Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    688
Член од
10 јануари 2008
Мислења
745
Поени од реакции
1.890
Не се теши многу. Ако се иселуваат, ќе одат во западна Европа или Канада. Не е ова ист случај ко Русија, кај што сакаат да се иселат во таканаречените непријателски земји.
Тоа се факти и статистики кои само ги споделувам, ништо не ми значи мене, нит ме теши нит ме тажи.

А овие што размислувале да се отселат, нека биде и у западна Европа//Канада ко што викаш, зашто би сакале да напуштаат родно место ако тече мед и млеко?

Основата и коренот на проблематиката не се различни, секој со свои причини и од свои убедувања и на западот и у Русија може да има незадоволство поради кое сака да се отсели, без разлика каде.
Автоматски споено мислење:

Демократија,слобода и Русија не иде никако заедно.
Од каде па сега ова? Од каде заклучи дека немало демократија? Има ли еден куп политички партии? Има ли избори? Си бира ли народот на избори кој да ги води? Победува ли таа политичка партија која има најмногу доверба кај граѓаните? Имаат ли доверба во лидерот? Сите одлики на здрава, созреана парламентарна демократија.

А за слобода од каде па сеа тоа дека немало? За кого? За народот има неограничена слобода. Е сеа тебе веројатно те боли за петтоколонаши, шарени, странски измеќари, невладини, криминалци итн. Е да, за тие, како што и си е пропишано со закон во секоја демократија, прекршителите сносат одговорност и соодветно лишување од слобода. Како и што треба да биде.
Нацисти имало и има секаде
Лоша релативизација. Може дома или у глаа секој да си гаи каква сака идеологија, се додека не прерасне закана по животот и безбедност на други како во Украина, а особено кога истото е поттикнато и поддржано од државата, интегрирано во институции, политика, а најстрашно во армија каде такви ликови се пумпаат со оружје а се индоктринирани за убивање се што не е од нивната "ариевска" раса, у превод руското малцинство. Дефиниција за нацизам.
Очигледно не сакате да признаете која е вистинската цел на војнава,па ај ќе криеме под тепих.
Не е наша ослободителната мировна мисија па да признаваме. Целите миљарда пати јасно кажани и очигледно спроведувани секој ден на терен. Нема ништо оставено за нагаѓање или некакво признавање.
Не признавам Украински народ,територијата е дадена од Ленин и Хрушчов.Не постои украински јазик.Таму живеат руси..итн.
Што е неточно од ова? За 50-100 или 500 години некој паметен ако рече не признавам северномакедонци, ќе згреши ли?

Територијата на Украина не ли е крпена додавана сечена лепена?

Не ли живеат руси во Украина?
 
Последно уредено:

Shakespear

Need moar drugs
Член од
25 јули 2015
Мислења
2.415
Поени од реакции
2.042
А овие што размислувале да се отселат, нека биде и у западна Европа//Канада ко што викаш, зашто би сакале да напуштаат родно место ако тече мед и млеко?
Никој тоа не го вика за САД. САД е инфестиран со конзервативци - тоа е причината зш сакаат и повеќето да се селат во полиберални земји.
Тој процент најверојатно и се зголемил што сакаат абортусот да им го одземат.
 
Член од
8 мај 2022
Мислења
551
Поени од реакции
1.617

Досте бе идиот, доста, прекини да лупаш глупости. Најмогу луѓе во САД бегаат од најлибералните држави. Калифорнија на пример, најмногу луѓе се селат надвор од Калифорнија. Дел од нив се селат заради виоките трошоци, дел од нив се селат затоа што не можат повеќе да гледаат како се распаѓа нормалниот живот таму.
 
Shakespear

Need moar drugs
Член од
25 јули 2015
Мислења
2.415
Поени од реакции
2.042
Од каде па сега ова? Од каде заклучи дека немало демократија? Има ли еден куп политички партии? Има ли избори? Си бира ли народот на избори кој да ги води? Победува ли таа политичка партија која има најмногу доверба кај граѓаните? Имаат ли доверба во лидерот? Сите одлики на здрава, созреана парламентарна демократија.
Да бе, што не им текна на другиве демократии да ја трујат опозицијата и да укинат слобода на говор. Гласањето им е чисто перформативно.
Автоматски споено мислење:

Досте бе идиот, доста, прекини да лупаш глупости. Најмогу луѓе во САД бегаат од најлибералните држави. Калифорнија на пример, најмногу луѓе се селат надвор од Калифорнија. Дел од нив се селат заради виоките трошици, дел од нив се селат затоа што не можат повеќе да гледаат како се распаѓа нормалниот живот таму.
Не, тоа е единствено заради високите трошоци. И државите во кои се селат последователно стануваат либерални, како на пример што се случува во Тексас.
Иначе дискусијата беше за иселување надвор од САД и тоа не го прават за да одат во анти-ЛГБТ земји како Русија.
Тоа дека им смета прогресивноста на САД доволно за да се иселат некои луѓе е само тотално проѕирна илузија што алт-рајтерите ко тебе ја измислиле.
 
