Види ја оваа пичка. Го допре дното со изјавите последниве недели. Се надевам Кан или било кои во управа нема да му попуштат нему или на Барса и да го дадат испод цена.
Не знам дали е свесен дека со овие изјави прави потешко на Баерн да го продаде за побаруваната сума, а со тоа САМ си ги намалува шансите да го продадат воопшто.
Колку неинтелигентно и неверојатно глупо одиграно од играч (заедно со умрениот агент) што не е новајлија во фудбалот со 17 години, туку начукал 33-34 и е 8 години во самиот клуб.
Утре да скрши нога или да го уништи коленото на тренинг и да не сака ниеден клуб да го земе поради тоа - ќе плаче за плата која му следува ПО ДОГОВОР. И тогаш Баерн да излезе со изјава „Се надеваме дека нема да ни побара цела плата вака повреден, само заради тоа што му следува".
Или да го задеси повреда и дури тогаш Баерн да сака да го продаде. Какви ќе му се изјавите тогаш?
Не дека и Баерн не се воопшто криви за ситуацијава, ама со секој ден поминат и со секоја негова изјава повеќе - излегуваат далеку попрофесионални и ќе излезат „почисти“, без разлика каков ќе е исходот.
Со оглед на тоа колку се тивки со изјавите - почнав и да се сомневам дали и воопшто ќе го продадат летово (иако финансиски гледано би било глупо), само за да го земат за пример за сите идни и сегашни играчи кои би пробале вака да се глупираат во последна година од договорот.