што воопшто значи тоа нов еон?!
Телемистите придонеле со што?
Телемити, бидејќи не сите Телемити се исти
Извадок од есеј на fra. Achad, целиот есеј го има на страницата на
О.Т.О. Македонија:
„Вие знаете колку длабоко не импресионираат идеите на Изгревот и Заоѓањето на Сонцето и како нашите древни браќа, гледајќи дека Сонцето ноќе го снемува и повторно се јавува наутро, ги базираа своите религиозни идеи на тој концепт на Умирачки и Воскреснувачки Бог.
Тоа е централна идеја на религијата на Стариот Еон, но ние не ја оставивме зад себе, иако се чини дека таа е втемелена во Природата ( а симболите на природата се секогаш вистинити); ние сепак ја надраснавме таа идеја, навидум вистинита во Природата. Бидејќи е сфатен и овековечен овој голем Ритуал на Жртвување и Смрт, ние преку откритијата на научниците, осознавме дека Сонцето не е тоа што изгрева и заоѓа, туку дека Земјата на која живееме се врти околу себе така што нејзината сенка не двои од Сонцето, за време на она што го нарекуваме ноќ.
Сонцето не умира како што мислеа нашите стари браќа; тоа постојано блеска, секогаш ја шири Светлината и Животот. “
-
Нов Еон, О.Т.О. Македонија
Дали го согледувате зборот како прво Браќа? Стари, нови, сегашни? Дека нештата не може да се отфрлаат бидејќи на ликот X не му се допаѓа идејата Y бидејќи ја менува неговата перцепција за идејата Z што ја стекнал од читање... затоа денес постојат и стари и нови и се создаваат идните иницијации и верувања и ритуали за човештвото, никогаш не застанува тој процес...
„Ако ви е волја“ е битен клучен момент во новиот еон... никој не смее да биде отфрлен заради неговото видување на нештата поврзани со божественото. Неговите ритуали и верувања...
Есејот завршува со ова, за да разберат сите:
„Сега, ако сакате да се вратите назад во Стариот Еон, направете го тоа. но имајте на ум дека оние околу вас всушност се Сонца и Ѕвезди, а не мали робови што треперат. И ако не сте сами спремни да бидете Крал, треба да знаете дека тие имаат право да Кралуваат, исто како и вие, кога и да сакате да го прифатите тоа.
А во моментот кога тоа ќе го посакате, треба само да се сетите на ова – гледајте на работите од гледна точка на Сонцето.“
- Stepping Out of the Old Æon Into the New, Fr. Achad
Да ве потсетам на Liber Israfel:
"Behold! I am Yesterday, To-Day, and the Brother of To-Morrow!
I am born again and and again."