Последно уредено:
Член од
10 јануари 2008
Мислења
745
Поени од реакции
1.890
Никој тоа не го вика за САД. САД е инфестиран со конзервативци - тоа е причината зш сакаат и повеќето да се селат во полиберални земји.
Тој процент најверојатно и се зголемил што сакаат абортусот да им го одземат.
Баш напротив. Истражувањето кое го цитирав вели дека на истото прашање во првиот мандат на Обама било 11%, во вториот 13%, кај Трамп 16% , а сега со Бајден 38%.

Зголемувањето на процентот се движи во корелација со зголемувањето на либералните политики од Обама па се до нивниот пик денес со Бајден. Инфестацијата со либтарди е причината за се поголемо незадоволство. Она што е уште поцврст доказ е разликите во републикански вс либтард држави. Од либтард државите има масовен егзодус и тоа кон републиканските држави. И таму процентите на тие кои се незадоволни е најмал.
 
Shakespear

Need moar drugs
Член од
25 јули 2015
Мислења
2.415
Поени од реакции
2.042
Баш напротив. Истражувањето кое го цитирав вели дека на истото прашање во првиот мандат на Обама било 11%, во вториот 13%, кај Трамп 16% , а сега со Бајден 38%.

Зголемувањето на процентот се движи во корелација со зголемувањето на либералните политики од Обама па се до нивниот пик денес со Бајден. Инфестацијата со либтарди е причината за се поголемо незадоволство. Она што е уште поцврст доказ е разликите во републикански вс либтард држави. Од либтард државите има масовен егзодус и тоа кон републиканските држави. И таму процентите на тие кои се незадоволни е најмал.
Не знам од кај го извлече тој заклучок кога сите студии заклучуваат дека ова е заради економски причини најчесто, кои исто така се зголемуваат секоја година (независно од партија). Ти викам тоа дека им сметаат либералните политики на емигрантите ти е тотална илузија што сте ја измислиле.
 
Член од
10 јануари 2008
Мислења
745
Поени од реакции
1.890
Да бе, што не им текна на другиве демократии да ја трујат опозицијата и да укинат слобода на говор. Гласањето им е чисто перформативно
Труење на опозиција? Втф? Ко Скрипал у УК? :pos:

Укинување на слобода на говор? Кој забрани руски медиуми?

Гласањето може за тебе какво сака да е и да го наречеш, но соодветствува со рејтинзите. Никогаш немал понизок рејтинг од 60% мислам.

Јас би рекол во сад е перформативно (освен Трамп) каде двете партии немаат никаква разлика и служат на корпоративната корупција легализирана со еуфамизмот "лобирање".

И во Европа не е многу различно, особено сега е очигледно дека естаблишмент партиите служат на сечии интереси освен на народот (со ретки исклучоци ко Орбан).
 
Shakespear

Need moar drugs
Член од
25 јули 2015
Мислења
2.415
Поени од реакции
2.042
Труење на опозиција? Втф? Ко Скрипал у УК? :pos:

Укинување на слобода на говор? Кој забрани руски медиуми?

Гласањето може за тебе какво сака да е и да го наречеш, но соодветствува со рејтинзите. Никогаш немал понизок рејтинг од 60% мислам.

Јас би рекол во сад е перформативно (освен Трамп) каде двете партии немаат никаква разлика и служат на корпоративната корупција легализирана со еуфамизмот "лобирање".

И во Европа не е многу различно, особено сега е очигледно дека естаблишмент партиите служат на сечии интереси освен на народот (со ретки исклучоци ко Орбан).
Па да, забрането им е на руските медиуми да кажат нешто лошо за „специјалната воена операција“.
Немаш појма за што збориш ако мислиш дека двете партии во САД немаат никаква разлика.
 
Член од
10 јануари 2008
Мислења
745
Поени од реакции
1.890
Не знам од кај го извлече тој заклучок кога сите студии заклучуваат дека ова е заради економски причини најчесто, кои исто така се зголемуваат секоја година (независно од партија). Ти викам тоа дека им сметаат либералните политики на емигрантите ти е тотална илузија што сте ја измислиле.
Не сум го извлекол јас, ти кажав си прават редовни истражувања на јавно мислење и тие се резултатите. И не спорам дека економијата игра улога, но повторно полошите економски прилики се без исклучок секогаш поврзани со либтардите кога и каде се на власт.

Но, настрана тие причини, огромно е незадоволството од ултра левичарските либтард политики кои пак во реалноста се пресликуваат во уништување на цели градови и држави во секој аспект и стануваат невозможни за нормален човек да живее, основа семејство, работи во безбедност и стабилност.
 
Shakespear

Need moar drugs
Член од
25 јули 2015
Мислења
2.415
Поени од реакции
2.042
Но, настрана тие причини, огромно е незадоволството од ултра левичарските либтард политики кои пак во реалноста се пресликуваат во уништување на цели градови и држави во секој аспект и стануваат невозможни за нормален човек да живее, основа семејство, работи во безбедност и стабилност.
Ова не ти се согласува со реалноста каде што државите со ваквите либтард политики се држави каде што луѓето се најсреќни и имаат најдобар квалитет на живот.
САД е исклучок бидејќи е баш спротивното: има голем број на конзервативни политики кои вие алт-рајтерите ги игнорирате и сите проблеми во САД ги обвинувате на либтардите.
 
