Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Иначе додека збориме, после соопштувањето за останувањето на Мбапе почнаа да излегуваат информации дека првите луѓе што ќе летнат од клубот се Покетино и Леонардо.
И фино лепо малиот ги зема Карло, Пеп и Фергусон у пакет.
 
Со игрите на Родриго, не верувам дека има потреба од крило, но и да има мислам дека Гнабри сака надвор од Баерн и е добар пријател со Алаба, плус и на лево може да игра. Замена за Бензема е must и најпогоден ми се гледа Дарвин Нуњез, средина Чуамени и десен бек Риис Џејмс од Челзи, лево го враќаме Регилон од позајмица
 
Само Влаховиќ, за инат на скиреа :pos:
 
Мислам сега да запне Реал за Тучаменди или како и да му се изговара тоа презимето и Нуњез од Бенфика и би имале каков таков добар трансфер период. Рудигер, Тучаменди и Нуњез, башка шо не очекувам да дадиме ненормална пара за Тучаменди и Нуњез.
 
Џони ти ли си?
 
Не, не, тука се виновни Арапите, па и Леонардо до некаде (кој со толку пари доста лошо работи).

И фудбалот оди во правец каде ќе има ѕвезди околу кои се ќе се врти, но ова е премногу. Иако имавме нешто слично, посуптилно изведено со Меси во Барса.
Не успеав да побарам потврда за ваквото инфо освен ова што видов од овој Никола Шира(Скира) кој патем не е новинар, а гледам упорно се става тука како извор на информации.

Не би ме чудело да има побарано Мбапе да биде консултиран за проектот, но не верувам дека се до толку отидени да му дадат такви права тој да одлучува кој ке биде тренер.

Руни нешто вакво направи 2011-та, кога виде дека клубот почна да донесува играчи како Обертан, Бебе и остала боранија. Како играч кој е прва виолина на клубот, мене ова не ми е невообичаено. Ако ти давам 2 години од својата играчка кариера, а на друга страна е Реал, би сакал да ги имам најдобрите шанси за да освојам ЛШ, а сходно на тоа и Златна Топка.
Да, не е невидено во фудбалот играч да бара гаранции дека клубот ќе му оствари одредени очекувања пред да одлучи да остане или потпише нов договор.

Ама Меси кога тоа го правеше веќе апла самиот беше буквално господ во Барселона, со неколку титули во ЛШ, освоени златни топки и златни копачки итн..

Руни од друга страна, мислам дека само бараше подобри засилувања, а не конкретно тој да бира што и како. Ама и тој веќе го имаше заслужено тоа право, со освоена ЛШ, три пати по ред ПЛ и буквално играње на било која позиција на теренот за да помогне на тимот да ги оствари своите цели. И он и Меси веќе беа на врвот на кариерата, во најдобрите фудбалски години, што би се рекло народски.

Дечково е 23 години, не ги исполнил главните цели откако е дојден тука и му даваат да води некои проекти и бог знае колку пари за нов договор. Нејќам да помислам што ќе бара ако земат ЛШ во следните 3 години.
 
Џабе вергламе сите тука и изиграваме моралисти, секој од нас да беше на местото на Мбапе ќе прифатеше ваква понуда. Можда е сеуште зелено наивно дете, али фамилијата и тимот околу него не се. Некој да ти даде стотици милиони евра само за да ставиш потпис на лист хартија, никој не е имун на тоа. Плус секоја година невидена плата. Еве замислете дека сте Мбапе на пар секунди, и видете шо ќе правите.

Дали ќе освои ЛШ или не мање битно, дечкото стана светски шампион на 18 годишна возраст. ЛШ е непредвидливо натпреварување, малце фали да се мрднат коцките и да испаднеш од Бенфика тип на тим. Во септември Реал не беше ни во топ 5 фаворити за освојување па еве го сега ќе игра финале во сабота.

Камавинга не размислува како тебе.
И јас.

respectfully :D
 
Кој тренер ќе се нафати играч да биде над него
Во ПСЖ како и да е Мбапе, Нејмар и Меси беа над тренерот. Без разлика што е во договорот.
Затоа и не можат класа тренер да привлечат.
 
Оној Леонардо се пењавеше кога ќе се спомнеше Мбапе и беше у стање да се разнесе у сред Мадрид, така длабоко навреден од оние 200 милиони понудени од Реал лани во трансфер периодот.
Ако го избркал малиов, само за тоа секоја му чест.

И ајде ја да сум прв на негова страна, копиљ е 22 години, почнува да го сфаќа животот поразлично/ позрело од претходно. Ваљда ја сфатил и онаа, парите се денес сè. Колку и да негираме, така е.

Лани во едно интервју, тоа некако ми е врежано и ете не сум го заборавил е, цитирам: Кога некој (Келаифи) ќе ти се закани дека и за безпари нема да можеш да си заминеш, ти доаѓа чудно и ќе се исплашиш.
Брат му игра за ПСЖ, Мајка му, Татко му се од Париз, живеат во Париз. Почна и политика да се меша одозгора на тога, мачото Макон...

Незнам, ама јас сум на негова страна овој пат. За жал тоа е тоа.
Огромен притисок, пари, и којзнае што ти не друго позади сцената.
Нека си тера малиот, може некат ќе му се исполни сонот да заигра за Реал.
 
Најдобро од се е што Реал го губи приматот да си купува екипи и успех кога ќе му текне.

Нека не те лаже никој дека на рандом црнец од Франција или Бразил му било сон да игра во реал, кога истиот реал кршеше секоја година рекорди со трансфери и плати.

ПСЖ се само однесува како Реал Мадрид, тоа не треба да те возмнемирува многу.
 
Спомна некој друг 300 милиони освен тие од Мадрид кои инстантно ги дознаа сите детали од Париз?

Него...

Лигата плаче поради тоа што Реал не успеале да го земат Мбапе :pos:
Бреј :sramezliv:
 
Најдобро од се е што Реал го губи приматот да си купува екипи и успех кога ќе му текне.

Нека не те лаже никој дека на рандом црнец од Франција или Бразил му било сон да игра во реал, кога истиот реал кршеше секоја година рекорди со трансфери и плати.

ПСЖ се само однесува како Реал Мадрид, тоа не треба да те возмнемирува многу.

Тоа Реал никогаш не го правел со туѓи пари. Челзи на пример го правел, Арапите апла го прават и ги прекршуваат сите правила и пак никој не ги пипка. ПСЖ прикажува загуби од 700 милиони евра и дели плати од 600 милиони евра и пак може да руши рекорди кога потпишува играчи. Тоа што го прави ПСЖ е криминал. Ме интересира, ако не УЕФА, некој во таа ЕУ да зуцне за корупциските скандали кои им се дешеваат со арапот, место да организираат лов на вештерки (Руси).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom