- Член од
- 4 ноември 2017
- Мислења
- 2.199
- Поени од реакции
- 4.170
Може. Али тоа најверојатно некоја проценка или нешто билдаат. Не собира толку салата. 6,200 макс со тие седиштата позади гол на страната без трибина.На сите натпревари под капа на ЕХФ кога била полна салата Борис Трајковски била заведена со 6750-6800 гледачи. Од таму ми е математиката.
Еве ти од 2004 најава за салата.
Они забуна правеа со капацитетот. Пошто викаа 10,000. Ама тоа е за концерти. 8,000, ама, тоа е за бокс, борење, такви настани. За кошарка и ракомет е 6,000. Па после ја додадоа таа трибината позади гол од 150-200 места. Официјани планови беа објавени од салата и си ги пишуваше тие бројки, 4,500 фиксни, 1,500 монтажни. Знам, бев и на нејзиниото отварање, кога Харлем Глобтротерс беа. Остај тоа што се пишува и се збори над овие бројки, не е вистина тоа.Во Градското собрание вчера беше презентиран проектот за новата спортска сала што градоначалникот на Скопје Ристо Пенов ја вети уште пред четири години. Салата е проектирана од ГП "Маврово" и ќе се гради на празниот простор кај хотелот "Александар палас".Градоначалникот Пенов објасни дека тендерот за изведувач е распишан и очекуваат дека изведувачот ќе биде определн до 13 ноември. После тоа, веднаш ќе почне градбата. "Планот е до крајот на годинава да се постават темелите и носечката конструкција. Комплетно треба да биде изградено до 2006 година. Пресметките покажуваат дека целиот прокет ќе чини околу 12 милиони евра", рече Пенов.Големата сала ќе биде со вкупен капацитет од околу 10.000 места. Од нив, 4.554 места на фиксна и 1.526 места на мобилните трибини. Во големата сала ќе има и дополнителни трибини, со максимален капацитет од 2.000 места, за спортови како бокс и борење, како и можност за концерти во кои ќе се користи и платформа за стоење од 2.000 до 4.000 места.Во малата сала е проектирана фиксна трибина со капацитет од 467 места.
И за Јане на сајтот на Вардар пишува дека е 6,500, али и тоа е фантазија. инаку, што многу луѓе надвор од Аердром не знаат, е дека до Јане Сандански има друга сала, што е скоро готово, што треба да има некој капацитет од 3,000, општина Аеродром ја почна во 2009/2010, и никогаш не ја доврши, и си стои такa, со фасада направена, без столчињва внатре од 2018.
Последно уредено: