Македонскиот сон, ставови

Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
Тема за Македонскиот "сон". Работа по можност државна, жена/маж, стан, кола и пари за трошење. Што е? Има ли смисла и најбитно дали ќе ве направи СРЕЌНИ?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.586
Поени од реакции
37.494
...сето тоа да се оствари и да се доживее вистинки македонскиот сон, треба да нема инволвираност на политиката таму каде не и е место и тоа во образование, медицина, економија, трговија, градежништво...итн.
...бескрајно среќна лично би била кога би немало непотизам и партиски влијанија на места каде не се одвива политика, така да и фантазирањето и филозофирањето ни е регулирано партиски!
 
Член од
21 мај 2021
Мислења
787
Поени од реакции
1.651
Во оваа држава каде што ништо нема вредност,единствено нешто што му останува на човек е да си ги следи своите правила.
Заработувај од што можеш и колку можеш,не се жени,живеј до одредена граница развратен живот,воопшто не ги слушај и почитувај демагогиите на другите пошто секој живее во неговиот свет и гледа да ти ги наметне неговите правила итн,итн...

Екстремен либерализам,живеење на мој начин,тоа е мојата филозофија,тоа е оноа што ме прави среќен во оваа држава.Се друго е лага.
 
Немаш појма колку не го забележувам тоа а тебе те нервира...
Автоматски споено мислење:

Секој по свој пат има смисла.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.586
Поени од реакции
37.494
Немаш појма колку не го забележувам тоа а тебе те нервира...
... па не ни е иста средината, еве на пример, поставување на директори на државна институција каде е еден од примерите на твојата тема за исполнетост и среќа при вработување, е само и само по партиска линија, луѓе несоодветни, неедуцирани, невоспитани, со никаков квалитет само со еден услов партиски куролижач(ки)!
...со доаѓање на оваа власт се укина сите колку толку критериуми за да се постане директор на некоја институција, првенствено степен на образование, стаж и искуство во таа област, познавање на најмалку уште еден странски јазик, пишани трудови од соодветна област, психолошки тестови, па дури и „полагање“ за директорска функција,
...која среќа би била некој да работи во државна институција, кога тој што е главен менаџер нема никакво познавање, невоспитан и е партиски дупелижач со непроверен писихолошки тест и таквото директорување ќе биде според партијата како кажува, дали тоа би биле среќа за вработениот, а истиот да не биде исто куролижач(ка), пошто денес нема нормално вработување како порано туку исклучиво партиско или непотизам -од таткото ќерката или синот!
 
Знаеш колку ми е гајле дали некој ќе биде директор и унапреден а е 2 пати понеспособен од мене. Јас кога работев во државно и реков на колешката во канцеларија ако влезе директорот и рече дека ти дава тебе дупло поголема плата од мене поради рандом причина дека мене ќе ми биде гајле. Таа ми рече дека сум ненормален и дека таа многу би се изнервирала ако директорот тоа би го направил на мене.
Е таа истата уште е во истата канцеларија и се нервира. Јас одам напред и не ми е гајле за неправда. Светот е неправеден и тоа е нормално и ок. Таков е исто како да се нервираме зошто дождот е влажен, таков е. Многу ти е погрешно размислувањето.
 
J

joli1

Гостин
Се будам у Струга, пентхаус у центар. Се прашуеш сега зашо па Струга? Зашо ми е мил и преубав град, народот питом и културен, кафаните и јадењето врвни, а и крофните туе у центар кј тие жените им се предобри. А да, предност е шо ни у сезона нема људиве од мојов град да ги глеам, што не би било случајот со Охрид. Еј, а нагласив и струшките гзиња са добри?

Чим се будам, одма мавам една-две (еее сега шо) да се расонам и да се стаам у флајт ор фајт стање зашо животот е борба. После тоа кафенце и цигарче со момичето, а потоа тресење гласно за да знаат комшиите која бараба станала у 2 попладне од спиење. После тресење доаѓа моментот каде го замиришувам цело струшко маало со палка полна едно растение од кое насмевката на лицето доаѓа сама, а и некако животот нагло станува интересен.

После томпусот, си влегувам у SUV-от, спуштам прозорите до доле, мавам уште некоја или уште пет, пуштам технарица затоа што со псајтренс сум опасност за пешаците и локалните жители. Влегувам од локал до локал да си наплатам кирија, а дур кираџијата ми ги брои евричите што треба да ми ги исплати, јас си ја чешкам брадата и го трљам носот, онака Аца Лукас стајл.

После завршување на ,,обврските" одам да се напијам кафенце покрај Дрим, ама сепак не наручувам кафенце затоа што сум малку престимулиран, вилицата почнала да бега настрана уште малку у Драч ќе стигне, у очите отворен, а литар пот само од под мишки има излезено, џабе дезодорансот. Сепак си наручувам кисела вода. После цигара-две или пола кутија спамирање, одам до WC за ,,да си ја наместам фризурата" т.е да се освежам уште еднаш. Плаќам сметката, му остаам на конобарот што ми кажа дека сум ги напраил брковите со прашок една дневница, му се заблагодарувам на услугата и си заминувам.

Стигнувам дома. Од педерушата вадам една љилава банкнота и и ја фрлам на момичето за да не ме напнуе више и да си шетне со другарките некаде за викенд, таман и со другото момиче за викендов да се видам. Лупаме уште неколку партии, палам уште една диско цигара и си легнувам. Заспивам. ди енд.
 
...темата е за општо сите што би ги правеле „среќни“, зашто насочуваш „тебе што ти е гајле“ да не сум офтопик нешто и не ти го разбирам образложението при отварање на темата?

...тогаш ајде вака, што тебе те прави „среќен“ од тоа што све што си ги напишал за пример, како прво прашање, а како второ зошто пишуваш „дека ти е гајле“ кога долго време колку што те следам на форумот се бориш со анксиозност и депресијата, зошто би, кога си среќен и не ти е гајле и не приметуваш работи околу тебе, што ете мене ми пречи, да речеме? :kafence:
 
Јас можам да кажам за себе, јас сум среќен и сум со години. И кажувам што ме прави среќен. Тоа не е работа, жена, стан, пари. Ме прави среќен што сум ОК. Не ми треба правда, животот е неправеден и бил со мене и ќе биде тоа е закон и тоа математички. Треба да се свртиме кон самите себе не кон глупости...правда, коли, одмори, шишките на Аца Лукас итн. :)
 
Последно уредено:
Член од
21 мај 2021
Мислења
787
Поени од реакции
1.651
Се будам у Струга, пентхаус у центар. Се прашуеш сега зашо па Струга? Зашо ми е мил и преубав град, народот питом и културен, кафаните и јадењето врвни, а и крофните туе у центар кј тие жените им се предобри. А да, предност е шо ни у сезона нема људиве од мојов град да ги глеам, што не би било случајот со Охрид. Еј, а нагласив и струшките гзиња са добри?

Чим се будам, одма мавам една-две (еее сега шо) да се расонам и да се стаам у флајт ор фајт стање зашо животот е борба. После тоа кафенце и цигарче со момичето, а потоа тресење гласно за да знаат комшиите која бараба станала у 2 попладне од спиење. После тресење доаѓа моментот каде го замиришувам цело струшко маало со палка полна едно растение од кое насмевката на лицето доаѓа сама, а и некако животот нагло станува интересен.

После томпусот, си влегувам у SUV-от, спуштам прозорите до доле, мавам уште некоја или уште пет, пуштам технарица затоа што со псајтренс сум опасност за пешаците и локалните жители. Влегувам од локал до локал да си наплатам кирија, а дур кираџијата ми ги брои евричите што треба да ми ги исплати, јас си ја чешкам брадата и го трљам носот, онака Аца Лукас стајл.

После завршување на ,,обврските" одам да се напијам кафенце покрај Дрим, ама сепак не наручувам кафенце затоа што сум малку престимулиран, вилицата почнала да бега настрана уште малку у Драч ќе стигне, у очите отворен, а литар пот само од под мишки има излезено, џабе дезодорансот. Сепак си наручувам кисела вода. После цигара-две или пола кутија спамирање, одам до WC за ,,да си ја наместам фризурата" т.е да се освежам уште еднаш. Плаќам сметката, му остаам на конобарот што ми кажа дека сум ги напраил брковите со прашок една дневница, му се заблагодарувам на услугата и си заминувам.

