Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Siemens A52 најдосадниот телефон. Јас имав таков телефон и го користев 12 години во периодот од 2004-2016 година...

А зошто го нарекувам досаден? Бидејќи не се расипува и нема потреба да купиш нов...

Прегледај го приврзокот 335510

dajte da se sobereme i da go banirame ovoj covek, dajte lugje, seriozno e.
 
Zeni od 30+ i kucinja

То ти било ливадарка ......


Сковано ново терминче,екслузивно на Кајгана Форумов ....


Сите права ги сносува @PticaSelica за скованиот термин ....

Бајо,биди горд . :LOL: Кум си ....
 
Поимот ливадарење како и изведенките ливадар/ливадарка се користат во планинарската заедница минимум 10 години, барем јас толку долго го знам.
Поимот има пежоративно значење и се употребува кога планинарската тура е лесна. Зборот ливада во случајов е земен за да биде антоним на зборот планина, демек ако одиш по тешки тури тогаш планинариш, ако одиш по лесни тоа не е планинарење тоа е како одење по рамни ливади односно ливадарење.
Пример:

-Утре одиме на планинарење.
-Каде?
-Од Љубанци до Бродец.
-Пх, вие значи ќе одите на ливадарење.

Така што не е нов збор.

Убава тура е таа, Љубанци-Бродец, пауза на чешмата за полнење вода па после до Спирова Колиба и Црн Врв. Да се мрдне малку од пренатрупаното за викенди Водно, иако и оваа тура станува се помасовна.

Иначе за дополнително појаснување во планинарските заедници владее некоја генерализација дека сите што се разведени, имале ментални сломови, тазе раскинале 10 годишна врска, начукале 30+ а не се мажени или женети и останати слични социјални случаеви прибежиште бараат во планинарењето што демек ги препородува и таму се пронаоѓаат. Односно истата стигма што ги бие овие 30+ сингл дека одеднаш преку ноќ стануваат големи љубители на кучиња, важи и за нив, начукале 30+ и одеднаш засакуваат планини и природа и довчерашните секојдневни стотици слики со дечковци, сопрузи и швалери по социјални мрежи сега ги заменуваат со дупло повеќе стотици слики од зајдисонце на Пелистер од 7 агли и со 12 филтри.

И така за корелацијата кучиња, планинарење, ливадарење и 30+ сингл луѓе.
 
Последно уредено:
Zeni od 30+ i kucinja

То ти било ливадарка ......


Сковано ново терминче,екслузивно на Кајгана Форумов ....


Сите права ги сносува @PticaSelica за скованиот термин ....

Бајо,биди горд . :LOL: Кум си ....
Не, не, не можам да земам права на нешто што не е мое… ете објаснив како и јас го разбрав.
А гледам од членот над мене дека и друга употреба имал, во други кругови.
 
Хмм, не прочитав некој да го спомне, да се сети на денешниот ден пред 79 години. Поточно 16 јуни 1943
Што во мене буди тага, неспокој, особено бидејќи македонскиот народ некако чудно, сакал или не, но практично и сигурно на некој начин ја заборава историјата.
Денот кога фашистичката валкана Бугарска рака пука, боде со бајонети и масакрира, немоќни невооружани МАКЕДОНСКИ златни деца!
FVXSnBtWQAIBcCp.jpeg
Да. Точно 79 години од масакрот на 12те деца кај Ваташа, од страна на бугарскиот фашистички окупатор.
Да не се заборави, да не се заборави како една младост завршила, сеуште незапочната.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom