Имаш многу компании кои го работат ова низ МКД, сите бараат работници ама ретко кој плаќа за да задржи (зависи од компанијата ама околу 300€ беше почетна и тоа пази со искуство) низ Скопје ретко кој даваше повеќе и плафон им беше околу 600€Здраво дечки. Јас почнав темава со цел јас и останати како мене кој не се запознаени со оваа тема да дознаеме од искусни во оваа област повеќе за:
-Што е CNC?
-Која е разликата меѓу оператор и програмер?
-Каде може да се стекнат вештини од оваа област (освен обуката на славјански универзитет)?
-Дали обуката на славјански е доволна за да се стекнат вештини за вработување?
-Дали сте задоволни од работата, условите, работно време, работна атмосфера, физички напор, стрес итн?
-Дали работата е штетна по здравје(испарување, исекотини и слично)?
-Дали се работи во смени?
-Кој е опсегот на платата за почетници и за искусни?
-Дали е можно да се работи фриленс од дома за странски компании како останатите програмери во ИТ индустријата?
-Поради тоа што на youtube видов софтвер кој сам генерира g-code дали струката ќе опстане?
работа во смени загарантирана

кратко појаснување иако ти бараат да бидеш програмски гуру и да ги знаеш сите познати и непознати програмски јазици работниот ден на крај ти се сведува на оператор само зашто 99% од времето ќе правиш нови нарачки на веќе испрограмиран дел
не сум работел јас цнц ама многу близок другар го работеше ова долги години пред да се спакува и да иде истото да го работи у Софија каде платите се доста повисоки