SCUDETTO еeeeeeeeeј.
Не ми се верува, иако не бев песимист на почеток на сезона. Не ми се верува иако сум помислил повеќепати дека може да освојат. Браво дечки, на сите до еден од играчи до стручен штаб освен можеби Миранте
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
( се шалам, си дал и тој придонес на тренинг а и стабилност, бар бројчана, додека го немаше Мајк ).
За други нема што многу да се дискутира, сите кои ја следеле сезпнава знаат дека дишеа како тим, и старите волци и младите надежи и поранешните пица деливери момци
![Подмолен :sneaky: :sneaky:](/styles/default/xenforo/smilies/sneaky.png)
.
Аххххх каква сезона, кога еден човек со приказна како Месијас ќе даде гол за прва победа во ЛШ по тоолку време и ќе има скор 5/2 во Калчо.
Кога ветувањето на Ибра за титула, на кое тешко дека некој веруваше ќе се обистини.
Леао ќе стане тоа што стана сезонава, после толку неконстантности претходно. Сандро исто.
Од дното Декември 2019 до врвот Мај 2022. Сите се заслужни и сите имаат еднакво голем придонес, но факт е дека кога Ибра се врати, нешто се прекрши. Пиоли размрда малце, но не беше тоа тоа до Јануари 2020. Може случајно се погоди така, може да дојдеше рецимо Ибра неколку месеци порано, а Пиоли покасно, пак ќе го доживеевме тој пораз од Аталанта, нерешеното со Лече во 90мин итн.. не викам не... не знам . Сигурно дека сите се битни запчаници, а двајцава меѓу клучните. Но Ибра човеков... каков менталитет, каква енергија... се гледа и на говорите после освојувањето,а и на снимките во соблекувална. А ич не го сакав пред да дојде во Милан, првиот мандат. Типичен јувенташ и интераш викав, што бараа да го носат во Милан викав. И ја прочитав некаде приказната за брат му и тогаш ми се разјасни зошто е таков ко што е. И го почитувам од тогаш, откако се врати се повеќе и повеќе. И сам изјави дека се вратил да му помогне на клубот што му помогнал кога му било тешко, што му станал дом.
Епа фала ти легендо. Долгот отплатен. Се надевам дека ќе се одмори убаво и ќе успее да заздрави телото негово, па да остане во ростерот и догодина да подигне уште еден трофеј.
Леао може да биде топ 3 играчи многу брзо ако продолжи вака, ако не му здосади да работи, пошо некад таков впечаток остава, ко да е можно и тоа. Како и да е, догодина да се покаже и во ЛШ и да реши и некое дерби. 7мил му се доста за сега, Ибра ќе иде на 2 веројатно, така да најплатен ќе биде во ростерот. Ако нејке, нека тера, ќе биде потешко од Кеси и Хакан да се замени ама којзнае, може па ќе биде како Донарума
![Лолз :icon_lol: :icon_lol:](/styles/default/xenforo/emot/icon_lol.gif)
.
Брахим и Сале да си добијат нова шанса. Нз шо се деси со шовечето после корона, стварно мистерија, ама сакам да проба уште еднаш. Мислам дека системов му лежи ( на тој Брахим од први два месеци мислам ). За Сале чисто љубопитен сум, колку шанси може да промаши догодина
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
. Се на се на ростеров многу малку измени му требаат. Тие што идат да се заменат соодветно и еден десен крилен што може да игра и полушпиц и тамн.
Ќе завршам како постот за крајот на претходна сезона пред точно една година:
ИДЕМЕ ДОГОДИНА ПО ПОВЕЌЕ!