...ќе го игнорирам по втор пат твојот коментар,бидејќи е надвор од било каква духовна рамка,и само ќе додадам една моја дилема што долго стои кај мене а е во врска со Исус и Светото писание
...зошто Исус не оставил ниту една напишана мисла,туку оставил да биде интерпретиран кој како му е по желба и потреба?
Види....ја‘ се‘а нема да те игнорисам, туку ќе ти одговорам на прашањето.
Христос не остави зад Себе никаков пишан текст, оти Он не дојде како прозаист и како поет, туку дојде за да биде препознаен од Неговите (по род) како ветениот и проречениот Месија, ама Неговите не само што не Го препознаа, туку и Го распнаа.
Христос делуваше јавно, пред Евреите па и пред еврејските соседни племиња, но не тајно, така да речиси се‘ што е од Него кажано и сторено, било видливо и слушливо и сосема доволна причина за да биде или прифатен или неприфатен пред се‘ од Неговите по род, без никакви текстуални запсиси, дотолку повеќе што писменоста во Неговото време кај Евреите е привилегија, не масовност. Повеќето од Неговите Апостоли се неуки во световна смисла на тој израз.
Арно ама, Он (Христос, нели...) не не‘ остај сирачиња, туку заедно со Духот Свет ја основа Својата Црква, а токму Црквата ни остави и се‘ уште ни остава записи, кои се корисни за нашето спасение.
Христос не оставил никаква можност за Негово толкување, туку Он остава слободна волја за Негово прифаќање или неприфаќање.
Ај сега стај уш‘е еден „смешко„ на мојов допис...