Стигнувам дома. Од педерушата вадам една љилава банкнота и и ја фрлам на момичето за да не ме напнуе више и да си шетне со другарките некаде за викенд, таман и со другото момиче за викендов да се видам. Лупаме уште неколку партии, палам уште една диско цигара и си легнувам. Заспивам. ди енд.
Е не,ќе се замараш со тоа дали Заев или Мицковски ќе биде премиер.
Задоволи си ја душата,Господ да те види.
И онака се е тргнато во неповрат.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.586
Поени од реакции
37.494
Јас можам да кажам за себе, јас сум среќен и сум со години. И кажувам што ме прави среќен. Тоа не е работа, жена, стан, пари. Ме прави среќен што сум ОК. Не ми треба правда, животот е неправеден и бил со мене и ќе биде тоа е закон и тоа математички. Треба да се свртиме кон самите себе не кон глупости...правда, коли, одмори, шишките на Аца Лукас итн. :)

...кога веќе пишуваме за питом и културен народ во Струга! :brlav:

замисли турист да престојува во тој стан! :shok2:
 
Последно уредено:
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060

...кога веќе пишуваме за питом и културен народ во Струга! :brlav:
Остај има само сон за на "Струга дуќан да имам". Струга дриминг. Ти се замараш дали дуќанцијата прди или не тој дали следната рата ќе му стигне за момичето и "брашното" а уствари само сонува во кајчето за по риба.
 
Член од
21 мај 2021
Мислења
787
Поени од реакции
1.651
... па не ни е иста средината, еве на пример, поставување на директори на државна институција каде е еден од примерите на твојата тема за исполнетост и среќа при вработување, е само и само по партиска линија, луѓе несоодветни, неедуцирани, невоспитани, со никаков квалитет само со еден услов партиски куролижач(ки)!
...со доаѓање на оваа власт се укина сите колку толку критериуми за да се постане директор на некоја институција, првенствено степен на образование, стаж и искуство во таа област, познавање на најмалку уште еден странски јазик, пишани трудови од соодветна област, психолошки тестови, па дури и „полагање“ за директорска функција,
...која среќа би била некој да работи во државна институција, кога тој што е главен менаџер нема никакво познавање, невоспитан и е партиски дупелижач со непроверен писихолошки тест и таквото директорување ќе биде според партијата како кажува, дали тоа би биле среќа за вработениот, а истиот да не биде исто куролижач(ка), пошто денес нема нормално вработување како порано туку исклучиво партиско или непотизам -од таткото ќерката или синот!
Премногу мешате политика во било која работа Бијонс,затоа овој народ е несреќен.
Да не се разбереме погрешно,работава во државава е одамна отидена,нема враќање,ама тоа не значи дека треба да останеме заковани длабоко во нашава несреќа и да се вадиме цело време на политичарите што не довеле до овоа дереџе.
Човек така самиот си ја потпишува смртната пресуда однапред.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
Премногу мешате политика во било која работа Бијонс,затоа овој народ е несреќен.
Да не се разбереме погрешно,работава во државава е одамна отидена,нема враќање,ама тоа не значи дека треба да останеме заковани длабоко во нашава несреќа и да се вадиме цело време на политичарите што не довеле до овоа дереџе.
Човек така самиот си ја потпишува смртната пресуда однапред.
Ќе туфка за антената на комшијата за платата на директорот ќе гледа телма, ќе гласа на избори со поголема страст одколку за мажот...
 
J

joli1

Гостин
Остај има само сон за на "Струга дуќан да имам". Струга дриминг. Ти се замараш дали дуќанцијата прди или не тој дали следната рата ќе му стигне за момичето и "брашното" а уствари само сонува во кајчето за по риба.
Струга дуќан да имам, точно.

Топла препорака на тебе и @bijons да го посетите, да помуабетите малку со локалното население таму, да останете некој ден да преспиете и да ги запознаете убавините кои Струга ги нуди.

Одлична храна и кафани колку сакаш, паркови, одличен ноќен живот, плажи во близина секаде, магична атмосфера преку лето, гостопримлив и многу пријатен народ, цените реални и онака како што треба да се за македонски стандард. А да, напоменав ли дека Струга-Охрид е буквално 10-15тина минути, ако и толку воопшто? И не, не сум од Струга, но Струга ја обожавам.

Можеш да играш мајтап до утре, можеби се шалев со мојот пост (а можеби и не), но ти отвори тема за македонски сон у држава каде што ти владее бирократија, сиромаштија, невидена инфлација, енормно аерозагадување, никакво образование, никакви активности за млади луѓе (освен поврзани со пороци), итн. Каков би бил тој сон? Заработуваш, имаш кола, имаш куќа/стан, имаш жена/маж, деца, и излегуваш надвор преку зима и ти смрди на запалена гума пола град, контињерите неисчистени, детето го праќаш у градинка кај што некоја ќе му пушта жена од султана да слуша, автопатите никакви полни дупки, буквално нова кола ќе искршиш, место паркови милион згради и слично.

Македонскиот сон е америчкиот сон, германскиот сон, швајцарскиот и шведскиот сон.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom