и уште нешто сакав да напишам,
...викендов сакав да бидам учесник на манифестацијата „Пиво Фест“ Прилеп, впрочем после пандемиското затворање ќе ми дојдеше релаксирачко, ама одбив, зашто?
затоа, што овие денови некои се мачат таму на улица, ај за младите, ама постари пензионери, во нивно име на нивниот труд со присуство на протестите против францускиот предлог, не можев, не си го дозволив тоа, НО,
пак ќе кажам „НО“,
...Прилеп, град во кој градоначалник е член на вмро да за време на протестите се одржува манифестација „Пиво Фест“ и ги одвлекува цела недела цело македонско население во Прилеп,
...наместо да бидат тие сите пивофестовци пред Собрание, градоначалникот прилепски по вокација ортопед, толку му сечи тоа мозочето гипсирано или негова партија вмро, не размислува дека сите а посебно скопјаништата се по пивото и сите без отсуство се присутни во Прилеп? или е во прашање собирање пари од манифестацијата? па собери после една недела не мора сега, откажи за една недела!
...ментална гимнастика, од една страна вмро повикува излегување на улица на протести против францускиот предлог, а од друга страна „дозволува“ одржување на „Пиво Фест“ токму во тие денови? уат а фак, бејби жМицко,
ај разбирам за Стар Дојран со нивниот Д фестивал,
градоначаник им е од редовите на сдсм, па ете одржува концерт токму кога се решава македонското прашање, па ја одвлекува младината во Дојран,
ама вмро беееее, музика и пиење пиво во Прилеп кога цела недела се решава македонското прашање?
... па негов сопартииец, вмровец му се тресе раката на говорница во Собрание палејќи го листот за што треба да се изгласа на Собрание, а негов соопартиец градоначалникот на Прилеп мува не го лази си пие ладно пиво на манифестација „Пиво Фест“?
... па уште се фали гадоначалникот, вмровец, додека негови соопартици се мачат во Собрание и по скопските улици, тој се фали јавно дека имало 30 000 посетители во првиот ден во Прилеп?
Оооооооо земјо Индијо, сите тие 30 000 требаше пред Собрание, а не да ги одвлечете во Прилеп, па после тука ќе се обратите кон народот : „излезите, излезите на протести“, кој да излезе кога вашиот повик на терен е ментална гимнастика?
кој е крив и кој треба да биде казнет за ваков гаф? а вмро? има некој да каже?
аааа