нели?
Ти сакаш да си извор, но матна ти е водата бидејќи со туѓи перја/свети книги сакаш да се прикажеш како нешто друго, а не христијанин.
Сакаш да им укажеш на верниците христијани дека се излажани? Дека не треба така да се верува и дека ти како „извор“ најдобро ќе им протолкуваш околу библијата?
П.С. Исус не опција ниту ќе биде. Распнуваме богови кои ни велат дека има „суден ден“! Така било, така е, така ќе биде
Разгледај ги учењата на Земјата - не е само христијанството и Исус. Има и нешто многу повеќе...