Реал валда се убедени дека Модрич,Крос и Касемиро ќе ги заменат со Валверде,Камавинга и Тучамени.
Реал нема никогаш да ги замени Модрич, Крос и Касемиро.
Не ни им е целта тоа, меѓутоа што може Реал да направи е да изгради основа на нови млади играчи кои ќе учат уште 1-2 сезони од Модрич, Крос и Касемиро.
Си има јасна трансфер политика Реал за наредните 2-3 сезони, со јасни зацртани цели, која нормално може да подлежи на промени бидејќи не секој трансфер зависи од Реал.
За летово беа планирани да се донесат Рудигер, Мбапе и да се врати Фран Гарсија (лев бек од Рајо Ваљекано, дете на Реал), а за следната сезона да се купува Чуамени и уште еден играч од средината.
Меѓутоа, бидејќи Мбапе реши да остане во ПСЖ, купувањето на Чуамени се премести за овој трансфер рок и до крајот на летото ќе се земе уште еден напаѓач, најверојатно Габриел Жезус ако успеат да средат Винисиус да го добие шпанскиот пасош порано за да можат да регистрираат уште еден non-EU играч.
За следна сезона примарна трансфер цел ќе им биде Белингам и ќе гледаат да појачаат некој од страничните бекови, по можност десната бековска позиција.
Затоа пишав во претходниот пост дека ПСЖ се Медрано клуб.
Зашто немаат никаква стратегија ниту па некаква конкретна трансфер политика и се додека не го средат ова, најголем успех ќе им биде титула во француско првенство.
Не може трансфер политика да ти биде "ипсрати x3 понуда за секоја супер ѕвезда која е во последна година од договорот" или "испрати понуда за било кој играч за кој што е друг голем клуб заинтересиран."
На пример Сити се многу добар пример како да менаџираш со огромен и скоро неограничен фонд на пари.