Доста со лажни христијански истории и зборување на памет за да си оправдаш верувањето.
Ако не знаеш за евреите и нивниот закон, на кој вие како христијани полни со омраза му дадовте простачкиот наслов познат како „стар завет“ - да отвориш историја и да прочиташ, не да шириш омраза кон евреите и сите други бидејќи знаењето за нештата поврзани со религиите ти се едвај колку чергата на христијанството. Излези од тој меур и погледни го човештвото и неговата историја надвор од призмата на религијата од која си дел и те задоила со догма!
Во ред е, верувај - туркај си надежта, ама вакви глупости - дај прибери се.
Не можам да те читам кога пишуваш вакви глупости. „Сам христос им заповеда“ - беше ти таму и виде како им заповеда.
Како бре вака зборувате за религиите и верувањата, како да се тоа факти, како да сте биле таму, како да е тоа историски момент?
Евреите го имаат месијата и идејата за месија. НИКОЈ ДРУГ! Христијанските секти кои приграбаат се што минува од учење низ Блискиот исток, градат „сончев мит“ од „Месија“ кои само тие го познале, а евреите од кои доаѓа законот - неписмени, не знаат да толкуваат, чекај ние како секта и збирштина од учења, ќе ви кажеме дека грешите и ќе ве уценуваме и мразиме довека!
Нивни се пророците. На евреите! Евреин ќе ги исполни тие пророштва (ако веруваме дека постои бог даден во стариот завет, кој потоа има син во новиот).
Но тоа тешко да се случи... да не кажам, воопшто нема да се случи.
Сеуште никој не го исполнил она што треба да се исполни според еврејските учења за да некој биде прогласен за месија, свештеник и цар.
Сето ова христијанското толкување на еврејските рабини и свети книги - не значи ништо во однос на евреите и нивниот концепт на месија и спасител.
Не знам зошто постојано алудирање како рабините не го познале Исус како месија и тоа е нивна грешка... дали воопшто имало Исус за да биде познаен и крунисан како еврејски цар и првосвештеник во Храмот!
Но, тоа се други теми, каде одиме во сомневање и атеизам - дали постоио богот на евреите, кој пак исто така е бог и на христијаните и муслиманите, но видоизменет или од друга перспектива.