Заминувањето на Мандалиниќ и Граџан заокружија една ера во битолскиот ракомет
www.g-sport.mk
Не го знаев овој момент: Мартон Секели, унгарскиот голман беше иницијалната каписла за големите играчки промени во Е. Пелистер. Тој е зет на новиот претседател на Татабања. Унгарците имаат нов спонзор, нова сала и нели, нов претседател. Секели од Битола поведе уште три играчи со него во Татабања.
Па можи до негде и едно арно напрај, оти?
Ќе тргнам од Секели, дојде како ништо посебно и втор голман на Унгарија си оди како добар и прв голман на Унгарија, ама ако се земи во предвид дека зедовме квалитетен голман, не е голема загуба.
Периќ... за мене играчот шо целосно му се даде на клубот без штедење и со повредено колено неколку месеци 7-8, не прифајќаше операција оти сезоната ќе му беше завршена, проба така да игра, а башка на се имаше и други приватни проблеми и доста комплицирано кај него. Во секој случај колената скоро па и двете му се попара и истрошени, скоро па сигурно ќе мора на операција и дајбоже господ да го чува и здравје да му дај ама ако не ги санира на секое ќе биди повреден.
Матео Мараш... Висината ја има, потенцијалот исто, но факт е дека моментално не е спремен за нешто бомбастично од типот на Талески или Фитилот... има 22 години мислам и прв трансфер му е надвор од Хрватска, не видовме и од него многу, можи ќе биди еден ден и најдобар ама моментално...
И на крај Обрадовиќ... е во него можи да се речи дека загубивме многу, чоекот имаше срце колку цела екипа шо имаше заедно и во напад и во одбрана ама то е то...
Никола Маркоски го стигаат годините а и по обичај не е некој шо многу ќе тренира и ќе се одржава, Пешевски и русинот се барем неколку нијанси подобри од него.
Јосип Павлетиќ... добро тргна, ама едни добри 6-7 месеци чоекот нигде го нема, ниту некаков спектакуларен гол ништо посебно, мислам дека ако му се даваше шанса на Костески ќе се добиеше многу ама то е... Нека игра Франција втора лига таман е за таму
Емил Граџан... чоекот си одигра со срце, коректно, близок со публиката и голем борец ама незнам колку и професионалец... и мислам дека ова последното е пресудно зошто не се продолжи со него, цел божји ден да си по кафиња и пијанки, скари... јас разбирам ок, Битола уба е, сите сме тука на една улица ама треба да имаш на ум дека клубот, градот го претставуваш и дека те гледат сите како и газдите и е лош пример ама то е то, секако покрај Василев и Пешевски нема шанси...
Табоада... чоекот скромен, дојде, си даде максимум, коректен, го прај то за шо го платиле, повлечен и посветен... штета е за него шо и замина ама... Скандинавските земји се магнет за сите...
И на крај Мандалиниќ...Дојде како најголема звезда во Битола, тргна добро ама лошо заврши... во последно освен провокациите со Боро ништо друго не видовме (тука не ги земам натпреварите со другите екипи) во утакмиците со Вардар... Во Европа не беше лош, добро играше ама за парите дали си вредеше незнам то има кој да го кажи...
Во втората екипа освен Трајкоски и Џукиќ нема други заминвања, Павле Атанасијевиќ и Цветан Кузмановски прва екипа одат, иди Ивановски и продолжија со Петровиќ, во глобала то е то, екипата останва исто јака, само голман да си најдат оти Трајкоски му праеше чуда на голот, посебно во дерби кога беше тесно...
Како и да е, придонесија за ракометот да биди пак спорт број 1 и за то фала му, односно најмногу фала на газдите Стерјеви.