... јас општо кажувам до сега што гледам и овде на форум што јадат по ресторани,
инаку лично кога идам така на живо обавезно им кажувам:
- лист од марула за украс Не,
- цртање по чинија со сенф, кечап од страна Не,
- мезе како пред јадење ,,мала даска,, или ,,голема даска,, -Не,
- шопска салата или било која салата семе и оригано одозгора Не!
- изгорена, карбонизирана скара од барбикју мачкало Не!
- носење 4 чинии на една рака, така да една над друга до половина се наместени, со што позадината на едната чинија која е надворшен дел прљав ќе биде врз внатрешниот дел на другата чинија каде е храната Не!
- подигање и носење прибор и чинии таму ваму преку рамо Не! поставуваш све на маса и си одиш, а ќе дојдеш ако те повикам и кога ќе дојадам и ќе платам, тек тогаш ќе си ги повлечеш сето што е на маса!
- пијалок носиш на маса и ќе го оставиш, сама ќе си ставам во чаша кога сакам и колку сакам
... ете, има кандидат за ручек со мене ?