Точно, ти не рече дека човек не треба да ужива во животот, но рече дека смислата и поентата на животот е брак и потомство. И наративот на темава е таков. А јас
велам, во ред, ако тоа е смислата и поентата на животот според тебе, не значи дека е така и за Петко и Станко и Љубица.
Ако Љубица не е мажена, нема деца, живее со три мачки и четири кучиња, и тоа ја исполнува и ја прави среќна кој си ти да ја осудуваш нејзината перцепција за смислата на животот?
Не. Никако не го кажав тоа. Дечињата сами по себе се радот и среќа, но за да вистински ја доживееш таа радост и среќа треба да го имаш вистинскиот човек покрај себе. Уживање и хармонија ќе има и во бракот, ако е со вистинската личност. Стапување во брак по секоја цена и имање дете со било кого, е многу погрешен начин на битисување само за да животот ни има смисла.
И не ми е јасно зошто оставам впечаток на средновечна жена, немажена, полна со фрустрации, осамена, која не сака да формира семејство. Напротив, јас сум личност која е многу емоционално приврзана со моите и семејството ми е најскапоценото и најблагородното нешто што еден човек може да го има.