ИТ фирми и пракси во Скопје

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.068
Поени од реакции
57.362
А ова UI/UX?

Под што спаѓа?
Има работа со тоа кај нас?
Дизајнот, видливиот дел од апликацијата и интеракцијата со корисникот. Помалку од девелопмент, али има работа. Скоро секоја фирма држи по некој UI/UX.
 
Член од
28 октомври 2021
Мислења
1.091
Поени од реакции
2.145
Дизајнот, видливиот дел од апликацијата и интеракцијата со корисникот. Помалку од девелопмент, али има работа. Скоро секоја фирма држи по некој UI/UX.
Што би преложил за земање како курс од овај сектор?

Гледам има доста побарувачка и за ИТ администратори, по сите фирми ама што треба да знае еден човек да може тоа да го работи?
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.068
Поени од реакции
57.362
Што би преложил за земање како курс од овај сектор?

Гледам има доста побарувачка и за ИТ администратори, по сите фирми ама што треба да знае еден човек да може тоа да го работи?
Ако одиме по тоа дали има работа кај нас, девелопери се можеби најбарани.
На секој еден ИТ админ, UX, QA... имаш по неколку девелопери.
Али добар предизвик е. Мораш добро да се посветиш, да не завршиш како дечкото од претходната страна со web forms.
 
Член од
10 март 2022
Мислења
152
Поени од реакции
192

Што би предложил ти за тој дечкото
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.068
Поени од реакции
57.362
Што би предложил ти за тој дечкото
Заборави ги windows forms. Не вреди времето таму да го трошиш. И да стекнеш некое искуство се помалку атрактивен си на пазарот со тоа знаење.
Единствено што ќе ти вреди е самиот skill за програмирање.

Ако знаеш .NET, не сакаш html/css/js ориентирај се према бекенд. Следно почни да учиш SQL, Entity framework, WebApi нешто...
Барем да можеш до некоја пракса да дојдеш за почеток. Понатаму ќе си дојде се на своето.
 
Благодарам. Прв пат совет асален да добијам.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.686
Поени од реакции
35.033
Што би преложил за земање како курс од овај сектор?

Гледам има доста побарувачка и за ИТ администратори, по сите фирми ама што треба да знае еден човек да може тоа да го работи?
За да знаеш што треба прочитај неколку огласи :D
За да знаеш што е барано разгледај ги отворените огласи, и види за која позиција има најмногу отворени огласи.
Со девелопмент нема шанса да си без леб, ама проблем е што треба доста време да се прешалташ.
Инаку земање на еден курс нема да ти помогне да се префрлиш, туку фул фокус на тоа што ќе го избереш. Она што сум видел дека работи: тргни се што ти прави дистракција (социјални мрежи, страни што ги посетуваш, политика, луѓе), посвети се секој ден по 3-4 саати (ама баш како да спремаш испит, се затвораш во соба и не мрдаш), не скокај од една на друга технологија и догодина ова време ќе можеш да се прешалташ во оваа индустрија.
Што би предложил ти за тој дечкото
Истото што го пишав погоре.
Не ја прави грешката да скокаш од еден јазик на друг, или од една технологија на друга.
Не учи глупости што никој не ги работи.
Не скокај од туторијал на туторијал, т.е не влегувај во лупот на туторијалите.
Разгледај што се бара на џуниор позициите таму, т.е ако сакаш да работиш бекенд види дали воопшто постојат пракса/џуниор позиции, кои јазици/технологии се бараат, избери го тоа што има најмногу отворени позиции, фокусирај се само на тоа и не пипкај ништо друго, помини го теоретскиот дел и направи неколку проекти (не копирај код, пробај да разбереш зошто се куца така и пробај да го искуцаш самиот без да копираш). Специјализација во една работа најбрзо ќе ти донесе пракса/работа, а и понатаму напредок во кариера.
 
Фала! Иначе добар дел од фирмите кога ќе им кажам дека би сакал кон бек енд да се ориентирам следува одговор " абе да гледам дека си пишувал тука нешо код по гитхуб и јутуб ама ние поише бараме фул стак профил на човек" . А за кој јазик највеќе бараат бек енд треба да проверам. Али ваљда ќе испадне јава :) и со тоа пак да се прешалтам на друг јазик
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.686
Поени од реакции
35.033
Еве една интересна анализа:

Why We Will Never Have Enough Software Developers

Автоматски споено мислење:

Кажи им само со среќа во потрагата на фул стек почетник и аплицирај на друго место :)
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.225
Поени од реакции
35.848
Дел од тоа што сум видел досега:
- QA/Support се entry level позиции во IT. Ако сакаш да напредуваш мора да смениш професија, најчесто во dev.
- QA незнаат да програмираат, нивна задача е да ги искликаат апликациите пред објава на нова верзија.
- Луѓе без (финки, пмф, електро) не се вистински програмери.
- Senior developer те прави знењето и само знаењето. Од истите луѓе ке слушнеш и дека луѓе со помалку од 3-5 години искуство несмеат да бидат senior devs, неможело тоа така.
- Прав програмер програмира и после работно време, има активен GitHub профил, блог и допринесува во проекти со отворен код.
- Frontend е само HTML/CSS и е за „слаби програмери“ и почетници што пробуваат да стигнат до првата работа.
- Backend е само CRUD операции и е за „слаби програмери“ и почетници што пробуваат да стигнат до првата работа.
- Било кој интерес надвор од програмирање, како менаџмент, маркетинг, продажба, итн, е слабост и доказ дека не си добар програмер.
Ако дојде на интервју за сениорска позиција избричен и во кошула, одлуката е донесена пред да почне разговорот!

