Навистина ова го напиша и не знаеш за еврејската Тора и дека христијанството се темели на ЕВРЕЈСКИОТ ЗАКОН ДАДЕН НА МОЈСЕЈ?
Дали ти не знаеш од каде ти доаѓа христијанската религија или се обидуваш да играш на картата „невиност, не разбирам јас, богот е со мене“?
Дали ти си заглавен само во православното христијанство и ништо друго не те интересира и немаш ниакква потреба да знаеш за историјата на човештвото во однос на самото себе и во однос на божественото?
После ова што го прочитав (со bold означен текст) не сакам да разговарам со тебе за религиите и историјата на разните учења на Земјата. Христијанството е ќерка на еврејскиот закон! Ако не си знаел, да седнеш да си запишеш и да проучиш чии пророштва „новозаветниот закон“ и ликот во тој „завет“ треба да ги „исполни“ и дали ги исполнил - според еврејските традиции.
Со злобно преименување на истиот тој еврејски закон како „стар завет“, бидејќи нели имате вие „нов завет“... евреите кои го сковаа и ја имаат целата идеја за месија на еврејскиот народ, не го разбраа спасителот и месијата (според вас, кои станавте христијани откако државата ви се замеша во учењата), туку странци кои немаат врска со еврејските традиции и тајни учења, „разбраа“, и со узурпирање создадоа секташко толкување на Тората и свои „светии“ кои знаат подобро од еврејските рабини од кои дојде пишаниот закон, Тора?
Дали тоа ми кажуваш?
Небеса токму тоа значи, множина. Не е небеса како едно небо. Научи за еврејската космологија и како го делат небото и човекот!
Тоа што ти го знаеш како Битие е Берашит на еврејски, првата книга на Мојсеј, првата книга од Тора, еврејскиот закон!
Берашит значи "На почетокот:..“, така започнува и првата книга - со тој збор!
П.С.
Не постои начин христијанин да го толкува правилно еврејскиот закон даден во петте книги на Мојсеј. Си има рабини за тоа, самите автори на таканаречениот според христијаните „стар завет“ е напишан од рабини.