Војна во Украина (исклучиво воена перспектива)

Член од
2 октомври 2018
Мислења
97
Поени од реакции
204
Битката за Донбас не за џабе беше најавувана како „да се биде или не“ од страна на украинциве. Со голема концентрација на трупи, техника и западна воена помош, ќе се обидат да ги спречат русите. Засега не им оди по планот.

Ukraine War, 20–21 May 2022. Good morning everybody! | by Tom Cooper | May, 2022 | Medium

Русите веројатно ЛНР целосно ќе ја имаат во следниов месец, а ДНР треба да се среќни ако го освојат до крај на летово. Тоа во сценарио да е стабилна власта во Киев, континуирана помошта од запад и да нема масовно дезертерство. Киев најавуваше голема контраофанзива на крај на лето, но последниве денови после падот на Азовстал, ја омекнаа реториката и признаваат дека тешко дека ќе пробуваат да вратат територија што не ја контролирале пред 24/02. Може и блефираат, но во секој случај, офанзива е сосема друга игра од дефанзива и засега Украина нема покажано дека е способна за нешто такво, особено против утврдени позиции на РФ.

Така да ако се движат работиве како последниве 2 месеци на воен план, а на дипломатски да нема ништо ново, очекувам РФ да прогласи крај на втората фаза од специјалната операција на есен и после да објави трета фаза што би значелно политичко и економско интегрирање на Керсон, Запорожје, Донетск и Луганск + континуирани ракетни напади на цели низ Украина, за демилитаризација т.е. да не дозволат доволно голема закана од западната помош во техника.

Одеса мислам дека кога тогаш ќе ја стават на менито. Ништо чудно во 2023 да искористат некоја украинска офанзива како повод за целосно отсекување на Украина од морето и поврзување со Транснистрија.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.263
Поени од реакции
18.224
Тоа во сценарио да е стабилна власта во Киев, континуирана помошта од запад и да нема масовно дезертерство.
Кој дел од ова сценарио ти звучи неверојатно? Континуирана помош од западот е гарантирана, они едвај чекаа вакви пациенти да им го тестираат оружјето и да се борат со Русите. За нестабилност на владата и дезертерството нема никакви најави, реториката е иста и Украинците одбиваат преговори.
 
Член од
2 октомври 2018
Мислења
97
Поени од реакции
204
Кој дел од ова сценарио ти звучи неверојатно? Континуирана помош од западот е гарантирана, они едвај чекаа вакви пациенти да им го тестираат оружјето и да се борат со Русите. За нестабилност на владата и дезертерството нема никакви најави, реториката е иста и Украинците одбиваат преговори.
Воопшто не е нереално, очекувам така и да биде. Евентуално ако нешто од тоа се смени, може русите да се надеваат на побрза завршница.
 
Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Мислам океј што си навивате, ама нема смисла вакви постови на оваа тема. Дечкото напраи добра анализа, па ќе видиме дали е у право. И мене ми делува дека Русите користат премногу ресурси за една педа територија, што не игра никаква улога кон големата слика.
Vo vojna pobeduva onoj koj ima povekje resursi i vojnici .. uste od prvite denovi na vijnata koga rusite gubea premnogu oprema i vojnici ne se zamarase Kremlj.. celta e podelba na Ukraina bez razlika kolku toa ke trae ili ke ima zagubi..
 
Да пошто не се замараа за загубите се повлекоа од 2 фронта и тотално го сменија пристапот во третиот.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.033
Поени од реакции
83.466
Vo vojna pobeduva onoj koj ima povekje resursi i vojnici .. uste od prvite denovi na vijnata koga rusite gubea premnogu oprema i vojnici ne se zamarase Kremlj.. celta e podelba na Ukraina bez razlika kolku toa ke trae ili ke ima zagubi..
За опремата што ја губат Русите, да. Не дека им е бесконечна, ама - Еј гледај им уништија тенк - има смешно значење.
Губитоците во опрема, кај Русите, според мене, сеуште не играат значајна улога. Џабе тоа радување за уништена опрема.

За човечкиот потенцијал, мислам дека не е баш така. Тука е покомплицирана работата, во врска со причините поради кои не објавуваат општа мобилизација и ред други работи.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.838
Поени од реакции
36.875
Меѓутоа ова има мало значење во целосната слика, за целата војна. Ете најверојатно ќе го обиколат северен донетск и освојат, но што со тоа? Колку време ќе им треба да го заземат цел Донбас со ова темпо?
Најважно, дури и да успеат, украинците ќе продолжат да се борат и вооружуваат.
Не би рекол дека е од мало значење. Не е толку до површината на територијата колку што е до каква е територијата и што има таму. Ако колабира цел тој дел Северендонетск до Хирске, во смисла ако ги затворат да биде тешко да се евакуираат и да не им стига логистика тоа е цела борбена линија градена 8 години и 20 илјади војници (не територијална одбрана) кои ќе останат заглавени таму. Тоа би било сериозен удар за украинската војска, прво зашто ќе ги изгубат најсилните позиции и второ зашто ќе изгубат голем број на обучен и квалификуван персонал во таа зона. Све тоа убаво што кажуваат дека еден милион луѓе ќе ставеле под оружје ама има разлика помеѓу територијална одбрана која се покажа како топовско месо и квалификувана војска каде што имаат сериозни загуби и која во најголем дел е сконцентрирана во Донбас.

Затоа и поголем дел од америчкиве аналитичари што ги следам дигаат огромна узбуна за овој пробив последните десет дена.

Има граници колку може да се борат и до кога. Нивната држава се распаѓа, нивни деца не одат на школо, нивни фирми не работат и луѓе седат дома без работа и плата.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.703
Поени од реакции
42.289
Украинциве од сега се припремаат за третата фаза, па ги утврдувале Днипро, Полтава и Николаев. Пошто Донбас и онака им е изгубена територија. А вие уште дискутирате дека тоа што русите освојувало села било неуспех и пораз во војнава.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.975
Поени од реакции
12.397
Украинциве од сега се припремаат за третата фаза, па ги утврдувале Днипро, Полтава и Николаев. Пошто Донбас и онака им е изгубена територија. А вие уште дискутирате дека тоа што русите освојувало села било неуспех и пораз во војнава.
Ако Русите стигнат до Дњепар, тоа ќе биде доказ дека не ги бива бидејќи не успеале да ја преминат реката.

Ако Русите стигнат до Киев, тоа ќе биде доказ дека не ги бива бидејќи не успеале да го завземат градот.

Ако Русите стигнат до Лвов, тоа ќе биде доказ дека не ги бива бидејќи не успеале да го завземат градот.

Ако Русите ја освојат цела Украина, тоа ќе биде доказ дека не ги бива бидејќи не продолжиле со освојувањата и во соседните држави.

Едноставно Русите не ги бива, нема друго (западњачко) објаснување.
 
Член од
1 ноември 2005
Мислења
2.142
Поени од реакции
1.256
Мислам океј што си навивате, ама нема смисла вакви постови на оваа тема. Дечкото напраи добра анализа, па ќе видиме дали е у право. И мене ми делува дека Русите користат премногу ресурси за една педа територија, што не игра никаква улога кон големата слика.
Rabotata e shto Rusija vojuva protiv NATO i sekoja peda napreduvanje e uspeh.
 
Член од
30 август 2011
Мислења
1.106
Поени од реакции
1.364
За опремата што ја губат Русите, да. Не дека им е бесконечна, ама - Еј гледај им уништија тенк - има смешно значење.
Губитоците во опрема, кај Русите, според мене, сеуште не играат значајна улога. Џабе тоа радување за уништена опрема.

