Оваа работа има повеке аспекти од кои може и треба да се согледа.
Најпрво во целата ситуација треба да се испита кој и зошто дозволил регистрација на клуб со такво име. Согласно законот, кога регистрираш било каков правен субјект на кај сакаш да му дадеш име кое го содржи зборот Македонија, или име на некоја историска личност, настан, име на град... и сл., пример земјоделска задруга Гоце Делчев, за да под таквото име биде запишана задругата мораш да прибавиш согласност од Министерството за правда па потоа таа согласност ја приложиш заедно со актот за основање и Централен регистар да ти направи упис. Сега се поставуваат прашањата: Дали министерството за правда издало согласност за тој нужник да се вика Ванчо Михајлов? Ако министерството издало таква согласност дали не треба да се побара одговорност од ,,одговорното лице,, кое ја издало таа согласност? Дали тука не станува збор за лицемерие од власта која од една страна отворањето на нужникот со цел државен врв од бг го сметаше за провокација а од друга страна издала согласност за регистрација под тоа име? Ако министерството не издало таква согласност, како тогаш е направен уписот во Централниот регистар? Дали е побарана одговорност од тој што го направил уписот во регистарот без потребната согласност и таквиот упис без потребниот документ да биде поништен? И во двата можни случаи одговорноста е на власта и надлежните органи на државата а јавниот обвинител треба по допрен глас да отвори истрага и утврди каде и кој го прекршил законот, дали министерството за правда или централниот регистар, и согласно резултатите од истрагата покрене обвинение за несовесно постапување во службата и таму други слични дела, па таму да бара притвор. За таква истрага не треба повеке од 15 минути, само треба од централниот регистар да ги побара актите за основање и погледне дали во нив има согласност од министерството за името или нема таква согласност и веднаш може да почне со пишување на обвинението и барањето за притвор, еден од двајца е виновен, има или нема согласност. Третата опција е да нема ниту упис во регистарот, па тогаш се знае која е процедурата.. инспекција и катанец. Ова му е многу јасно и на премиерот и на претседателот и на обвинителот. Наместо државниот врв да испушта некои неартикулирани гласови, за отворањето очекував Ковачевски или Пендаровски да излезе и да каже дека веднаш разговарал со министерот за правда од кого му било кажано дека таква согласност нема издадено и дека е во тек контрола во регистарот за да се види кој и како го направил уписот ако таков воопшто има и дека го повикуваат обвиниителството да си превземе што треба по закон исто како и надлежните органи и инспекторати..... ама неее, ќутат, вртат, демек се лути од отварањето, лути од бг.... а во нив е целата кривица. Па дури и опозицијата која држи пресови и за некој функционер што јадел плескавица на државна сметка сега ја нема никаде а го знае горенаведеното, ги нема ниту новинарите кои исто ја знаат процедурата за упис... нема никој, сите мукла. Еве ако некој од нас има време и нерви нека проба да регистрира ,,информативен центар Гебелс,, или ,,културен центар Гадафи,, или ДПТУ Садам Хусеин..... па да видиме дали ке му дадат согласност од мп за тоа име?
Е сега за Ламбе.
Ламбе во овој случај е или херој или соработник на бг службите. Трето нема, нема средина.
Ако ова го направил од патриотски побуди, тогаш капата доле и поклон.... па нека и го судат, само ке биде поголем во нашите очи. Јес да стореното е кривично дело, јес да никој не треба да го зема законот во свои раце, никој нема право да подметнува пожар оти нешто не му било право и секако законот треба да функционира и да ги санкционира сторителите на кривични дела. Може и мене некој ме иритира ама тоа не ми дава за право да одам и да го запалам. Така во пожар ке изгориме сите за два дена. Некогаш иако некои работи во нашите очи се исправни и се согласуваме со нив тоа не значи и дека се законски а државата треба да ја спроведува законската правда а не правдата што ние во моментот ја чувствуваме. Така да неможеме да замериме на органите на прогонот што го гонат Ламбе, тие во овој случај и несмеат поинаку, мора да го гонат. Исто како што мора да ги гонат мп или регистарот за согласноста или уписот без согласност, АМА НЕ ГИ ГОНАТ. Тоа е тоа што иритира, СЕЛЕКТИВНАТА ПРАВДА. Иритира и мерката притвор која се злоупотребува и за која во случајот на Ламбе немаше ама баш никаква потреба. Така да ако Ламбе ова го сторил како патриот, нека му е алал и ја има целата наша подршка, тој го стори она што сите ние го мислиме ама немаме муда како неговите. Тоа е едната варијанта за Ламбе, варијанта во која тој е херој.
Другата варијанта е дека тој го стори тоа за што бугарите и го отворија тој ,,клуб,,. Го запали нужникот и сега бугарите кењаат по еу, шират смрдеа по цела европа како ние ете ги мразиме и заради тоа не треба да бидеме интегрирани во еу без да ги исполниме нивните услови и дека тие не одработуваат за некои други служби ами ние навистина не сме за во европа. На нив ова им требаше баш во овој момент кога Макрон ете поради други причини сака да овој регион се интегрира во еу и наводно прави некои притисоци со некоја ни жена ни риба работа да тргне работата (ако е навистина искрен, не е он баш за верба). Ако Ламбе несвесно одиграл во корист на бг, ако навистина ги потпали поради емоции, тогаш рековме погоре тој е херој, ама ако ова го направил свесно во корист и по нарачка од бг, тогаш е за срамота, тогаш и притворот има смисла оти таму треба да биде ,,сослушан,, од нашите служби за неговите активности и контакти и ке треба да пропее ако не сака да добие шестица со кромид.... во тоа се уклапа и реакцијата на една наша партија со анти нато и анти европска реторика која веднаш застана во заштита на Ламбе и ке прави протест а која се колни во законите и нивно спроведување.
Е сега која е вистината.... засега не знаеме, може само да си погодуваме.