Чекор по чекор Водич за пријавување данок на дивиденда преку Е-ПДД
Прво кликаш на стрелката за да ти се отвори менито, потоа кај опцијата Аконтативна пресметка кликаш на стрелката за надоле за да ти го отвори подменито, истото кај опцијата Е-ПДД, кликаш “Внес”.
Ти се отвара нов екран Аконтативна пресметка / Податоци за подносител каде ги има твоите податоци. Под полињата е-маил од лево и контакт тел. Од десно има две полиња за датум. Во овие полиња го означуваш месецот за кој пријавуваш од први (лево) до последен ден од месецот (десно). Потоа кликаш Сними податоци за подносител.
Најдоле од левата страна имаш ново копче Нова ставка, го кликаш.
Пополнување на ставката: прво ја пополнуваш Државата во која е резидентот исплатувач. Пр. Имаш добиено дивиденда од три компании од САД. Бираш САД.
Кај Вид на доход се бира Т7, кај Подвид доход се бира Ѕ7.1.
Се внесува датумот на кој е стигната дивидендата (payday) може да се види од документот. Во примерот беа спомнати три компании од иста држава. Се внесува последниот датум од трите.
Се бира валутата што е наведена на документот USD или EURO. Се внесува збирот на сите дивиденди бруто за кој се пријавува. Ако се пријавува само една дивиденда, се внесува нормално. Пошто неможе да се внесуваат децимали, се применува сметководствено заокружување од 1 – 4 се заокружува надоле, од 5 – 9 се заокружува нагоре.
Доколку станува збор за држава што има withholding tax се внесува датата и вредноста на задржаниот данок. Доколку се внесува за повеќе држави оддеднаш, тогаш вредностите се собираат со заокружување на цел број. Најдоле се клика копчето Сними ставка.
Доколку се пријавува дивиденда за држава што не задржува данок, тогаш само се клика копчето Сними ставка.
Со кликање на копчето Сними ставка се затвора внесувањето и се покажува пресметката обележана со црвено и Статус “Има грешки.”
Се клика на стрелката од страна на пресметката за да ја отвори, па се клика на копчето Документи што е обележано со црвено. Тука треба да се прикачи Realized summary.
Доколку е платен withholding tax документот се прикачува два пати. Еднаш како доказ за примен приход и еднаш како доказ за платен данок.
Доколку државата од каде што доаѓа дивидендата нема задржано данок, тогаш документот се прикачува само еднаш како доказ за примен приход.
Потоа се клика Назад.
Последна проверка дали сите податоци се точни и ако се е во ред се клика најдоле на екранот на копчето Затвори пресметка.
После кликање на Затвори пресметка, веднаш на мејл ти стигнува пин код што треба да се внесе и да се потврди затворањето на пресметката.
Со тоа се што треба да се направи од ваша страна е завршено сега за сега.
Пресметката добива Статус за проверка. Откако ќе ја извршат проверката ако треба да се плати данок ќе добиеш Рекапитулар со фолио број за плаќање на данокот. Доколку не треба да платиш, пресметката ќе добие веднаш статус Платена.
Целата процедура трае од еден до неколку дена, во зависност од тоа колку работа имаат во УЈП за да ги вршат проверките.
Се надевам дека ова ја разјаснува процедурата.