Војна во Украина (исклучиво воена перспектива)

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.511
Поени од реакции
27.328
Е сега еве и да е така, што ако нема тела? Ок е да влезеш во одреден регион и да оставиш да речеме 100 оклопњаци и тенкови и да си заминеш - ако тоа е тактика баш ме интересира како се вика тактикава :)
Битки имаше - хостомел, ирпин, киев, антонов аеродромот, нз каква битка требаше да има-како на сома? Каков пуш? Во белорусија да влезат, кај што имаше руси сега нема на цел северен правец, тоа мал пуш е.
Јас колку што знам битки западно од Харкив имаше за аеродромот Хостомел и во Чернобил. Киев не пробаа да влезат Русите, а Ирпин беа спорадични престрелки, немаше влез немаше артилериска подготовка, немаше ништо што наликува дека Русите имаат офанзива или напад.

Еве и да прифатиме дека имало грешка во проценка кај Русите, грешката се случила пред воопшто да нападнат Русите. Дури и Хостмел и Чернобил не беа масовен напад, туку напад на специјални единици кои ги освоија овие стратешки точки и после само дојде појачање. После тоа на Хостмел имаше обиди Украинците да го повратат аеродромот, но ниеден неуспешен и Русите го држеа аеродромот се додека не го напуштија северот.

Додека на пример во Керсон без разлика што не го разришија градот се водека сериозни битки. Дури и одпосле. Мариопол и регионот на Донбас околу Мариопол знаеме сите какви битки се водеа. На северот немаше ни трага од таква активност. Немаше агресија, се обиколуваа населените места и сл.

А што се однесува до напуштените и уништените возила, неможам ни јас да си ги објаснам со информациите што ги имам, можам само да претпоставам. Дали сами ги жртвувале и ги оставале, како и што правеле незнам. Ама тешко дека може некој да ме убеди дека тек така си оделе возила у Украина додека имаат бензин и на крај ги напуштиле. АРМ, што е АРМ, таков превид нема шанса да направи, а не пак армија ко што е Русија. Уствари ниедна армија на свет неможе таков превид да направи.
 
Член од
10 јануари 2008
Мислења
745
Поени од реакции
1.890
Деца не се резилете, Русија со 30к војска тргнала на Киев, главниот град кој секако е најзаштитен воено и воопшто не про-руски како истокот, ама на Донбас гратчиња и села кои се скоро 100% про-руски иде со 100к војска и деноноќно артилериско, авијациско и пешадиско делување.

Ама самиот факт што толку очигледен лажњак ден денес по толку време кога се е јасно, има ликови кои сеуште веруваат дека вистинската намера била да се ослободи Киев, што само по себе подразбира и потреба да се одбрани по секоја цена јер нели е главен град и центар на одлучување за што и беше ангажирана огромна украинска војска, е доказ за неверојатно успешниот лажњак и "маскировката" на русите.

Најсмешно од се не е што некој лик на форум верува, туку цело нато сосе генерали разузнавачки служби дипломати медиуми и што ли ти не го лапнаа бабушот :pos:.

Ако се сеќавате на ЦНН и ББЦ прогнозите, за 72 часа ќе падне Киев, па после за 48 часа ќе падне, па за 24, па евакуираа амбасади и персонал, се преселија у Лвов сите комплет, па го носеа Зеленски и владата и пратениците у Полска или Лвов, па германците праќаа специјалци за тајна екстракција на шефот на БНД, па Борис Џонсон викаше по падот на Киев Зеленски ќе прави Влада во егзил, тие што ќе бидат поставени од русите ќе ги сметаат за нелегитимни :lolzz:.

Путин и Шојгу у Кремљ несвес од смеење :masa:

Укро-нато-цистите од страв дури по 4 дена од заминувањето на русите се осмелија да влезат у тие местата околу Киев. И нормално херојски ги освоија во борба со воздухот. И ја исценираа Буча. Па ги фатија дека е мештаљка, па за 2 дена и тоа се заборави од срам западот дека се дозна дело на британската служба па медиумите нагло мукла за таа тема што побрзо да се заборави.

Еееее времиња беа тоа :D.
Автоматски споено мислење:

А што се однесува до напуштените и уништените возила, неможам ни јас да си ги објаснам со информациите што ги имам, можам само да претпоставам. Дали сами ги жртвувале и ги оставале, како и што правеле незнам. Ама тешко дека може некој да ме убеди дека тек така си оделе возила у Украина додека имаат бензин и на крај ги напуштиле. АРМ, што е АРМ, таков превид нема шанса да направи, а не пак армија ко што е Русија. Уствари ниедна армија на свет неможе таков превид да направи.
Од инфо што јас ги имав, за големиот број уништена техника во првата недела на целиот фронт, ама особено околу Киев е резултат на огромна наивност и лична грешка на Путин. Ако се сеќавате, 2 и 3 ден, украинците 4 пати во еден ден бараа преговори, дури претставничката нивна во ОН изјави дека Зеленски е спремен веднаш да седне да преговара само да запре огнот. И Путин падна на таа фора наивно и го сопрел предвидениот план за пробив до позиции што е круцијално во почетната фаза. Имало несогласување од Шојгу и Герасимов, дека застојот ќе има негативни последици и загуби доколку се паузира со планот на дејствија, но Путин инсистирал да се даде можност на дипломатијата.

Откако се случува паузата, украинците не го почитуваат "прекинот на огнот" и влагаат на неколку колони техника руска со мали диверзантски групи "на опашката" и успеваат да уништат дел, но поважно да им отсечат логистика. Тука се случуваат најголемите руски загуби во текот на операцијата.

Ако ти текнува, после таа глупост на Путин, јавно порачуваат дека повеќе ниту како услов ниту за време на преговори ниту под било која околност нема да престанат или отстапат од планот на дејствија.

Што повторно идиотот, мекуш и наивкото Путин, под притисок на "дипломатското" наспроти "милитантното" крило или лоби во неговото окружување, го прекршува за време на преговорите во Турција каде украинците прифаќаат безусловно сите барања на русите, а русите нудат "добра воља" да се повлечат, што ионака го планирале кога веќе ги постигнале целите.

Једино што нема да дознаеме валда никат, дали укро-нато-цистите ги изиграле да се повлечат пред планираното, лажејќи ги со преговорите и безусловното лажно предавање во Турција или русите веќе до тој период сметале дека ги исполниле задачите за дефокус од истокот и југот со Киев, па и онака планирале да се повлечат тој период, само го дале во понудата кон украинците за да ги прифатат барањата, а овие као еве и ние гест на добра воља а уствари ионака тоа им бил планот.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.810
Поени од реакции
34.063
Фасцинантно, Украинецов имаше муда до колена. Сам држеше позиција таму каде секој би се предал, им ги фрлаше назад гранатите додека можеше... Слава му. :(
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
За да проценуваш воен план/стратегија, прво треба да знаеш кои биле целите.
Реалноста е дека не знаеме точно што бил/е целиот план, ама во рамките на тоа незнаење сметам дека планот дефинитивно не бил тоа што повеќето од вас овде го мислите: Освојување на Киев.

За мене глупаво е да мислите дека повеќе разбирате воена стратегија од професионалци, и без внимателно да извагате што е жртвувано за каква замена.
РФ можеби се надевале дека ќе ја натераат владата во паника да направи глупост, можеби се надевале дека притоа специјалци ќе го заробат Зеленски. Можеби сето тоа заедно со еден куп други long shot можности... Не знаеме, но тоа што го знаеме - е дека солиден од украинските воените ресурси биле вложени во одбрана на Киев - а не на југот каде се најголемите успеси на војската на РФ, ниту на Истокот каде исто РФ имаат значајни напредувања.

Од друга страна вие мислите дека со РФ навистина иделе на освојување на Киев со толку малку војска/техника/ресурси.
Епа едно од двете е веројатно вистина. Или РФ профитирале на југ и исток делумно заради блефот на север. Или РФ се целосни идиоти како што им се смеете. :)


Целиов муабет е зборуван и повторуван ад носиум. Мислете што сакате. Но за застапување на ставовите ви фалат аргументи во муабетов, а аргументи не видов - само детинесто мајтапење.

На крај победникот може да биде само еден, ова не е судир кој може да заврши со реми. Кога ќе се заврши сѐ, полека ќе почнат воените настани да се разоткриваат со работи и детали кои сега не може да се извадат во јавност... Можеби тогаш нема да заборавам да ве цитирам/подбуцнам неколкумина од вас што заслуживте.
Кои да биле целите испадна фејл. И 90% од видеата да се фејк(а добар дел се фејк) пак имаш огромни загуби во опрема и војска на север во Украина за да се повлечат скроз. Дејан Берич и други извори изјавија дека одговорните за север се во затвор. Изјави дека генералот, фсб или кои да беше што требало да даде добри информации доста завршиле во затвор, но овде на кајгана форумот било успех. Да било успех сигурно нема Шојгу и Путин да дадат наредба да ги стрпат во затвор.
На вас аргументите ви се : ама виде ли на југот што ги направија ко демек оправдување е за 60км колона што цело време е напаѓања од заседа.

Слободно цитирај, јас во ниеден пост немам напишано дека Украина ќе победи затоа што сум реалист. колку и да беше на север видеата со уништена бев убеден дека ќе изгуби Украина и сеуште сум. Бев убеден дек прашање на време е кога одбраната во Донбас ќе им се распадне и реалноста ќе ги удри во глава Украинците и тенеке и компанијата ко него на форумот(за ова последното не сум ни сигурен).
Единствен тек и очигледниот исход да се смени војната е директно вмешување на НАТО што нема да се случи. Исто така реалист сум и дека Руската армија не е на ниво на американската.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.810
Поени од реакции
34.063
На вас аргументите ви се : ама виде ли на југот што ги направија ко демек оправдување е за 60км колона што цело време е напаѓања од заседа.
Што е неточно во аргументот дека украинските воени ресурси ангажирани кај Киев на север, имаа значаен допринес во исходот на војната на јужниот фронт?
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.838
Поени од реакции
36.875
За на северот ќе видиме што било кога ќе легне прашината, ама на големо се шпекулира дека америчко разузнавање ја имало пробиено целата операција и на два дена пред почетокот им ги има дадено сите детали на Украинците.
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.058
Поени од реакции
9.438
Исто така реалист сум и дека Руската армија не е на ниво на американската.
Не постои таква армија како руската која може да меле површина копнено. Руската армија е така организирана да никад никој нема да може да ја порази и да влезе у Русија.
Американската армија е морнарички ориентирана, руската копнено.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Фасцинантно, Украинецов имаше муда до колена. Сам држеше позиција таму каде секој би се предал, им ги фрлаше назад гранатите додека можеше... Слава му. :(
И тој и мудоњата на почетокот што ги прерипа сите и влета прв во рововите. Тие што ќе ги преживеат овие битки во рововите ако останат психички непореметени скроз секоја чест.

Што е неточно во аргументот дека украинските воени ресурси ангажирани кај Киев на север, имаа значаен допринес во исходот на војната на јужниот фронт?
Па повеќе мислим планот беше со брз влез во Киев и промена на власт, за да ги задржеа можеа и на друг начин кој ќе беше побезбеден за нив и поспор.
Автоматски споено мислење:

За на северот ќе видиме што било кога ќе легне прашината, ама на големо се шпекулира дека америчко разузнавање ја имало пробиено целата операција и на два дена пред почетокот им ги има дадено сите детали на Украинците.
Па најверојатно затоа покрај генералот што го спомнува Берич се спомнува и припадници на ФСБ да се во затвор. Шпекулациите се дека дури 2 дена пред да направат десант со хеликоптери на Хостомел биле известени Украинците од страна на САД за таа акција.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.810
Поени од реакции
34.063
Можеме ние да мислиме што сакаме ама не можеме да знаеме што сѐ точно бил планот. Но нема шанси голем дел од сето тоа да не е врзување на украинска војска/техника таму на север, ресурси кои можеле да бидат на југ/исток и да направат разлика таму.


