Геополитички размислувања за минатото и иднината на Македонија

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.521
Поени од реакции
635
Даваш пример на принудна асимилација на сите други народи во Бугарија што не се Бугари, во Бугари... И уште тоа го опишуваш како „самоидентификација која била трајна, затоа што доаѓала по природен пат“.

Ова е отприлика како силувач кога се обидува актот на силување да го оправда и рационализира со физиолошки потреби и дека сето тоа било природно.
Како знаеше дека е принудно? Кој ги тера? Кој ме тера да се идентификувам како Бугарин? Секој е слободен да се идентификува како што сака.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
24.198
Поени од реакции
32.284
Да така е, исто во целиот светот владее слободата и човечките права безусловно се почитуваат. Сите се среќни... А во Бугарија сите се чуствуваат како Бугари. Ете и ти се чуствуваш како Бугар, и тоа е доволен доказ дека никој никаде во Бугарија никого не принудува да се искаже како Бугар.

Сѐ е супер. Ај сега изгуби се во бестрага, ако сакаш да дискутираш чесно - дискутирај. Но ако намерата ти е да шириш бугарска пропаганда и работи кои немаат допир со реалноста и еднонасочно како билборд - тогаш одјеби и не ме цитирај.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.967
Поени од реакции
26.648
Како знаеше дека е принудно? Кој ги тера? Кој ме тера да се идентификувам како Бугарин? Секој е слободен да се идентификува како што сака.
Ајде објасни сега како ова што го пишуваш се вклопува во темата.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.209
Поени од реакции
8.842

Мислам дека треба да кажеш нешто повеќе околу В'зродителнијат процес.
 
Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.521
Поени од реакции
635
Ајде објасни сега како ова што го пишуваш се вклопува во темата.
Одговарам на прашање. Истото прашање може да го поставиш и на членот кој ми го поставува прашањето.
Автоматски споено мислење:

Мислам дека треба да кажеш нешто повеќе околу В'зродителнијат процес.
Доста е кажано и напишано за него. Ако имаш конкретни прашања во контекст, прашај.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.209
Поени од реакции
8.842
Доста е кажано и напишано за него. Ако имаш конкретни прашања во контекст, прашај.
Го оправдуваш или осудуваш? Под претпоставка дека го осудуваш, откај знаеш дека и денешниот интервенционизам на бугарската држава врз наводната етничка припадност на нејзините државјани е исправна? И дека таквиот став треба да се земе за релевантен?
 
Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.521
Поени од реакции
635
Го оправдуваш или осудуваш? Под претпоставка дека го осудуваш, откај знаеш дека и денешниот интервенционизам на бугарската држава врз наводната етничка припадност на нејзините државјани е исправна? И дека таквиот став треба да се земе за релевантен?
"В'зродителнот процес" беше осуден од државата. И јас го осудувам. Дејствијата на државата не беа против одредена етничка група.

Денес нема интервенционизам врз етничка припадност. Прашањето за етничките припадности е одамна завршено во Бугарија. Во Северна Македонија, пак, сè уште е на дневен ред. Порано беа Албанци, денес се Бугари, утре не е јасно кој етникум ќе биде непријателот. Според она што го гледам последниве денови, расизмот јасно се почитува во Северна Македонија. Ќе видиме до каде ќе ве однесе овој расизам.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
24.198
Поени од реакции
32.284
Дејствијата на државата не беа против одредена етничка група.
Против сите, освен против Бугарите... Демек немало селективност (освен што имало) и демек тоа е некаков аргумент за праведноста на бугарската држава.

Денес нема интервенционизам врз етничка припадност.
Кажал волкот дека го сменил рувото... Наративата е едно, а постапките во реалноста се нешто друго. Но ете јас барем сум им благодатен на Бугарите за сопките, за влез во ЕУ.

Ќе видиме до каде ќе ве однесе овој расизам.
Пријавено за навреда.
 
Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.521
Поени од реакции
635
Против сите, освен против Бугарите... Демек немало селективност (освен што имало) и демек тоа е некаков аргумент за праведноста на бугарската држава.
1. Не било против сите, освен против Бугарите.
2. Каква праведност? Дали читаш што напишав погоре?
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.209
Поени од реакции
8.842
"В'зродителнот процес" беше осуден од државата. И јас го осудувам. Дејствијата на државата не беа против одредена етничка група.

Денес нема интервенционизам врз етничка припадност. Прашањето за етничките припадности е одамна завршено во Бугарија. Во Северна Македонија, пак, сè уште е на дневен ред. Порано беа Албанци, денес се Бугари, утре не е јасно кој етникум ќе биде непријателот. Според она што го гледам последниве денови, расизмот јасно се почитува во Северна Македонија. Ќе видиме до каде ќе ве однесе овој расизам.
Северџганскиот претседател не смееше во неговата земја да каже дека го примил Здружението на МАКЕДОНЦИТЕ - ОМО Илинден Пирин, додека Јотова, на прашањето за правата на Македонците во Бугарија во сред Македонија, дрско им одговара на нашиве:„Кои се тие Македонци во Бугарија? Дајте ми пример.“ - И ти зборуваш за расизам.

Во Македонија сите малцинствата имаат основно образование на мајчин јазик, телевизиски програми, културни здруженија, ромското малцинство има своја општина - единствена во Европа, имаат право на мајчин јазик да се обраќаат во Собранието и во Советите на општините, наведени се во Уставот. Што имаат во Бугарија? И ти зборуваш за расизам.

Кога нешто не знаеш, прашај. Не изнесувај произволни заклучоци.

Како мислиш прашањето за етничката припадност е одамна завршено во Бугарија? Значи ли тоа дека ако во Бугарија досега немаше украинско малцинство, бегалците што дојдоа во Бугарија, доколку останат во вашата земја, може да останат само ако се преобратат во етнички Бугари? Истото прашање важи и за сите други евентуални доселеници?

И како мислиш дека нема интервенционизам врз етничка припадност? Колку пати те прашав за твојот Y-DNA, не сакаше да ми одговориш. Според тебе, порелевантно ли е што ќе каже генетиката, или што ќе ти каже Слави или Бојко, или било кој политичар, кои не разликуваат X oд Y хромозом, дека си Бугарин?

Еве уште еднаш прашањето:

Која етничка припадност си? Динарско-Дунавски мезолитски Европјанин I2a2, неолитски северноафрикански доселеник Е1b1b или источноевропски доселеник од Бронзената Доба, од Културата на јамни гробови, која се протегала помеѓу Карпатите и Урал- R1a и R1b, или анадолско-кавкаски доселеник од Бронзената Доба, од Кура-Аракската култура, која се протегала од Курдистан до Кавказ - Ј2. Oвие хаплогрупи се доминантни на територијата на денешна Република Бугарија. Или си припадник на малцинските I1, J1, G2, H итн. и која?

Чекам да одговориш, па да продолжиме со mtDNA.
 
Последно уредено:

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.521
Поени од реакции
635
Северџганскиот претседател не смееше во неговата земја да каже дека го примил Здружението на МАКЕДОНЦИТЕ - ОМО Илинден Пирин, додека Јотова, на прашањето за правата на Македонците во Бугарија во сред Македонија, дрско им одговара на нашиве:„Кои се тие Македонци во Бугарија? Дајте ми пример.“ - И ти зборуваш за расизам.
Прашување кои Македонци не е расизам. Ова е појаснувачко прашање.

Во Македонија сите малцинствата имаат основно образование на мајчин јазик, телевизиски програми, културни здруженија, ромското малцинство има своја општина - единствена во Европа, имаат право на мајчин јазик да се обраќаат во Собранието и во Советите на општините, наведени се во Уставот. Што имаат во Бугарија? И ти зборуваш за расизам.
Ајде да видиме Бугарите во Северна Македонија на кој јазик учат во основно образование? Ајде да видиме како изгледаат учебниците што ги изучуваат? Каква е телевизиската програма на Бугарите во Северна Македонија? Дали Бугарите имаат право да се обраќаат на бугарски во Собранието?

Инаку, во Бугарија има образование на турски јазик за најголемото малцинство (8,8%). Има наставни програми за Роми (4,9%). Останатите групи се помали.

Во Бугарија дури излегува весникот на македонски јазик Народна Волја. Кој весник на бугарски јазик излегува во Северна Македонија?

Кога нешто не знаеш, прашај. Не изнесувај произволни заклучоци.

Како мислиш прашањето за етничката припадност е одамна завршено во Бугарија? Значи ли тоа дека ако во Бугарија досега немаше украинско малцинство, бегалците што дојдоа во Бугарија, доколку останат во вашата земја, може да останат само ако се преобратат во етнички Бугари? Истото прашање важи и за сите други евентуални доселеници?
Мислам на тоа дека во Бугарија немало проблеми по етничка основа најмалку 2 децении.

И како мислиш дека нема интервенционизам врз етничка припадност? Колку пати те прашав за твојот Y-DNA, не сакаше да ми одговориш. Според тебе, порелевантно ли е што ќе каже генетиката, или што ќе ти каже Слави или Бојко, или било кој политичар, кои не разликуваат X oд Y хромозом, дека си Бугарин?

Еве уште еднаш прашањето:

Која етничка припадност си? Динарско-Дунавски мезолитски Европјанин I2a2, неолитски северноафрикански доселеник Е1b1b или источноевропски доселеник од Бронзената Доба, од Културата на јамни гробови, која се протегала помеѓу Карпатите и Урал- R1a и R1b, или анадолско-кавкаски доселеник од Бронзената Доба, од Кура-Аракската култура, која се протегала од Курдистан до Кавказ - Ј2. Oвие хаплогрупи се доминантни на територијата на денешна Република Бугарија. Или си припадник на малцинските I1, J1, G2, H итн. и која?

Чекам да одговориш, па да продолжиме со mtDNA.
Не ме интересира генетиката. Јас сум етнички Бугарин и тоа е тоа. Откако си толку заинтересиран за оваа тема, покажи го твоето генетско истражување.

Според тебе, порелевантно ли е што ќе каже генетиката, или што ќе ти каже Слави или Бојко, или било кој политичар, кои не разликуваат X oд Y хромозом, дека си Бугарин?
Овие размислувања ме наведуваат да мислам дека те интересира „чистата раса“, кое води кон нацизам, не кон информација за етнички произход.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.209
Поени од реакции
8.842
Прашување кои Македонци не е расизам. Ова е појаснувачко прашање.

Ајде да видиме Бугарите во Северна Македонија на кој јазик учат во основно образование? Ајде да видиме како изгледаат учебниците што ги изучуваат? Каква е телевизиската програма на Бугарите во Северна Македонија? Дали Бугарите имаат право да се обраќаат на бугарски во Собранието?

Инаку, во Бугарија има образование на турски јазик за најголемото малцинство (8,8%). Има наставни програми за Роми (4,9%). Останатите групи се помали.

Во Бугарија дури излегува весникот на македонски јазик Народна Волја. Кој весник на бугарски јазик излегува во Северна Македонија?
И Торбешите во Македонија немаат свои учебници, ниту весници, ниту телевизиска програма. Но никој не им го дискриминира мајчиниот јазик или практикувањето на вероисповеста.

Вас, или ве сметаат за варијација на Македонците, па затоа немате влезено во Уставот и немате своја телевизиска програма или учебници, или тоа е резултат на поранешната политика на СР и НР Македонија. Имено, ни јас немам учено дека после ВСВ, било прогонувано семејството Кареви или дека внукот на Гоце Делчев бил градоначалник на македонски град за време на ВСВ.

Затоа не верувам на политичари или историчари.

Не ме интересира генетиката. Јас сум етнички Бугарин и тоа е тоа. Откако си толку заинтересиран за оваа тема, покажи го твоето генетско истражување.
И јас така ќе речам. Не ме интересира генетиката. Јас сум потомок на јапонскиот цар и тоа е тоа, ќе претендирам за нивен престолонаследник.:tapp:

Овие размислувања ме наведуваат да мислам дека те интересира „чистата раса“, кое води кон нацизам, не кон информација за етнички произход.
За разлика од тебе што сакаш да живееш во заблуда, мене ми е битна вистината.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
24.198
Поени од реакции
32.284
Остај го бе, му се покажа со документ присилно асимилирање на Македонците, Турците и сите што не се Бугари - во Бугари... Во Бугарија која ти овде тој ја величи како пример за почитување на човечки права. И ботот само лагано го игнорира сето тоа. Згора на тоа и навредува со лаги за расизам во Македонија, па и барање на права на Бугарите во Македонија кои реално и ги нема. Не може да ги има кога цел еден македонски Пирин е окупиран од Бугарија и сите региони каде има мешано македонско и бугарско население, е во сегашна Бугарија. Па уште со цел памет тврди дека во Бугарија немало Македонци ниту колку Роми...

Многу лицемерно и куртонско однесување, арогантно како ние да сме дојдени кај нив а не тие на македонски форум. Па уште плачат за модерирањето, многу строги биле модераторите. Реално не би требало да припарат на дискусија после вакво однесување, доживотни банови се потребни за барем овде да не се замараме со ботови како нив.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.209
Поени од реакции
8.842
Џабе му постираш. Прочита ли мене што ми одговори?

1655122995021.png

Него не го интересираат факти. Нему му е доволно што Кирчо, Кокорчо, Слави, бај Тошо и останатите кловнови ќе му кажат дека е Бугарин, иако тоа тврдење е потполно неосновано, неиздржано, научно непоткрепено и се темели само на нивните фантазирања дека имаат нешто заедничко, иако немаат ни сличен јазик, ни слична вера, ни сличен фолклор, ниту сличен физички изглед, со поволшките Бугари и нивните потомци - Чувашите, оддалечени од нив околу 3000 км.

Немој да се изненадиш понатаму тој да почне да си ги бара предците уште поисточно, на бреговите на Енисеј, Лена или Анадир, па да биде етнички Евенки, етнички Јакут или етнички Чукчи. Може и преку Беринговиот мореуз да помине, барајќи си ги корените дури на Аљаска.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom