- Член од
- 29 април 2015
- Мислења
- 4.331
- Поени од реакции
- 4.242
Топ играч е, ама мислам дека не вреди 70 милиони колку што спомнуваат.Нема да ме изненади.
Не, сериозно. Вистината е некаде на средина. Додуша, не е ниту на средина, влече повеќе накај Челзи. Од пишувањата на многу новинари, особено англиски и особено некои навидум близу до клубот, Челзи и Лидс веќе ја договориле сумата за трансферот. Вчера многумина од овие новинари, кои ги сметам повеќе или помалку за релевантни, се истрчаа, благо речено. Скоро па завршена работа изгледаше Рафиња.
Од друга страна, Ромеро како новинар близок до Барселона, излезе со друга приказна. Во целост коректна, за жал со различни толкувања и лошо пренесена. Тој вели дека Рафиња би сакал да игра за Барселона (не е тајна, а доколку е случај и доколку воопшто нема желба никаква да заигра во Челзи, не мора да го сака или не знам што, исходот е јасен), ама па Барселона има проблем некако да му плати толку и толку на Лидс и покрај средствата што би ги добила за Де Јонг (нема логика, ајде ќе го платат Рафиња, туку што правиме подоцна со Кеси, Кристенсен, Левандовски, Кунде и еден куп други имиња кои се поврзуваат со нив).
Односно, главниот муабет му е дека Барселона не е за отпишување од трката (што верувам дека е точно, океј).
Деко денес беше виден на Камп Ноу, дали во својство на скаут (наводно го работел и тоа за Барселона), дали на некаква прослава на Лапорта или да преговара за клиентот, којзнае.
Последни информации говорат дека Деко утре со Челзи има закажано состанок и тука Челзи ќе се обиде да го заклучи договорот.
Како и да е, Рафиња е навистина добар играч и кој и да го земе ќе се офајди. Иако сметам дека е подобар фит за овој Челзи и Тухел, одошто за Барселона.
Искрено јас како навивач, а верувам и другите поише сакаме овие пари да се дадат во одбрана, пошо ни е катастрофа. Плус еден од Фати и Феран ќе треба да седи на клупа, а за замена волку пари....
Дај Боже да отиде кај вас.