Член од
10 јануари 2008
Мислења
745
Поени од реакции
1.890
Па да, забрането им е на руските медиуми да кажат нешто лошо за „специјалната воена операција“.
Немаш појма за што збориш ако мислиш дека двете партии во САД немаат никаква разлика.
Не баш, буквално генерал ја критикуваше операцијата на национална телевизија, тука го споделувавте. Сега скоро и во парламент неколку пратеници од некоја либерална партија отворено збореа против и тие имаат гостувања по медиумите.

И отсуството на критика од поголемо размери не значи и отсуство на слобода на говор, туку огромна поддршка за операцијата што соодветствува со истражувањата на јавно мислење каде 85-90% одговориле позитивно.

За двете партии у сад знам повеќе од они сами што знаат, нејсе у право си, мислев ќе сфатиш на што мислам. Има разлики секако во одредени политики нема збор да не ги набројуваме, но мислев во поглед на глобализација и надворешна политика. Затоа реков освен Трамп, кој иако е од републиканската страна, не е од тој естаблишмент. Затоа неговото движење "America first" значително се разликува од републиканските GOP.

Скроз друга тема е, поентата ми беше, освен за мандатот на Трамп, надворешната политика секогаш била во идентична у суштина, па и сега се гледа со одобрувањето на помош за Украина како и двете партии си се сложни.
 
Глобализација и надворешна политика се само мал дел од политиките на двете партии. Не можеш да викаш дека се исти кога внатрешната политика им е тотално спротивна.
Автоматски споено мислење:

Просечниот американски граѓанин најмалку се замара со надворешна политика.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.845
Поени од реакции
26.433
Според статистиката, само последната страна на темава го има намалено просечното IQ на форумов за 20 поени.

Заклучок, никад не ја потценувајте моќта на дебилите.
Автоматски споено мислење:

Ова не ти се согласува со реалноста каде што државите со ваквите либтард политики се држави каде што луѓето се најсреќни и имаат најдобар квалитет на живот.
САД е исклучок бидејќи е баш спротивното: има голем број на конзервативни политики кои вие алт-рајтерите ги игнорирате и сите проблеми во САД ги обвинувате на либтардите.
Ти радикален либтард ли си или умерен ? И дали се гордееш со тоа?
 
Член од
10 јануари 2008
Мислења
745
Поени од реакции
1.890
Ова не ти се согласува со реалноста каде што државите со ваквите либтард политики се држави каде што луѓето се најсреќни и имаат најдобар квалитет на живот.
САД е исклучок бидејќи е баш спротивното: има голем број на конзервативни политики кои вие алт-рајтерите ги игнорирате и сите проблеми во САД ги обвинувате на либтардите.
Зашто има масовен егзодус од либтард државите ондак? Да не си викаат и волку арно не е на арно? Не е така, тие држави се најлоши за живеење за просечниот обичен амер и кој и да има минимална можност одма фаќа штрафта.

Незнам кое истражување го цитираш каде се добиени тие резултати, но и да постои такво, ќе ти дадам еден пример, т.е. парадокс на сличните истражувања за среќа/задоволство/квалитет и колку се тие релативни. На истражување за коли, највисоко оценета била Дачиа. Сопствениците на Дачиа во 96% изјавиле дека се среќни и задоволни од возилото. За разлика од нив, сопственици на БМВ идр поасално брендови едвај пробивале 60-70%. После ради овие резултати се правени истражувања како побогу е можно и што довело до таков исход. Нејсе, муабетот ми е дека ако во Калифорнија биле најсреќни и имало најдобар живот, за Холивуд, Леброн Џејмс, либтарди, наркомани, скитници, силувачи, криминалци итн сигурно е така. Но за обичниот граѓанин не е.

Нема што некој да ги обвинува либтардите ако не сносат вина. Не е апстрактна уметност, конкретно е, јасно, бројки, статистики, резултати. Ништо не е на нивна страна. Не ме сваќај погрешно, не само во сад, секаде либтард кај што има власт е исто. Земи си ја шарена револуција за пример и се потоа, нема потреба понатаму да бараш.
 
Shakespear

Need moar drugs
Член од
25 јули 2015
Мислења
2.415
Поени од реакции
2.042
Зашто има масовен егзодус од либтард државите ондак? Да не си викаат и волку арно не е на арно? Не е така, тие држави се најлоши за живеење за просечниот обичен амер и кој и да има минимална можност одма фаќа штрафта.
Зборувам за држави надвор од САД со уште повеќе либтард политики кои ги имало подолго време. Во САД егзодусот од тие држави е заради економски причини.
Автоматски споено мислење:

Исто така, Русија е трета земја по ред со најголем број на иселувачи. Од кои нејзини либтард политики им бегаат граѓаните точно? :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom