Па и опозицијата е производ на шарената револуција, не е само власта. Тоа не беше револуција исклучиво за правење на преврат и инсталирање на СДС квислинзите, туку за целосно редефинирање на политичкиот простор по замисла и во служба на нашите т.н стратешки партнери.
Ако 2001 беше пресвртна точка и иницира процеси за редефинирање на целокупното државно уредување, сега сме во друга фаза влезени. Уредувањето пред 2017 веќе не постои, исто како што не постои тоа пред 2001. Ова сега е друго уредување, друга држава каде што македонскиот фактор е во целост маргинализиран. Едноставно кажано ја испуштивме државата од раце и станавме плен на лешинарите околу нас.
Има овде ликови кои што не разбираат дека во вакви турбулентни времиња каде што се создава новиот светски поредок императив за нас беше да опстанеме како уредување и да задржиме некаков макар и половичен суверенитет над оваа територија, во надеж дека можеби некогаш ќе се создадат поповолни геополитички околности за нас како народ.
Меѓутоа овде живеат кусогледи ликови, народ со ампутиран дух и малодушни опортунисти кои што за краткотрајна корист прокоцкаа држава, привилегија која што не успеале да ја остварат и поспособни народи од нас. Вака излегува дека навистина не секое племе заслужува држава.