Оваа нашава jа утнала страната.
Германија и Франција заедно немаат толку (исправни) тенкови. Како се држат Украинците мислам дека 1 на 1 ќе ја ишамараа секоја Европска војска.
Кристина, иди фотокопирај се.
,,Медведев им се закани на сите западни сили и на САД да престанат да испраќаат оружје во Украина, во спротивно ќе следи „тотален напад“ од Русија.
Има некаде дека стварно така изјавил?
,,Медведев им се закани на сите западни сили и на САД да престанат да испраќаат оружје во Украина, во спротивно ќе следи „тотален напад“ од Русија.
Има некаде дека стварно така изјавил?
Не знам дали е возможно не воено решение на војнава повеќе. Руските позиции се максималистички во моментов, без Одеса, Николаев, Керсон, Запорожје, Дњепро-Петровск и Харков они од војнава нема шанси да излезат. Не за друго туку зошто ќе имаат огромни домашни проблеми и немири. Целата држава е спрегната во војнава и нема да биде така лесно да се излезе. Они од војнава очекуваат решение на Украинското "прашање" за барем во следниот век. Не влегоа во ваков конфликт со толку многу на коцка за автономија на Донбас и вода за Крим. Тоа можеби ќе беше на маса да се распаднеше Украинската власт во првите 3 дена.Столтенберг: Киев ќе мора да даде територија за мир
Украина да одлучи колку територија е подготвена да жртвува за мир, вели генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.Тој изјави дека Алијансата предводена од САД има за цел да ја зајакне позицијата на Украина на преговарачката маса, но додаде дека секој мировен договор ќе вклучува компромиси, вfokus.mk
Очигледно, ќе оди курбан Украина за брзо и тоа
Од почетокот на војната западни функционери и понатаму одбиваат да зборуваат за украинските загуби, нагласувајќи ги само загинатите од руска страна, нивната бројка е од 15 до 20 илјади од над 150-илјадна војска што Русија ја ангажираше за окупацијата.„Самата бројка - над 20.000 жртви месечно - го поставува прашањето за тоа во каква состојба ќе биде украинската армија ако војната се продолжи до есенва. Секако истото важи и за Русите. Меѓутоа окупаторите веќе контролираат големи делови од Украина, и можат да ги запрат борбите со територијална предност во нивна корист.
Бројките треба да се земат во контекст. Украинската армија, според Меѓународниот институт за стратешки студии, имаше над 125.000 припадници, плус 102.000 национална гарда и граничари. Процените се дека од почетокот на војната оваа бројка е дуплирана на 500.000.
Силите на Киев се далеку од точка на колапс. Меѓутоа неколку месеци високи загуби значително ќе ја еродираат борбената сила, дури и ако се овозможи некои од ранетите да закрепнат. Во меѓувреме украинските сили постојано губат територија во артилериските операции во Донбас кои се толку интензивни што најверојатно ќе остават последици на многумина што ќе ги преживеат.
Моралот секако е проблем за Русите, но сега има и извештаи за дезертирање и на украинска страна,“ пишува Гардијан.
„Меѓутоа тие избираат да не објават исти процени за Украина, што може да создаде впечаток дека Русите минуваат далеку полошо.
Но факт е дека со артилериска надмоќ од 10 или 15 спрема 1, според Украинците, можеби токму стапката на смртност на окупаторите да е далеку пониска во моментов, затоа што тие можат да нанесат смртоносни удари од многу подалеку, на бранителите кои воопшто не можат ни да ги видат,“ објаснува Ден Сабаг за Гардијан.
Секоја недела истото како не му се здосади.,,Медведев им се закани на сите западни сили и на САД да престанат да испраќаат оружје во Украина, во спротивно ќе следи „тотален напад“ од Русија.
Има некаде дека стварно така изјавил?