Ова е ИТ фирма бе, не е свадба.
Автоматски споено мислење:

А ова UI/UX?

Под што спаѓа?
Има работа со тоа кај нас?
Може да биде интересна и креативна работа, само кај нас гледам често дека се underutilized а и повеќе од нив што сум сретнал, чекаат да им се каже што да нацртаат, со што се промашува поентата на нивната позиција.

Добар UX/UI треба да е запознаен и да ги разбира дизајнерските стандарди од областа, да следи најнови дизајнерски практики, да ја разбере големата слика на апликацијата и типот на корисници што ќе ја користат, да даде предлози за целото корисничко искуство и што да се изведе врз основа на барањата од клиентот.

Ако збориме за B2C модел на апликација, ондак добар UX/UI е многу битен ако не и клучен елемент.

Дизајнерот треба да знае Photoshop, Figma, Adobe XD евентуално Miro. Да дизајнира wireframes, prototypes, итн. Гледам сеа често ги бараат со познавања од html, css и js.

Кај нас менаџерите знаат често само површно да ги воведат во целиот процес на развој на апликацијата и да не ги користат соодветно и работата да се сведе на “премести го ова копче од овде, тука”.
 
Последно уредено:

jovankrstevski1

ТАТА_МАТА
Член од
2 декември 2012
Мислења
849
Поени од реакции
568
Еве една интересна анализа:
Why We Will Never Have Enough Software Developers
Автоматски споено мислење:

Кажи им само со среќа во потрагата на фул стек почетник и аплицирај на друго место :)
Мене ова малку почнува да ме загрижува. Вештачка интелигенција која пишува 40% од кодот за тебе. Да, уште е рано, ама за 5-10 години? :/
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.686
Поени од реакции
35.033
Мене ова малку почнува да ме загрижува. Вештачка интелигенција која пишува 40% од кодот за тебе. Да, уште е рано, ама за 5-10 години? :/
Одамна беше очекувано и најавено тоа :)
Најскапиот дел во секој бизнис е човечкиот фактор (платата, простор за грешки, можноста секогаш да замине, периоди на тренинг, недоволно компетентност и тн.). Корпорациите (кои го водат орото), а и генерално бизнисите инвестираат се повеќе и повеќе ова да се автоматизира, т.е како што ИТ-то ги автоматизираше другите бизниси така некој друг ќе им го автоматизира нивниот :D

Ќе еволуира и овој бизнис во поинаква насока, али работа ќе има, некој мора да ги одржува и тие сервиси.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405

Како што не учеше еден професор на факултет дека пари се прават на одржување на софтвер така да и тие сервиси ќе правиме багови што вештачка интелегенција неможе да ги среди за да има работа за нас hehe
 
Член од
10 март 2022
Мислења
152
Поени од реакции
192
Еве една интересна анализа:
Why We Will Never Have Enough Software Developers
Автоматски споено мислење:

Кажи им само со среќа во потрагата на фул стек почетник и аплицирај на друго место :)
Се согласувам со анализата. Треба да се држат отворени и други опции. Размислував така да им одговорам меѓутоа немаше ништо да сменам. На линкдин ме исконтактираа за .нет јуниор да напраиме интервју. Не добив ниту едно прашање за .нет. И на крајот дечкото ми вика имаме ние академија за фул стак би ти препорачал да ја упишеш. После тоа си викам, зашто уствари ако имаат они академија за фул стак .нет што не си земат јуниор од таму. Нели го научиле. И се каам што не го прашав тоа. Фактички интервјуто беше за да се демотивирам само.
 
Последно уредено:
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.623
Поени од реакции
18.096
Мене ова малку почнува да ме загрижува. Вештачка интелигенција која пишува 40% од кодот за тебе. Да, уште е рано, ама за 5-10 години? :/
Ова е повеќе за пишување на boilerplate код и не е нешто што не постоело до сега, во webstorm и phpstorm, па и во excel имаш macros кои ти помагаат да не губиш време на пишување на репетитивен код. Кога вештачка интелигенција ќе научи да решава тикети кои не се добро дефинирани од QA/product owner или ќе научи да прашува тогаш можеш да почнеш да се плашиш. Само до тогаш многу други работни позиции ќе бидат автоматизирани, не само пишување на код.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom