На муабетов, некој coworking space во Скопје? Ми треба за кратко, ден два.
Првиот чекор е да одбереш што сакаш да работиш. Дали ке е QA, програмирање, DevOps, небитно. Одбери насока и почни со учење. Колегиве пред пензионирање знаат да спомнат за "entry level" позиции, демек да си влезел во ит, па потоа . Игнорирај ги таквите совети.Да прашам овде пошто е поактивна темава.
Останав без работа, под договор сум до први јули. Работам factoring за америчка компанија, нешто како сметководство не е битно ама и самиот си решив уште пред некое време да барам подобра работа, моментално имам неколку понуди dispatch ама не знам дали ми се работи тоа, затоа што ми е преку глава веќе од америчко работно време, не сакам да се расправам со шофери и брокери иако знам дека е релативно платена работа. Ова како мал бекграунд за тоа што прашањата што следуваат, ми треба малку помош за насока да се одлучам.
Веќе пред некое време почнав да си чепкам сам по интернет за QA, отсекогаш сакав ИТ, и засега одлично ми оди, добро ги сфаќам концептите зошто се тестира, како се тестира, елементи, принципи, интересно ми е. Цело друштво ми се програмери и ми викаат дека ќе си трошам пари да запишам академија и да продолжам да си учам сам на интернет, курсеви, они ми наоѓаат материјали доста и ми се понуди пријател да ми дава реални задачи да сработам и вежбам.
Прашањето е колку се исплаќа да продолжам вака и колку отприлика ќе биде тешко за влез во ИТ фирма без бекграунд во тој сектор, затоа сметам дека со академија ќе ми биде полесно, бар за влез. Ако не отидам на академија, планирам да учам од дома и на крај да полагам во Семос или кај има, ISTQB сертификација.
Главни прашања, како е за влез за QA analyst/тестер како и да ги водат позициите нашиве фирми? Која е најдобра насока да се фокусира? Дали според вас вреди да инвестирам 6 месеци и пари во Brainster? До септември имам време да одлучам за академија, до први јули имам време да одлучам дали да останам без работа некој период и да се запнам дома да учам интензивно или да се вработам како dispatch па да жонглирам со учење и работа.
За да имаш знаење, треба да стекнеш сертификат од академија, факултет или курс? И да им фукнеш 2500 евра на Бреинстер за да ти џвакаат работи кои буквално можеш да ги најдеш бесплатно на нет? Сеа све кажа, ја да зеам да си се помочам на целиов труд од 7 години (8,5 години сосе самоиницијативно учење без факултети, академии и курсеви со исклучок на платени онлајн курсеви). Да не предаваш и ти на некоја академија? Све мој до мојега сте.Првиот чекор е да одбереш што сакаш да работиш. Дали ке е QA, програмирање, DevOps, небитно. Одбери насока и почни со учење. Колегиве пред пензионирање знаат да спомнат за "entry level" позиции, демек да си влезел во ит, па потоа . Игнорирај ги таквите совети.
Ако имаш пријател што го работи тоа што си го одбрал, прашај ги како им е работниот ден, што мислат за колегите и поголемата заедница. Прашај ги какви се условите за кариера кај нас и во странство.
Имај во предвид дека java програмер може да ти каже какво е нивното искуство со фирмите што вработуваат java програмери. Нема да ти покаже точна слика за другите позиции. Ако немаш таков познаник, тогаш пробај да запознаеш некој. Програмериве најчесто работат во тимови па ке се најде пријател на пријател што ја работи позицијата што си ја замислил. Бегај подалеку од луѓе како zmej gorjanin што даваат совети за нешто што го немаат работено ниту ден во животот.
Вториот чекор е да дојдеш до работа. Тоа што треба да знаеш е дека во последниве години се отворија еден куп академии, има многу луѓе што самоиницијативно одлучија да сменат кариера. Кога ке аплицираш на оглас за пракса или junior позиција се бориш против сите нив. За да се издвоиш и стигнеш до интервју треба да покажеш дека имаш знаење. Најлесен начин да покажеш знаење е да земеш сертификат од соодветната област, или да посетуваш познат курс/академија/факултет. Друг начин е да имаш проекти или портфолио. Ова може да биде во форма на blog, GitHub профил, било што каде што ке покажеш што си научил. Имај во предвид дека тој што ке го гледа cv-то најверојатно ке кликне на линкот за портфолиото и во рок од неколку минути ке одлучи тоа што го гледа и напишано од некој што има знаење или не. Првото вработување е најтешкиот дел од целава приказнава, ако си во можност јас би терал работа + академија/курс/учење во исто време. Ако не те примаат на првиот, вториот, третиот оглас, не се разочарувај. ИТ фирми има на секој чекор, прашање на време е кога ке ја најдеш вистинската за тебе.
Третиот чекор е искуство. Откако ке собереш 2-3 години искуство наеднаш многу врати ти се отвараат. Многу повеќе регрутери ке почнат да ти пишуваат, многу повеќе фирми ке те викаат на интервју. Секако, за да влезеш во било која фирма потребно е знаење, и да се покажеш добро на самото интервју, ама самиот факт дека имаш 2+ години искуство е голем позитивен сигнал што е во твоја корист. Во овој момент би требало да имаш идеја во која насока сакаш да градиш кариера, што ти одговара и што ти смета на работа, па ке правиш подобра селекција на фирмите кај што аплицираш.
За момент стави на местото на тој што ке прави интервјуа. Имаш 100 кандидати за оглас, треба да одбереш 4-5 за интервју. Како мислиш дека би одел изборот за кандидати?За да имаш знаење, треба да стекнеш сертификат од академија, факултет или курс? И да им фукнеш 2500 евра на Бреинстер за да ти џвакаат работи кои буквално можеш да ги најдеш бесплатно на нет? Сеа све кажа, ја да зеам да си се помочам на целиов труд од 7 години (8,5 години сосе самоиницијативно учење без факултети, академии и курсеви со исклучок на платени онлајн курсеви). Да не предаваш и ти на некоја академија? Све мој до мојега сте.
Бреинстер не е познат сертификат. Еве ти сертификациии за QA https://www.softwaretestinghelp.com/best-software-testing-certifications/За момент стави на местото на тој што ке прави интервјуа. Имаш 100 кандидати за оглас, треба да одбереш 4-5 за интервју. Како мислиш дека би одел изборот за кандидати?
Имај во предвид дека личноста што го прави ова најчесто е сениор/тим лид со еден куп други обврски. Ако видам познат сертификат/академија/курс, веднаш знам отприлика кое е нивото на знаење што си го добил по завршување на курсот. Ако видам рандом курс од udemy/youtube/билошто ке треба да трошам дополнително време да го еваулирам курсот за да имам некаква идеја што си научил од него.
Никој не го спори знаењето, ама кога конкуренцијата е голема работи како сертификат, академија, самостоен проект, добро средено cv, итн... те носат пред другите и можат да бидат причина за да бидеш викнат на интервјуто.
Еве на пример, да го прочиташе до крај листот што ми го прати ке видеше дека за ISTQB – Foundation Level нема никакви предуслови.Бреинстер не е познат сертификат. Еве ти сертификациии за QA https://www.softwaretestinghelp.com/best-software-testing-certifications/
Изгледа нешто не ти е познато али во таа сфера сертификацијата ја добиваш откако ќе набиеш неколку години работно искуство, поинаку не си ни eligible за да полагаш испит за QA освен ако немаш можда cs факс од земјата во која курсот се нуди. Битна ствар, ниту еден испит не кошта 2500 евра. Нормално дека треба да имаш проекти, а за да имаш проекти треба да имаш знаење. Знаење не е еднакво на академија, знаење === (желба за учење + голема упорност). Не го ограничувај само на фирми кои опстојуваат на наш пазар, му праиш само лоша услуга.
Ај вака, знам фирма во Скопје која што има отворено оглас за backend PHP developer веќе скоро 6 месеци. Го прашувам еден од консултантите - Што е проблемот, зошто не можете да најдете човек, а цело време ви доаѓаат луѓе на интервјуа? Ми вика камења се. Кој е крив за тоа? И како академиите покрај толку кадри што вадат фејлнуваат да ги обучат, а им земаат толку пари?Еве на пример, да го прочиташе до крај листот што ми го прати ке видеше дека за ISTQB – Foundation Level нема никакви предуслови.
Како и да е, мојот став е дека наоѓањето на првата пракса/работа и првите 1-2 години на новото работно место се најтешкиот дел.
Кога аплицираш има голема конкуренција, луѓето што ги водат интервјуата имаат еден куп предрасуди, тоа што сакаш е да го видат твоето cv и веднаш да одлучат дека сакаат да те видат на интервју. Академиите и курсевите ги гледам како припрема за интервјуто и првите 3-6 месеци на работа. Потоа си оставен сам на себе.
За крај мислам дека ке се согласиме дека „дипломец на Харвард“ е поголем сигнал од „самоук што го поминал курикулумот од Харвард“, во тој контекст ми беше коментарот за сертификати, академии итн.