За човечкиот потенцијал, мислам дека не е баш така. Тука е покомплицирана работата, во врска со причините поради кои не објавуваат општа мобилизација и ред други работи.
Да ама еј гледај им уништија 500 тенка не е многу смешно освен ако не си украинец, или еј им го уништи флагшипот на морнарицата држава без морнарица.
Многу луѓе забораваат дека русија не располага со ресурсите и залихите на советски сојуз и е значително послаба во однос на тоа што беше некогаш. Губењето опрема и тоа во стотици е и тоа како сериозна работа и нешто што воопшто не е ниту за смеење ниту за потценување.
Орикс вика околу 700 тенкови, 1000 оклопњаци, 1000 други возила вака или така изгубени. Изгубени 15тина авиони и 40тина хеликоптери. За добар дел од овие има и фото доказ. Да ставиме тука дека е пропаганда солиден дел сепак се работи за огромни загуби за било која светска армија вклучуваќи ја и америчката. Значи не зборуваме за 2-3 летилици или 20-30 тенкови туку зборуваме за стотици. Никоја држава нема непресушен извор на ваква техника, освен ако веруваш во оние глупостине за десетици илјади руски тенкови.
https://www.oryxspioenkop.com/2022/02/attack-on-europe-documenting-equipment.html
Финално загубата на народ кој ќе оперира со оваа опрема е уште поголема, Т80ка не е фиат пунто па само да седнеш резервисти да ја возат, секоја наредна замена на кадар за тоа возило е се понеспремна од таа што си ја изгубил предходно. За да леташ со една СУ 30ка потребни се години обука и никоја држава нема непресушен извор на пилоти. Да имаш резервисти што во апансас би можеле да возат тенкови ама ако вака на први борбени линии врват крем де ла крем на армијата можеме да замислиме како би изгледало оваа опрема да не ја оперираат професионалци.
Ова се загуби во вакво кратко време се не видени во поновава историја особено од една држава која пак ќе речам се обидува да биде светски играч. Колку и да навиваме на терен гледаме дека напредокот оди екстремно споро и загубите се и тоа како сериозни.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.033
Поени од реакции
83.466
Колку и да навиваме на терен гледаме дека напредокот оди екстремно споро и загубите се и тоа како сериозни.
И?
Мислиш дека тоа ќе има стратешко влијание и Русија нема да може да ги исполни целите во Донбас?
Јас мислам дека материјалните загуби немаат врска (за сега), а човечките, исто така немаат врска, немаат влијание на операцијава во Донбас. За сега. Но, ако таа не успее (или премногу се оддолжи), е тогаш, се чини немаат капацитет за нова операција, како оваа (фаза два) и онаа (што не успеа делумно) во фаза еден.
Украинците стварно немаат што да прават, освен да издржат. Никакви масовни операции не можат да изведат (види "нападот" на логистичките линии кај Изјум, или "контраофанзивата" за освојување на Херсон).
 
Последно уредено:
Член од
30 август 2011
Мислења
1.106
Поени од реакции
1.364
И?
Мислиш дека тоа ќе има стратешко влијание и Русија нема да може да ги исполни целите во Донбас?
Јас мислам дека материјалните загуби немаат врска (за сега), а човечките, исто така немаат врска, немаат влијание на операцијава во Донбас. За сега. Но, ако таа не успее (или премногу се оддолжи), е тогаш, се чини немаат каацитет за нова операција, како оваа (фаза два) и онаа (што не успеа делумно) во фаза еден.
Украинците стварно немаат што да прават, освен да издржат. Никакви масовни операции не можат да изведат (види "нападот" на логистичките линии кај Изјум, или "контраофанзивата" за освојување на Херсон).
Ти рече дека загубата е смешна и нема влијание, јас само сакав да знам во која тоа армија ваквите загуби се смешни и немаат влијание.
За мисијата во донбас ќе видиме, уште е долга нива за орање и не знаеме дали ќе имаат или нема да имаат влијание, можда ова успорување е под директно влијание на тие загуби, не знам какво влијание ти имаш на ум конкретно во дискусијава. Не знаеме ни дали е борбава за донбас или за други цели, ако планираат да продолжат после донбас ова сето итоа како има влијание и капацитетот им е намален.
Крајно муабетот беше дали загубите соодветствуваат со напредокот кој се постигнува, да речеме ако за едно село да го земеш губиш 50 тенка и така константно се поставува прашањето колку твојот напредок е ефективен и исплатлив на крајот на денот, или е пирова победа во прашање.
Менетхил и Бил Клинтон поставија легитимни прашања во овој поглед ама им се нафрлија 30 души одма :)
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.033
Поени од реакции
83.466
Менетхил и Бил Клинтон поставија легитимни прашања во овој поглед ама им се нафрлија 30 души одма :)
Мене не ме интересира дали со овие загуби во опрема и луѓе, им се исплати на Русите, со вакво темпо да освојуваат.
Ја не мислам дека темпото е споро.

Какви и да се загубите на Русите, ние секојдневно гледаме напредок на мапа, во Донбас. Тоа е факт.

Бил Клинтон се бунеше за спориот напредок. Може да се види и да пресмета, колку е спор тој напредок. Откога ги освоија Изјум и Попасна, до сега, колку у просек напредуваат Русите и според тоа колку време ќе им треба да се спојат. Тоа ни од далеку не гарантира точна проценка, затоа што ако колата почне да се тркала низбрдо, брзината друга ќе биде. Но, сепак, може да се види, отприлика, ако продолжат со ова темпо, кога ќе ги опколат.

Исто, он од книга соопшти како се прави офанзива и тоа е ок, но, не приемтил никаква разлика од прва до втора фаза. Не приметил разлика во употребата на артилерија, природата и карактеристиките на линиите на снабдување и др.
Све тоа на купче го ставил. А има има разлика од прва до втора фаза.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom