...се додека не научиме да ги почитуваме туѓите верувања нема да научиме да ги сакаме своите
...не секој човек му е потребен лајт мотив,религија,философија,научно мислење или нешто што ќе го води во животот
Се додека не научиме дека не може да се повикуваме на религите за да дадат одговор зошто човекот не може да скокне доволно силно со своите нозе за да ја прескокне оградата од 3 метра, се додека не научиме дека не може една религија да е добра, а другата зло, се додека не научиме дека променливоста во знаењето и искуството на човештвото Е во крвта на човекот - ништо не правиме...
Ќе скокнат сега дека и науката не може да се повика да го дефинира божественото... но може да се повика. Штом е нешто напишано, дел од историјата на човештвото, може да се анализира, да се најдат врските со старите учења, да се откријат тајни патеки од едно до друго време, зошто, како, кога и кому...
Се што е поврзано со човекот и човештвото - може да се проучува!
Чии ритуали се избришани и чии се видоизменети? Кои книги се забранети или запалени, кои се оставени и зошто? Кој е тој „свет дух“ што одлучил мажи да се договорат ко убијци кои книги да бидат уништени, чии знаења да се прогласат за зло во името на новиот „добар бог“?
Како што велат креационистите, поточно верниците и припадниците на старо-еонските религии: ништо не е променето кај човекот.
А реално, не е ништо променето во нивната крв, во нивното искуство - едно та исто, една та иста догма, воопшто неизменета во сржта!
И во таа догма сакаат сите да веруваат и да се „крстат“ дека тоа е реалноста...
Не може така, не дозволуваме да е така повеќе...
Може да се верува и да се има надеж во куп религии и чудни волшептсва - но ако тоа е само за да депресивниот не си го одземе животот или наркоманот да не си ја зеде дозата, или убиецот да има страв од „божја казна“ - тоа верување е само проклество, не дава промена, туку само држи во пранги еден ѕвер скриен во човекот!
Мора да се знае дека променливоста е во сржта на универзумот! Не постои постојаност, освен постојаноста да се менуваат нештата, заради искуството... заради промената...
„500 години мајмунот сеуште бил мајмун... “ или „секој со своите, креационистите со нивната идеја за бог и како тие се ете, скоро чекор до ангели (а тие реално се подли безрбетници кои за секунда може да се наполнат со омраза заради едно верување), оние кои повеќе се за еволуција и промена и дека нештата се менуваат, со мајмуните (која проклета ниска навреда скриена зад некакво си учтиво глаголање на форумов)“ ...
Глупости. Ограниченост и глупости. Неразбирање на различноста во светот им дава „света сила“ на оние кои сите сакаат да ги турнат во нивните религии, како највистинити, реални, учења кои даваат најмногу за човекот - и не сакаат да слушнат за друго, другоста е зло, сатанистичка збирштина која сака да ја турне „старата добра религија на добриот бог кој казнува ако не се прифати како единствен, со едно име, со едни ритуали, за сите!“