Ти можеш слободно да ги ставиш музеите во наука. И е наука. Но најголемиот ќар музеите го вадат од оние 90% од посетителите кои се туристи, не научници.
Може да се снимаат документарци, тоа е многу убаво. Но тоа нема да ти даде леб денес на маса, дека снимиле вчера документарец за твоето родно село на пример. Освен ако не си ти во продукцијата
А последниов пасус, со траг во животот и стан во Дебар маало споредбата не ти ја разбрав баш... незнам дали знаеш, ама денес да успееш во целово лудило во светов е баш тоа. Да основаш семејство и да ете си купиш стан да живееш на раат

можда делува тажно, ама таа е вистината за огромен број на луѓе денес. А и тоа ретко кој ќе успее. За жал.
Друг траг, незнам, ако си ете научник, ти дал Господ некој талент, спортски, музички, уметнички, интелегенциски. Па да оставиш траг. Ама па тоа е супер мал процент. И не секој се раѓа со исклучителна дарба за да се истакне пред Светот и да остави што викаш ти траг во човештвото.