...што значи дека почетокот на преговори со ЕУ за Албанија е зависен од „севернава„ како и обратно?...
Ако „севернава„ продолжи да потпишува капитулантски договори, а Бугарија продлжи да додава нови предуслови кон „севернава„ со што рабојќето ќе се одолговлекуваат, Еди со патиките (ќе) има причина повеќе да ја одвои Шќиперија од „севернава„ околу почетокот на преговорите.
Не они во моментов направија да бидат зависни патиштата на Албанија и Македонија за добивање на датум за преговори зошто они така сакаа не дека има некакви правила или регулативи за тоа. Технички после добивањето на датумот за преговори повторно би требале да ни бидат независни патиштата. Но кој гарантира дека за 5 години нема да им текне да ги спојат патиштата на Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија и да речат дека сите држави можат да влезат само заедно во пакет. Никој не ти гарантира. Може и Турција да ни ја убацат во групата.
Чисто да дадам пример, Турција ги има започнато преговорите за влез во ЕУ, не со ЕУ туку со ЕЕЗ претходникот на ЕУ во 1987. Како што има кажано Турскиот министер за надворешни работи. "Дипломатот кој беше претставник на ЕУ на церемонијата за почеток на преговори, умре од старост а кога беше потпишувањето на документот беше средновечен маж".
Ако сака ЕУ да те бутне, ќе те бутне како што ги бутна Бугарија, Романија, Полска, Латвија, Литванија. Која од која поголема дупка од држава. Ако сака да те заебава, ќе те заебава како што им правеа на Хрватите колку време. Ако сака да те заебе, ќе ти го направи ова што ни го прави на нас, на Турција, на Србија. Па Србите на времето потпишаа договор за на терен признавање на Косово за да добијат датум за преговори. Србите исполнија се од тој договор, Косоварите ништо и на крај сега им викаат пак на Србите. А па признајте ги комплетно.
И секако тука ја имаш најголемата дупка а тоа е Кипар. Држава на која пола територија и е под "окупација" според нив, кој што се технички во војна. Единствена економија им е да перат пари за мафијаши. И некако ете они ги исполнувале условите на ЕУ.