А да ве прашам дали да ја пуштам филтер пумпата и во денови кога не се користи базенот? И по колку часа во ден да е пуштена?
Во принцип викаат дека треба еден и пол до два пати да ја изврти водата во едно деноноќие.
Значи ако пумпата ти е 1600l/h*10h=16t што е два пати од вкупната количина вода во базенот и тамам според препораките.
Е сега во пракса и не мора секогаш да ти работи 10 часа! Ако никој не се бањал, или се бањале двајца, или чист е секако(итн итн) некогаш па и не мора да ја пуштиш, баш ништо нема да се деси! Некогаш ќе ја оставиш 5 саата, некогаш 8.
Пр.вчера не ја пуштив иако фамилијарно си го користевме базенот. Вечерва ја пуштив нешто после 21h и ќе ја оставам до сабајле(кој прв ќе стане тој ќе ја изгаси). Ем е ефтина струја, ем подобро навечер да филтрира. Реално нема правила, сам најубаво ќе си видиш…
Некогаш и денски ја пуштам саат-два да измеша топла-ладна вода, посебно ако е прекриен. Последнава недела ич не го ни покривам, ни денски ни навечер! Многу заебанција ми иде тоа покривање/откривање, и прежешко е времето секако. Гледав бар навечер да биде покриен, ама и тоа баталив!
Е сега
@Yasho каже усисавање на дното…
Тоа е убаво и изводливо кај него со чистач, ама нашите базени се премали за таков чистач и имаат преслаба пумпа!
На неколку дена рачно ќе мора да го правиш и тоа. Имам рачна четка од интекс што работи на притисок од црево од водовод, и таман и го дополнувам…
Ме замрзи од пишување, другпат повеќе…