За на северот ќе видиме што било кога ќе легне прашината, ама на големо се шпекулира дека америчко разузнавање ја имало пробиено целата операција и на два дена пред почетокот им ги има дадено сите детали на Украинците.
Деталите тек ќе излегуваат во иднина, но големата слика се гледа релативно добро. Иходот (на југ/исток) е истиот па сеедно дали некој ќе ги нарече случувањата на север - пораз, или блеф.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.208
Поени од реакции
22.833
Мислам на северот РФ примарно сакаа набрзинка да исфорсираат колабирање и брзо потпишување примирје а секундарно задржување на украински војски, не мислам дека планирале да го освојат Киев, максимум опсада. Затоа влегоа набрзинка, не зазимаа градови, не ги обезбедуваа конвоите, не бомбардираа објекти па дури и воени.

Инаку Русите имаа жртви, да, но не ја игнорирајте и другата страна; Украинците отприлика 1/4 од армијата пред 24.02 ја загубија таму (при тоа не броејќи фолкстурм), KORD единиците (оние за брзо распоредување), главните депоа за поправка на авиони, ги чинеше и 4th Rapid Response Brigade за која последен пат слушнавме како се бори против ВДВ и оттогаш молк за неа итн.

Операцијата на север можеби е неуспех на ВСРФ ако мислиме дека целта им била зазимање на Киев или брз договор, а можеби е успех ако мислиме дека целта им била задржување на украински единици кои можеа да бидат пратени на југ или исток. Но на крај Русите сами си се повлекоа успешно, Украинците дури влегуваа по неколку дена во изгубените територии откако Русите си заминаа.

Ќе видиме за 5-10 години што точно се случувало, до тогаш само шпекулации и мемиња ќе има, пропагандата со Духот од Киев, Змиски Остров, Зеленски со видеата од Полска итн беше на најсилно пуштена сепак. Јас не знам со сигурност да кажам вака-така било, според мене операцијата таму им е со мешан резултат.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.838
Поени од реакции
36.875
VDV се одлично спремни. Им ја збришаа таа Украинската 4th Rapid Response Brigade кај Хостомел и сега пробивот од Попасна до автопатот кај Соледар го направија они. Проблемот е што командата горе на север ги фрли во заседи и со лошо разузнавање.

Затоа го изедоа стапот неколку функционери во врвот на ФСБ.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.208
Поени од реакции
22.833
Проукраински е настроен типов но вади океј видеа, кој сака нека погледне.



Видео од Лиман доле (наводно ВСУ се само во јужниот дел сконцентрирани околу железничката станица) а наводно има напредувања на ВСРФ од Светлодарск кон Бахмут.

 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.810
Поени од реакции
34.063
Она со рововските битки е многу по... човечки од ова:
Исход од рововски борби се базира на работи како знаење, тактика, искуство, муда, итн. Ова погоре е... Некој со џојстик оддалечен со километри убива цел одред војници. Прашање е дали имале време да слушнат нешто. Тие што биле позади друг војник, останале живи.


The KUB-BLA was designed by the ZALA Aero Group, a subsidiary of the Kalashnikov Concern. The loitering munition has an endurance of 30 minutes and a speed of up to 130 kilometers per hour. The munition is armed with a high explosive-fragmentation warhead that weights three kilograms. The warhead is equipped with a proximity fuze.

In Video: Russian Loitering Munition Wipes Out Group Of Kiev Troops
 

Kajgana Shop

На врв Bottom